Можда нема да сторат некому лично ништо, но секако прават злодела од секаков тип, па и ваков
Неонацисти прекинаа промоција на грчко-македонскиот речник во Атина
Неонацисти прекинаа промоција на грчко-македонскиот речник во Атина
Дваесетина активисти на грчката фашистичка организација „Хриси авги“ (Златна зора) синоќа насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“.
Половина час по почетокот на промоцијата, групата маскирани лица влегле во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден.
Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Виктор Фридман кој беше гостин на промоцијата. На снимките на телевизијата „Сонце“ што ги објави ТВ „Канал 5“ се гледа како еден од членовите на групата насилници и се заканува на професорка од Универзитетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници...