Го читав подфорумот љубов и секс, и ме натера да ја отворам темава...
Видов дека доста типуваат на тоа дека љубовта и страста не се баш исти, т.е. дека не секогаш одат во пакет.. Верувам дека многу од вас.. ги имаат посебно искусено овие три работи.. страст, љубов и обврска.. веројатно и секој у глава си има добра слика за секој одделно.. Дали некогаш сте биле, и ако не сте биле, кога би биле во ситуација да изберете една помеѓу овие три работи, која би била таа, и зошто?
Аааа .... трите главни архетипа на една интимна врска. Врска од страст, од обврска или љубов.
Би ставил и сожалување, зошто гледам денес доста често и тоа е причина за формирање и одржување на една врска. Но овие три мислам дека ја содржат главната класификација.
Па да видиме, овие три работи се застапени во скоро сите теми, што е навистина интересно, а и лесно се забележува. Кога се работи за вакви ситуации, ги имало многу а најверојатно и ќе ги има понатаму. Се случувало да се најдете во две од овие ако не и сите три горенаведени ситуации. И иако се спомнати погоре исклучиво од општ аспект, јас ќе говорам за ваквите поими сретнати во секојдневните интимни врски.
Страста знае често да премине во љубов и обратно, а љубовта исто така знае доста често да премине и во обврска. Сега важно е да се спомнат причините кои доведуваат до вакви последици. Што се причините? Хемијата ја нема веќе? Чувствата се сменети/исчезнати? Партнерот се променил/отворил целосно и ја покажал својата темна страна за која не сте знаеле дека постои?
Важно е да увидите дали навистина нешто не е во ред, или
само ве јаде некаков сомнеж, кој најчесто е
неоснован. Познавам доста луѓе (а и од лично искуство), каде партнерот од пусто сомневање прекинува совршена љубовна врска. Ако не е прекината, врската преминува во обврска, со цел да се дознае со кого партнерот врши прељуба, кога и каде, и разно разни други детали, кои ја продолжуваат врската и понатаму, но само со цел да се дознаат работи, а љубовта станува материјал за глума.
Мислам дека најлошото нешто е врска од обврска. Прилично сум ок за страст, а секако да не се лажеме, сите сакаат врска од љубов.
Најважното нешто за одржување на една врска се 3 работи:
1) Доверба
2) Искреност
3) Верност и Посветеност
Ова се три столба кои мора по секоја цена да ги одржувате, зошто тие ви ја одржуваат вашата веќе изградена врска. Гледајте го ова како пирамида, ако еден столб се наруши/сруши целата врска се распаѓа, бидејќи еден од темелите го нема. Иако ги поставив елементите под 1, 2 и 3, подеднакво се важни во секој поглед.
Тие сомнежи кои ги спомнав симболизираат рушење на столбот на Доверба. Ако се преправате дека сте вљубени и во врска колку да откриете дали партнерот нешто мати, тука веќе паѓа и столбот на Искреност, бидејќи истата веќе ја нема. Ја одржувате врската со скриени намери. Верност и Посветеност не можат да постојат ако Довербата и Искреноста ги нема. Врската е осудена на пропаст.
И да, гледам погоре беше прашано дали љубовта и страста можат да идат во ист пакет - Секако, имаме и
страстна љубов, нели? :smir: