Преводи за филмови: направи сам (туторијал)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Земи рачно подели го..ама има многу работа...

1. Најди го соодветниот превод
2. Отвори го со Notepad
3. Види кога ти завршува првото цеде (времето)
4. Скрати го до таму.
5. Е сега е маката, другиов дел треба да го мењаш времето рачно за кога да се појави тескстот...
6. Исто и за третиот, и за четвртиот...

Незнам друг начин..Мислам дека не постои друг начин...
Некој друг??

O.O.O

Зар никогаш не сте слушнале за Subtitle Workshop

Крал, цар и бог :pos: коага станува збор за преводи
 
Да, еве ја темата погоре: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=39883

Е сега мене ме буни: какви се овие Хај Дефинишн преводи? Дали има разлика со преводите кои се работат со Subtitle Workshop? (srt, sub...). Ако е едно те исто кажете за да ги спојам темите.
 
зашо да ги гледаш на двд ?
гледај си ги на компјутер, не мора да се замараш со делење преводи на цедеа и сл
или ги гледаш на блуреј плеер и хд телевизор ?:vozbud:
 
Да, еве ја темата погоре: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=39883

Е сега мене ме буни: какви се овие Хај Дефинишн преводи? Дали има разлика со преводите кои се работат со Subtitle Workshop? (srt, sub...). Ако е едно те исто кажете за да ги спојам темите.

Филмот е во различен фрејмрејт - па "обичните" преводи често се пребрзи за овие филмови.

Сепак, и овие се обичен .srt фајл, така да не знам дали да ги споиш, ист вид, ама различно пакување е.

Јас би препорачал да гледате да симнувате вакви филмови со вграден превод, да не се мачите.
Има на замунда :)
 
Па ако се *.srt ондак одат таму, пошто програмата има опција да се подеси брзината на фрејмовите... не гледам разлика...
 
Мој превид, не сум ја користел таа програма.

Набаци ги таму : )
 
Сторено.

Хај дефинишн, Лоу дефинишн... овде.
 
Да, еве ја темата погоре: http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=39883

Е сега мене ме буни: какви се овие Хај Дефинишн преводи? Дали има разлика со преводите кои се работат со Subtitle Workshop? (srt, sub...). Ако е едно те исто кажете за да ги спојам темите.

Филмот е во различен фрејмрејт - па "обичните" преводи често се пребрзи за овие филмови.

Сепак, и овие се обичен .srt фајл, така да не знам дали да ги споиш, ист вид, ама различно пакување е.

Јас би препорачал да гледате да симнувате вакви филмови со вграден превод, да не се мачите.
Има на замунда :)

Нема никаква разлика. Тој што ја направил темата не знаел. Филмот во вискоа реолуција, па и преводиви си ги нарекол така.
И ХД видеото е со 25 FPS.
Тоа конфликтите со брзината можат да настанат и кај low i high def. кога ќе симниш .sub превод, каде наместо во време, се запишува во број на сликата (фрејмот), па тој одговара само на одредеа брзина. За истиот филм со друга брзина на сликите, треба да се подеси.
И најдобро, после да се сними како srt.

Да кажам сега за разделување накратко. Го отвараш преводот и првото цд/двд од филмот. Одиш во Split Subtitles, бираш подели според вклучениот филм, штиклираш Recalculate Times. И ок. Добиваш два преводи, еден за првиот, и друг за останатите три. Го вчитуваш преводот за останатите три дела и вториот дел од филмот, и ја повторуваш постапката. И уште еднаш така.
 
Јас пробав да средам еден превод преку програмата, ама не можам да му го ''најдам крајот'' со тоа што преводот е ок се до средината на филмот, каде што потоа почнува пак порано да го пушта преводот па се до крајот!!! ако има некој поискусен што се разбира нека пише ако не здравје!!!! ке си го глеам до пола со превод, а од пола на англиски!!!! :)))))))):toe::pos2:
 
Најверојатно ти е споен од два преводи, со тоа што тој вториот бил неадекватен. По ист принцип како што го правиш комплетниот превод: ако е забегувањето константно (на пример преводот оди цело време 10 секунди по гласот), ќе го селектираш целиот тој втор дел од кај што почнува да забегува па до крајот, и на CTRL+D ќе го поправиш за 10 секунди.

