igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Најпрвен една интересна статистика. Во САД годишно злоупотребата (сексуална или физича) на деца изнесува 960 000 (10% од тие се сексуални), а се претпоставува дека е три пати поголема. Шансите за злоупотреба се околу 12.3 на 1000 деца, но само на регистрираните. Јасен е фактот дека злоупотрбата на деца е големо, а дека се јавува и кај зборат десетиците примери кои се појавија само во последниве две години. Сепак Македонија практично и да не прави ништо за да се бори со оваа појава.
Најголем дел од злостосавените деца се злоставувани од фамилијата, роднини, пријатели или чувари (луѓе кои ги знаат и се грижат за нив).
Проблемите кои може да настанат поради злоупотрба на едно дете се големи. Пред тоа ќе се обидам да расветлам една заблуда.
Голем број од одговорните луѓе, родители а некогаш и доктори сметаат дека дете злоставувано на возраст од 2-3 па и 4 години не ги сноси последиците од тој настан затоа што не е свесно и не може да го разбере, но истражувањата покажуваат дека и покрај тоа што не го разбира сепак не е подготвен да се справи со преоптоварената стимулација.
Децата над 5 години веќе најчесто се свесни за тоа што им се случува. Треба да се знае дека оние 10тина посто на злоупотреба на деца надвор од фамилијата и одговорните за нив најчесто се случува кај деца постари од 12 години. Деца на возраст од 5 години речиси сигурно се злоупотрбувани од оние кои се одговорни или во нивна редовна близина. Поради тоа и настанува главниот проблем. Тие се растргната помеѓу лојалноста кон таа личност и кон грешноста на актот кој им се случува.
Симптоми на злоупотреба на деца:
-невообичаени сексуални интереси или пак целосно одбегнување на се што е сексуално.
-проблеми со спиење или кошмари
-депресија и повлеченост
-лесно се заведуваат (не се мисли сексуално туку општо)
-изјави дека нешто не е ред со нивното тело или пак тврдења дека имаат проблеми со интимните делови на телото
-одбивање да се оди на школо
-деликвентност
-тајливост
-најчесто преку уметничко изразување(сликање) или игри се појавуваат елементи на злоупотреба
-склони кон самоубиство
-невообичаена агресивност
(речиси сите симптоми важат и за физичка злоупотреба на детето).
Најголем проблем со злоупотребата на деца е тајновитоста како и чуството на срам. Исто и фамилијарното прикривање е честа појава особено кај девојчињата.
Една од најбитните постапки која треба да ја знае родителот е дека ако се открие дека детето е жртва на таков напад не смее да паничи и мора смирено да му објасни дека тоа не е негова вина. Елементот на шок на родителот може многу негативно да се одрази во закрепнувањето на детето.
Исто така препорачана е психијатриска помош не само за децата туку и за родителите како и фамилијарни консултации.
Превентивни чекори:
- Пред се превентивно е зборување со детето за области од сексуална природа. Но и во овој дел треба да се оди со претпазливост. Најважно е да се создаде отворен дијалог со кој би можело да се разговара со детето но претерувањето на таа тема или пак разговарањето за детето од аспект на сексуална злоупотреба може да предизвика поврзување на сексот како акт со негативна појава и страв.
- почит кон телото на детето во смисла детето не смее да се удира, тегне влече. Сите овие фактори придонесуваат детето да изгуби доверба во сопственоста на своето тело.
- почит кон независноста на детето пред се да му се дозволува да бира своја облека, да се мие самото и на начин на кое оно смета и слично.
- Да не се претерува со казнувањето особено во областа на лажење каде детето би мжело да почуствува страв да ја каже вистината поради казна.
-Воведување на настава во основното и средно образование каде педагози и психолози би ги запознале децата со поимот злоупотреба.
- Сексуалното образование како фактор е доста важно особено за идентификување на сторителите но најчесто по завршувањето на злоупотрбата.
- образување на населението и стимулирање да ги кажуваат своите загрижености особено за девојчињата.(Девојчињата многу полесно и почесто ги признаваат настаните на злоупотреба но тоа е најчесто по нивното созревање. Со момчињата е сосема обратно по созревањето најчесто ги кријат тие настани)
- Ако детето има активно учество во школо или црковен објект со целодневен престој потребна е посебна претпазливост бидејки таму се случуваат најголемиот број на анпади надвор од домот.
Последици од злоупотреба:
- 25% поголеми шанси за бременост како тинејџери
- 80% јавуваат некој посериозен проблем психолошки до пред нивната 21 година (депресија, пост-трауматски стрес, анарексија, проблеми со исхрана и сл)
- зголемени се шансите за злоупотреба на алкохол, дрога како и за криминални дејствија.
важно: Голема заблуда е дека злоупотребата доаѓа само од машки личности. Напротив и жените често злоупотребуваат деца. Над 60% од сексуалната злоупотреба на момчиња од жени.
Исто така постои можност и до фамилијарно сексуално злоупотребување на дете каде за откривање секогаш ќе зависи пред се од роднини, соседи или образовниот систем.
Голема е заблудата дека овие настани не се случуваат кај нас и дека тоа се европски појави или пак дека тоа не може да се случи на твое дете затоа е потрена поголема претпазливост.
Слободно дополнете го текстов со информации кои сметате дека се важни.
Текстот преставува збир од голем број на истражувања, трудови и статии.