S
Sheldon Cooper
Гостин
Здраво. Темава е за новата технологија која се почесто се користи во светов и Европа. За оние што незнаат, FTTH е технологија која користи оптички кабли (влакна) кои пренесуваат и до 100 Мbps, и има за цел да ја замени старата бакарна мрежа која егзистира скоро цел век
Во Македонија веќе има почнато ваков проект за поставување оптички кабел до домаќинствата; знам дека Кејблтел има поставено оптички кабел во градовите во кои дава услуги, а Телеком планира да го снабди Скопје со оптички кабел до крајов на годината. Со оваа мрежа повеќе интернетот нема да паѓа, би имале брзина од 40 Мб и неограничен сообраќај, би можеле да приклучуваме повеќе од два рисивера на МаксТВ итн. Ме интересира дали има некој повеќе информации до каде течат работите и дали има некој што ги користи услугите на T-Home преку оптички кабел?