Ако не е константно, односно се јавува се поголема и поголема разлика, тогаш пак ќе го селектираш целиот тој втор дел, и на CTRL+B ќе му кажеш каде да почне, и каде да заврши.

Ако не ти е јасно што зборувам прочитај го првиот пост на темава.
 
Нема никаква разлика. Тој што ја направил темата не знаел. Филмот во вискоа реолуција, па и преводиви си ги нарекол така.
И ХД видеото е со 25 FPS.
Тоа конфликтите со брзината можат да настанат и кај low i high def. кога ќе симниш .sub превод, каде наместо во време, се запишува во број на сликата (фрејмот), па тој одговара само на одредеа брзина. За истиот филм со друга брзина на сликите, треба да се подеси.
И најдобро, после да се сними како srt.

Да кажам сега за разделување накратко. Го отвараш преводот и првото цд/двд од филмот. Одиш во Split Subtitles, бираш подели според вклучениот филм, штиклираш Recalculate Times. И ок. Добиваш два преводи, еден за првиот, и друг за останатите три. Го вчитуваш преводот за останатите три дела и вториот дел од филмот, и ја повторуваш постапката. И уште еднаш така.
Сега ме збуни и мене, нема врска каков е преводот туку ти кога го снимаш може да го снимиш како време или како фрејмови, со самата програма тоа се подесува?
Какви тиа хај дефинишн преводи, демек со златни букви или што?
Квалитет на преводот не е исто што и квалитетот на сликата, тоа се 2 сосема раалични работи.

Сторено.

Хај дефинишн, Лоу дефинишн... овде.
Хај и Лоу, какви се сега овие глупости?
Преводот е превод, за секоја верзија на филмот има превод за различни фрејмови кои се менуваат многу лесно со самата програма, бираш старт и крај на преводот и се подесува за новата верзија на филмот, тебе барем ти е јасно како се прави тоа?
 
Сега ме збуни и мене, нема врска каков е преводот туку ти кога го снимаш може да го снимиш како време или како фрејмови, со самата програма тоа се подесува?
Какви тиа хај дефинишн преводи, демек со златни букви или што?
Квалитет на преводот не е исто што и квалитетот на сликата, тоа се 2 сосема раалични работи.
ХД превод ти е превод исецкан за ХД филм...Преводот се вклучува во времето зададено во неа..Ако земеш обичен превод и го исецкаш, нема да фати бидејки:

пр. имаш филм 2 х 30 минути, а имаш превод за класичен 60минутен филм.

кога ке го исечеш на пола, првата половина ке пасува со 1 х 30 делот, ама вторава, ке биде програмирана да почнува на 31ва минута, а филмот почнува од прва (бидејки на делови) и нема да работи...
 
Па тоа ти е исто и кај DiVX форматот кога филмот е поделен на 2 дела,ако пробаш тој превод да го користиш на друга верзија или двата превода да ги споиш во еден тогаш мораш комплетно времето да го наштимаш а за тоа погоре пишуваше IOsonoINTERISTA.
Правењето превод е лесна работа, само треба добра време и познавање на некој странски јазик а најчесто на Англискиот, тоа со Хај и Даун преводи нема врска.
Не можам да каќам како тоа оди кај ХД фимовите ама сигурно има посебна програма за изработување преводи?
 
Ме интересира, дали со програмов може да се отстрани веќе додаден превод? Го симнав Кодот на Да Винчи и му додадов мак превод со еден програм VobSub мислам дека се викаше, али ми испаднаа хиероглифи. Пробав да додадам друг превод врз овој али не можеше. Ај плс одговорете да не го симнувам за џабе програмов, којзнае колку програми симнав со ниеден не ми успеа...
 
Не можеш да залепиш (да вградиш) превод на DivX филм, барем колку што знам. Значи филмот и преводот ти се два различни фајлови, треба само да го избришеш предходниот превод што си го ставила и нема да се покаже.

За да не ти излегуваат хиероглифи, треба да го наместиш енкодингот (пишувавме за тоа во темава разгледај). Веројатно и преводот што си го ставила е во ред, само треба во плеерот да најдеш subtitle, и во опциите да подесиш на Cyrilic.

Ако филмот е ДВД тогаш е сосема друга работа, темава не е за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom