Страст, љубов или обврска?

  • Креатор на темата Креатор на темата Gebieterin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 август 2008
Мислења
48
Поени од реакции
0
Го читав подфорумот љубов и секс, и ме натера да ја отворам темава...
Видов дека доста типуваат на тоа дека љубовта и страста не се баш исти, т.е. дека не секогаш одат во пакет.. Верувам дека многу од вас.. ги имаат посебно искусено овие три работи.. страст, љубов и обврска.. веројатно и секој у глава си има добра слика за секој одделно.. Дали некогаш сте биле, и ако не сте биле, кога би биле во ситуација да изберете една помеѓу овие три работи, која би била таа, и зошто?
 
Ако сакаш некого, ќе го сакаш сосе сите негативности и позитивности, возбудата и страста ќе ти доаѓаат самите по себе. Љубовта е предуслов за страст, но не и обратно. Лошо е кога една врска во нејзиниот тек, етапно ќе се раздели од љубов во страст па во обврска... Тогаш си многу збунет и не знаеш што сакаш, глупо ти е, заробен си, бараш начини да излезеш во нешто кое ти е станато навика. Толку болна навика што ја споредуваш со дишењето, а сакаш да си всушност мртов. Сексот е поврзан со страста во голема мера, а кај долгите врски е важен елемент. За жал многу ми е тенка границата (на почеток на познанство) меѓу страста и љубовта. Всушност, ние жените е речиси невозможно да имаме факбади и да остане само на тоа, бидејќи се приврзуваме многу лесно и после си ебиме матер во двоумења. Јас би ја избрала ситуацијата која би ме правела среќна во моментот. Вистина е дека гравот е подобар од шарската плескавица со поминат рок, но досаден е...
 
Го читав подфорумот љубов и секс, и ме натера да ја отворам темава...
Видов дека доста типуваат на тоа дека љубовта и страста не се баш исти, т.е. дека не секогаш одат во пакет.. Верувам дека многу од вас.. ги имаат посебно искусено овие три работи.. страст, љубов и обврска.. веројатно и секој у глава си има добра слика за секој одделно.. Дали некогаш сте биле, и ако не сте биле, кога би биле во ситуација да изберете една помеѓу овие три работи, која би била таа, и зошто?

Секс. Ги содржи сите три во себе, супер е и корисен е.
 
не можам да изберам една од овие работи љубовта и страста за мене секогаш одат заедно најпрвин ќе се заљубам па после доаѓа и страста и на крај обврската што сум со тој човек и ако сакаш некој тогаш го сакаш со цело свое битие неможеш да одвоиш нешто можеби на момент поради некоја случка да бидеш изнервиран но со тоа неможеш да ја исфрлиш љубовта шо ја чуствуваш кон личноста што си одбрал да си заедно
 
Обврската незнам некој да ја обожава:)
Љубовта без страст е како да се зажубиш во новите штикли.
Страста без љубов е сексање кога сакаш и како сакаш,секогаш насмеан и позитивен.
Ниту едно не е комлетно,но кога би бирала се одлучувам за страста,барем насмеана ќе си легнам:kez:
 
љубов и страст идат заедно апсолутно...идат и башка али кога се заедно е најбоље...обврска ми е распар...нејќам да ја поврзам ни со страст а уште помалку со љубов...никад не сум дозволил љубовта да ја сватам како обврска дури и во најсериозната и најдолга врска
а ако треба да се бира од овие три работи една, ја би избрал љубов...лигаво малце али тоа е
 
pa obvrska da bi ja sfatila kako takva ako stvarno sum resena deka tipot e vreden za mene i vredi da se zamaram vo sprotivnosta ne;i ljubovta ja stavam pred strasta poso strasta moze da e minliva, a ako se u kombinacija i dvete togas nema poubavo od toa.
 
Го читав подфорумот љубов и секс, и ме натера да ја отворам темава...
Видов дека доста типуваат на тоа дека љубовта и страста не се баш исти, т.е. дека не секогаш одат во пакет.. Верувам дека многу од вас.. ги имаат посебно искусено овие три работи.. страст, љубов и обврска.. веројатно и секој у глава си има добра слика за секој одделно.. Дали некогаш сте биле, и ако не сте биле, кога би биле во ситуација да изберете една помеѓу овие три работи, која би била таа, и зошто?

Аааа .... трите главни архетипа на една интимна врска. Врска од страст, од обврска или љубов.

Би ставил и сожалување, зошто гледам денес доста често и тоа е причина за формирање и одржување на една врска. Но овие три мислам дека ја содржат главната класификација.

Па да видиме, овие три работи се застапени во скоро сите теми, што е навистина интересно, а и лесно се забележува. Кога се работи за вакви ситуации, ги имало многу а најверојатно и ќе ги има понатаму. Се случувало да се најдете во две од овие ако не и сите три горенаведени ситуации. И иако се спомнати погоре исклучиво од општ аспект, јас ќе говорам за ваквите поими сретнати во секојдневните интимни врски.

Страста знае често да премине во љубов и обратно, а љубовта исто така знае доста често да премине и во обврска. Сега важно е да се спомнат причините кои доведуваат до вакви последици. Што се причините? Хемијата ја нема веќе? Чувствата се сменети/исчезнати? Партнерот се променил/отворил целосно и ја покажал својата темна страна за која не сте знаеле дека постои?

Важно е да увидите дали навистина нешто не е во ред, или само ве јаде некаков сомнеж, кој најчесто е неоснован. Познавам доста луѓе (а и од лично искуство), каде партнерот од пусто сомневање прекинува совршена љубовна врска. Ако не е прекината, врската преминува во обврска, со цел да се дознае со кого партнерот врши прељуба, кога и каде, и разно разни други детали, кои ја продолжуваат врската и понатаму, но само со цел да се дознаат работи, а љубовта станува материјал за глума.

Мислам дека најлошото нешто е врска од обврска. Прилично сум ок за страст, а секако да не се лажеме, сите сакаат врска од љубов.

Најважното нешто за одржување на една врска се 3 работи:

1) Доверба

2) Искреност

3) Верност и Посветеност


Ова се три столба кои мора по секоја цена да ги одржувате, зошто тие ви ја одржуваат вашата веќе изградена врска. Гледајте го ова како пирамида, ако еден столб се наруши/сруши целата врска се распаѓа, бидејќи еден од темелите го нема. Иако ги поставив елементите под 1, 2 и 3, подеднакво се важни во секој поглед.

Тие сомнежи кои ги спомнав симболизираат рушење на столбот на Доверба. Ако се преправате дека сте вљубени и во врска колку да откриете дали партнерот нешто мати, тука веќе паѓа и столбот на Искреност, бидејќи истата веќе ја нема. Ја одржувате врската со скриени намери. Верност и Посветеност не можат да постојат ако Довербата и Искреноста ги нема. Врската е осудена на пропаст.

И да, гледам погоре беше прашано дали љубовта и страста можат да идат во ист пакет - Секако, имаме и страстна љубов, нели? :smir:
 
И да, гледам погоре беше прашано дали љубовта и страста можат да идат во ист пакет - Секако, имаме и страстна љубов, нели? :smir:

Exactly. Grrr... :wub:

А врската, обврска никако не е.
 
Обврска имам према жената а страста према швалерката.

А љубов е само финта на која ги фатиф и двете.
 
Страс кон сексот.

последното т од страст е намерно испуштено!
 
Ljubov i obvrska kon strasta...
 
Потполно се согласувам со NeptuneGate за погоре напишаниот пост.
Доколку фали барем еден од наведените 3 фактори, враската полека но сигурно се распаѓа. Шансите за нејзиното опстојување се премногу мали, колку и да биле предходно приврзани партнерите.
Ова го кажувам од лично искуство.
 
А врската, обврска никако не е.

А дали се разликуваат долгата врска и бракот?Што е бракот?Како врската не е обврска,може секој да прави што сака?Или има непишани правила кој молкум се почитуваат?
Што мислиш?:smir:
 
Штом страста опаѓа, се зачинува со свинг, љубовта се гради со свинг доколку почнува да станува како трошна градба, а обврска е да се љуби страсно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom