Забранетото овошје

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сите ја знаеме библиската приказна за Аам и Ева и забранетото овошје. Човек дури и да не верува во библијата таа приказна има длабока морална поука. Инаку темава ми е инспирација од штетноста на цртаните, каде што прочитав дека извесен родител по страна на авторитет му забранува на своето дете да го го гледа Cartoon Network поради насилството во цртаните. Јас немам деца и не сум родител и затоа не се правам дека сум сезнајко на оваа тема, но знам нешто за човековото однесување.
Забранетото овошје секогаш најслатко е, затоа што ние луѓето сме авантуристи по природа, и чим видиме нешто што не ни е познато плус забрането мора да го пробаме тоа. Лошо е кога човек настапува од старна на авторитет па да труби на секое без да ги објасни последиците немој да се дрогираш, немој да си промискуитетна. Човек како магнет ќе го привлечат тие работи затоа што се непознати и мистериозни за него, и не ги знае последиците од нив.
 
Апсолутно си во право. Наместо тоа, треба од некој 5 години д ги праќаме децата на карате и кик бокс, па така нема да им биде интерсно насилството. Добра идеја, стварно:tapp:
 
Не си во право. Тоа дека ако нешто е забрането тогаш е најслатко нема никаква основа. Дали детето ќе ги прифати советите и забраните на родителот пред се зависи од однесувањето на родителот спрема детето, односно во зависност од родителот и карактерот на детето може да се реши да се почитува советот или одлуката на родителот или пак да се игнорира што е прашање на авторитет и родителски вештини.
 
Тоа беше само пример. Сосема се согласувам со bucio, најголемата грешка што ја прават родителите е што се поставуваат како авторитет for the sake of авторитет, во стил „Јас сум ти татко, јас ќе ти кажам што смееш, а што не смееш да правиш“. Зошто? „Зашто јас така кажувам“. И нормално, кај детето автоматски се јавува одбивност кон тој авторитет и љубопитност кон забранетото овошје. А ако родителот излезе од таа авторитарна школка и убаво му објасни на детето зошто е лошо за него да го „јаде овошјето“ и кои се последиците од тоа, дури и на мала возраст (секако, ако убаво се склопи објаснувањето за таа возраст) детето ќе сфати дека тоа е лошо за него и ќе го избегнува. Впрочем, од таквите „јас сум авторитет“ родители излегуваат емовци и други чуда во пубертет само зашто од многу бесмислени и необјаснети забрани во детството во пубертетот се јавува желба за исто толку бесмислена бунтовност.
 
Ќе морам да се сложам со Игор по ова прашање(зборам како родител)..многу е важем пристапот на родителите...како се поставиле кон детето..ограничувањата и строгите методи не се најпаметен пристап но сепак делуваат и зависат од тоа дали се работи за одлуки кои ќе го поттикнат детето и ќе му влеат храброст ,за одредени одлуки и одговорност..норамално како спротивност од понижувањето кое го чувствува детето..ако погрешите во пристапот..
и на крајот не можете од детето да очекувате да ги почитува ваши стандарди(ограничувања) ако тие се косат со вашиот начин на однесување...децата во почетокот имитираат но потоа тоа преоѓа во однесување..значи најчесто ги копираат родителите..така да...какви родители такво дете..
 
Тоа беше само пример. Сосема се согласувам со bucio, најголемата грешка што ја прават родителите е што се поставуваат како авторитет for the sake of авторитет, во стил „Јас сум ти татко, јас ќе ти кажам што смееш, а што не смееш да правиш“. Зошто? „Зашто јас така кажувам“. И нормално, кај детето автоматски се јавува одбивност кон тој авторитет и љубопитност кон забранетото овошје. А ако родителот излезе од таа авторитарна школка и убаво му објасни на детето зошто е лошо за него да го „јаде овошјето“ и кои се последиците од тоа, дури и на мала возраст (секако, ако убаво се склопи објаснувањето за таа возраст) детето ќе сфати дека тоа е лошо за него и ќе го избегнува. Впрочем, од таквите „јас сум авторитет“ родители излегуваат емовци и други чуда во пубертет само зашто од многу бесмислени и необјаснети забрани во детството во пубертетот се јавува желба за исто толку бесмислена бунтовност.
И јас би се сложил со тебе.... најбитен со децата е пристапот, на интересен и забавен начин да им објасниш што треба а што не треба да прават, па понатаму е лесно. Ако се оди со сила, се доаѓа до ситуацијата “е за инает ке го прам то“ и ништо од целиот труд.
 
Тоа беше само пример. Сосема се согласувам со bucio, најголемата грешка што ја прават родителите е што се поставуваат како авторитет for the sake of авторитет, во стил „Јас сум ти татко, јас ќе ти кажам што смееш, а што не смееш да правиш“. Зошто? „Зашто јас така кажувам“. И нормално, кај детето автоматски се јавува одбивност кон тој авторитет и љубопитност кон забранетото овошје. А ако родителот излезе од таа авторитарна школка и убаво му објасни на детето зошто е лошо за него да го „јаде овошјето“ и кои се последиците од тоа, дури и на мала возраст (секако, ако убаво се склопи објаснувањето за таа возраст) детето ќе сфати дека тоа е лошо за него и ќе го избегнува. Впрочем, од таквите „јас сум авторитет“ родители излегуваат емовци и други чуда во пубертет само зашто од многу бесмислени и необјаснети забрани во детството во пубертетот се јавува желба за исто толку бесмислена бунтовност.

Е ова е веќе нешто. Жив пример сум ти ја. Ја едноставно не можем да поднесам наредби од моите. А татко ми па, баш таков ми се погодил најмногу мрзи кога ќе го прашав зашто/зашто не. Затоа и сме толку блиски со татко ми, колку што сме, чисто формално комуницираме.
А мене па не ми ни требало некој да ми поставува некои цврсти ограничувања. Сам сум знаел за повеќето работи. Што ако не ми кажеа да не се дрогирам, да не пушам, да не се пијанам, ја ќе одев све ова ќе го праев, а?
Децава денешни се попаметни одошто мисли човек. Во секој случај подобар пристап е да му објасниш на детето зашто нешто е лошо одколку само да даваш наредби.
 
Според мене важна улога има и како детето ги сфаќа работите, на пример мене ми го имаат трубено ко мал и до ден денес да не ни помислам да почнам да пушам цигари камо ли да пробам дрога, а пак јас си формирам една лоша слика кон тие ствари(нема да навлегувам во детали) и во целост ги негирам тие пороци.

едно ке кажам дека човековото око никогаш не било задоволно,а нема ни да биде... едноставно такви сме
 
Tocno e deka zabranetoto e najslatko pa zatoa e biten pristapot kon decata. AKo im recis toa, toa i toa ne smees da pravis tie bas toa ke go napravat. No ako im recis slusaj ti mozis i smeis se da napravis megjutoa ova i ova e loso i ima vakvi i vakvi posledici, toa ke ti go unisto zivotot, ke te napravi takov i takov. Moite roditeli iskreno nikogas ne mi zabranile nisto. Sekogas sum mozela da pravam sto sakam ali sum gi znaela posledicite od se, i od toa moe znaenje zaviselo dali jas ke napravam nesto ili ne. Koa mi kazuvaa za droga ne mi rekoa ni sluajno da ne si se osmelila da probas tuku mi rekoa: komsijata nad nas zemase droga, pocna da kradi zavrsi vo zatvor, koa izleze od tamu si prodolzi so istoto i kade e sea? pod zemja. Ako sakas da bidis kako nego probaj ne e problem. AKo mu objasnis dobro na deteto i so primeri od sekojdnevniot zivot ke te svati.
 
Не си во право. Тоа дека ако нешто е забрането тогаш е најслатко нема никаква основа. Дали детето ќе ги прифати советите и забраните на родителот пред се зависи од однесувањето на родителот спрема детето.
Види вака сега зборувам за тешки авторитетни наредби по никоја цена не смееш тоа, без соодветно да се објасни зошто е тоа така. За такво однесување станува збор.

и на крајот не можете од детето да очекувате да ги почитува ваши стандарди(ограничувања) ако тие се косат со вашиот начин на однесување...децата во почетокот имитираат но потоа тоа преоѓа во однесување..значи најчесто ги копираат родителите..така да...какви родители такво дете..
Па не би рекол дека е имитирање, повеќе е учење како треба да се однесуваат. Прво гледа сите зборуваат и испуштаат некои непознати звуци за него, потоа вежба гуга за да прозбори, па внимателно слуша кои предмети и нешта со кои зборови се нарекуваат па потоа гради карактер и став. Друго гледа сите одат (добро не сите, ама во повеќето случаи луѓето зборуваат и одат), па вежба патка пред да прооди.
Се е учење и вежба нема никаква имитација.
 
Не си во право. Тоа дека ако нешто е забрането тогаш е најслатко нема никаква основа. Дали детето ќе ги прифати советите и забраните на родителот пред се зависи од однесувањето на родителот спрема детето, односно во зависност од родителот и карактерот на детето може да се реши да се почитува советот или одлуката на родителот или пак да се игнорира што е прашање на авторитет и родителски вештини.
Нема што повеќе да се додаде, ова е тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom