Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
На криминалистика семестар ако влезеш у државна квота е 100 евра, односно 200 евра по година, така?
 
дали знае некој кога се уписите за на факултетот за безбедност во идиризово за оваа година
 
Дали доколку немаш полагано некој од екстерните/интерните предмети кои се потребни за упис можеш да аплицираш за запишување на факултетот што сакаш?
 
Ми треба помош! Дали за во студентски домови треба оригинални свидетелства оти секако во факултетот остануваат оригиналните свидетелства а после факултетот се запишува дури во студентски ?
 
На криминалистика семестар ако влезеш у државна квота е 100 евра, односно 200 евра по година, така?

Колку што знам на сите државни факултети, државната квота е 200 евра (100 по семестар), 400 евра приватната (200 по семестар) :)
 
А свидетелствата треба да се заверуваат на нотар или? :)
 
До кога треба да се пријавиме електронски,можно е да не сум во можност до понеделник (12ти) да ги земам свидетелствата и дипломата ?
 
дечки кога се уписите бе :)

За уписите на УКИМ...

Пријавување на кандидатите
- прв рок - 15 и 16 август
- втор рок - 3 и 4 септември
- трет рок - 17 септември

Објавување резултати од успехот од средно образование
- прв рок - 21 август
- втор рок - 10 септември

Објавување решение за прием на кандидатите
- прв рок - 26 август
- втор рок - 12 септември

Запишување на кандидатите
- прв рок - 29 и 30 август
- втор рок - 13 и 16 септември
- трет рок - 20 септември


...За УКИМ
 
Има ли некаде конкурс за Факултетот за безбедност во Скопје ? Никаде ништо не најдов :D
 
Има ли некаде конкурс за Факултетот за безбедност во Скопје ? Никаде ништо не најдов :D

Ако мислиш на оној во Идризово, тој спаѓа под битолскиот универзитет. Провери на нивниот сајт.
Од УКИМ, на филозофски има еден смер 'безбедност, одбрана и мир' мислам се викаше.
 
На криминалистика семестар ако влезеш у државна квота е 100 евра, односно 200 евра по година, така?

Така така, на сите државни факултети е така ;)
--- надополнето: 8 август 2013 во 12:43 ---
дали знае некој кога се уписите за на факултетот за безбедност во идиризово за оваа година

Исто како на сите други државни универзитети :)
--- надополнето: 8 август 2013 во 12:45 ---
Има ли некаде конкурс за Факултетот за безбедност во Скопје ? Никаде ништо не најдов :D
Повели :)
http://www.uklo.edu.mk/files/attachments/Konkurs_za_I_ciklus_studi_20132014.pdf
 
Овие од електронската пријава се сите потребни за упис, задолжително да ги печатам?
2e5k1td.jpg
 
Овие од електронската пријава се сите потребни за упис, задолжително да ги печатам?


Уплатницата не ти треба освен да видиш како треба да ја потполниш, изјава за неподигање документи ОБАВЕЗНО (тоа ти е дека во рок од неколку месеци нема да ги бараш свидетелствата, изводот и др работи), ова припадност на малцинство мислам дека не треба, освен ако си од друга верска припадност мислам дека треба да го имаш.

Интерни и универзитетски листови мислам дека ги имаше на влезот на секој факултет, но испринтај си ги ако сакаш, нема да ти биде ништо грешка.
 
Тоа припадност на малцинство мислам дека е за тие што влегуваат во тие посебните квоти за малцинствата.

MyloXyloto Дали ги враќаат документите после извесен период? Или доколку не те примат дали ги враќаат. Или пак ако има случај да кандидатот отиде на првиот уписен рок, но подоцна не се запише од икс причини?

Инаку, тоа интерни и универзитетски листови е исто што и пријавата или тоа си е сосема друго? (пошто знам дека пријавата се купува на факултетот каде што сакаш да одиш и чини негде 150 денари мислам).

А свидетелствата треба да се заверуваат на нотар или? :)

За уписи треба оригиналите, а ако ти требаат за нешто друго, додека оригиналите ти се на факултет, подобро сега направи си фотокопија која треба да биде заверена на нотар. Т.е. напрај си фотокопија за секој случај, па дали ќе ти треба на нотар или не, отом-потом.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom