Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Kurvo edna skapana... Umri be!
:unsure:
 
Каква вечер убава ... одвај чекав да те гушкам. Фала ти за се!
 
Сонценце мое, надреално прекрасна си. :)

У август ќе шетаме низ бутици заедно, ќе бараме шеширчиња и маичиња.

Абе, абе секси си. О да. :D
 
*И*...ај бе не ми се пуштај. Мука ми е да те reject-нам! :coffee:
 
бебе едно,
уште два месеци ејј..премногу е !

сакам да сум до тебе и да седиме до 5 сабајле на црвената клупа (една од многуте црвени клупи на светов)ама таа на зеленото ритче и насредина, и пак да чекаме изгрејсонце и и и , ..и ненормално да ми студи,
и да тe гушкам најсилно, и да си кажуваме колку се сакаме... и по стотти пат да ми речиш дека сакаш да ти бидам жена... :)
и сакам да те бакнувам на окце..
верувам во тебе, сакам да верувам..

тежок романтичар сум била, кој ти знаел, ете..
те сакам колку сите комарци на свето, ете толку те сакам !!

 
Едвај чекам да дојде август, да ги шетаме бутиците у градот твој, и да си купиме шеширчиња. :D

И засекогаш ќе ти бидам поддршка, сонценце. И кога ќе ти ракоплескаат у театар, и после ќе си одиме накај дома фатени раче за раче, и кога ќе имаш емотивни кризи и ќе сакаш да избегаш од светов. Секогаш, секогаш, секогаш ќе ти го држам рачето силно, силно, силно! Оти си најубавата работа која ми се случила, бебе! :) И те сакам! Бууубки! :D
 
Jamie Woon во позадина, светлина од свеќи, црвено вино и Ти.
Совршенство.
Те сакам.
 
Here we go again! :vozbud:
Колку го љубам и го мразам ова чувство на свежа фасцинација во возухот, посебно ако има брада, перверзии! :pipi:
 
mozda jednom nadjes me
tamo gde prestajem ja
gde pocinjes ti, gde stali smo mi
gde sada su drugi
ali sresces samo stranca
slucajnog prolaznika i pogled leden
iako te je taj neznanac
nekada voleo vise od sebe
Немам веќе што да ти кажам после тоа што ми го направи. тоа е тоа. збогум :(
 
Секогаш е натпревар во моќи. Оној кој ја има поголемата моќ, ги држи уздите, а другиот се покорува на избраниот пат. Не може да ја контролира бризината, насоката, а уште помалце и крајната дестинација. Секогаш може да биде исфрлен од кочијата без да му бидат слушнати причините зошто не сака да се симне тука, зошто сака да биде брзината поголема.

А самите бираме дали ке ги дадеме уздите или не. Првиот момент кога ке покажеш дека некој ти значи и дека без него не би ти било сеедно, тоа изгледа вака: еве ти, управувај, јас ке се помирам со твојот избор. А знаеш дека другиот избор некогаш и нема да ти се допаѓа и дека ке боли, ама, по ѓаволите, подобро е во кочијата, отколку пешки. Уште повеќе ако е удобна кочија, накитена со одбрани зборови.

А другиот пак, оној кој ги зел уздите, скоро невозможно е да даде дел од својата управувачка моќ. Како и секоја политичка парија кога ке добие власт и не сака ниту дел да даде од неа. Сега веќе нема убедување за собирање гласови, сега власта е тука. Затоа, нема ни потреба од покажување емоции и прашања за патот. А нема ни место.

Во кочијата се властодржачот, покорениот и огромното его на првиот. Секој следен збор од покорениот, ако не е упатен кон балонот од его, не допира до властодржачот.

И така си наебал. Си одлучил да се качиш во најудобната кочија во која веќе немаш право на глас. Уствари имаш, ама секогаш со стравот дека ако твојата идеја не одговара, леташ и од коалицијата и од кочијата.

Затоа е најдобро уште кога се качуваш во кочијата, да не покажеш ништо. Да ги затнеш сите вентили од кои можеш да покажеш љубов, да имаш дел од моќта, да кажеш дека не ти е грижа ако испаднеш од кочијата и дека твојот его балон е присутен.

Што води кон стекнувањето на уште еден балон во кочијата. Лагата.Лажеш дека не си заљубен. Лажеш дека не ти е гајле. Лажеш дека ти е сеедно за милион ситници кои те повредуваат. Ама барем имаш дел од моќта на управување.

Следствено на горенаведеното, балонот на лагата полн со лажна бесчувствителност, зазема толкав простор во кочијата, што веќе нема место ни за двајцата. Кочијата нема цел, и запира. Толку е од накитените зборови и лажната надеж дека другиот прв ке рече, на ти ги уздите.
И нема никакви шанси да се извози до крајот на патот.

И тука е вечното двоумење. Сакаш да те возат, или ке се симнеш по своја желба. Оти балансот на моќите не постои.

А јас сум женско, плус скоро плавуша. Сфатив дека не знам да возам, а и да возам ке го утнам патот. Затоа, реков, на ти ги уздите. Вози до кај ти се вози. Управувај во кој сакаш правец. Јас ке се стуткам во црнобелата кочија и постојано ке бидам во исчекување на станицата на која треба да се симнам. А до тогаш...до тогаш, ке внимавам со тоа колку покажувам дали ми е грижа да се симнам. Оти подобро да иам балон љубов и страв до мене отколку лага.

И да, љубовта е комплицирана. А баш би сакала да ја прележам како мали сипаници. За 2-3 недели. Ама...поминаа месеци. Јас моќта ја предадов, наебав.
 
Ти никогаш не би разбрал.
Јас со луѓето генерално сум таква, кога зборуваме за коктел, јас секогаш мислам на Мартини а они на Мохито. Или на било што друго освен на Мартини, најверојатно зошто јас не сум сигурна дека тоа е коктел, а тие никогаш не прочитале подолу од третиот избор во менито.
Има некои прашања кои сами се наметнуваат, без разлика дали како муабет за друг пар кој мислиш дека никако не наликува на тебе или како саксијата во собата во сонот, нешто на што воопшто не си помислил после тоа.
Зошто секогаш постои можноста јас да можам подобро, и стравот дека ти си видел подобро. И дали си моментално со некоја друга а сепак ти недостигам, или јас не сум со друг од страв дека после тоа нема повеќе да ми недостигаш? А што ако се вратиш од таму посветен како никогаш до сега, а јас пак токму заради тоа ќе го загубам интересот за врската? И дали ќе ти здосадам со мојата суета и преувеличени реакции на твоите немарни забелешки па ќе престанеш да ме сакаш, или кажуваш такви забелешки зошто не ме сакаш, а јас секој пат се лутам, за да го проверам тоа?
И за многу години, кога нема да имам време да се забавувам со вакви баналности, дали ќе бидам дома со мачката и ќе сонувам за нешто што сум мислела дека ќе го имам со тебе, или ќе бидам со тебе а ќе сонувам да сум сама со мачката и не се грижам за ништо подалеку од петок?
И секогаш седам, и секогаш чекам, и постојано се прашувам, но никогаш на глас, надевајќи се дека нема ништо побенигно од тоа.
 
tumblr_m79cwqO9uA1qe52v7o1_500.jpg


True! :unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom