Не сум користел OS X за да коментирам за него. Цел живот сум бил на Виндоус. И сум имал и проблем разноразни, и со седмицата и со други, и BSOD и сешто. Сега сум на убунту више... можда 2-3 недели, нема проблеми, не е толку исполиран како што е 7 ама не е ни лош.
Види, важен аспект што го занемарувате: eдно е перформанси и сл.... ама линуксот е бадијала. Виндоусот е 200+ долари. Да користиш OS X треба да го купиш на епл хардвер, не верувам дека го продаваат башка.
Се на се, виндоус е подобар за повеќето од нас. Зошто? Лесно е да се најде пиратска верзија, лесно е да се најде пиратска верзија за кој сакаш софтвер за виндоус, има повеќе бесплатни програми за виндоус....
Полесно е да се добие нешто за ништо со виндоус (ако не ти е проблем да го прекршиш законот).
Предлагам модераторите да ја тргнат анкетата или да ја отворат пак.