Ролан Гарос 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Ролан Гарос 2009?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 28 23,7%
  • Рожер Федерер

    Гласови: 66 55,9%
  • Новак Џоковиќ

    Гласови: 15 12,7%
  • некој друг

    Гласови: 9 7,6%

  • Вкупно гласачи
    118
Статус
Затворена за нови мислења.

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.617
Поени од реакции
13.339
Веб-сајт
www.facebook.com
Уште 3 дена започнува „French Open“ каде главен конкурент за освојување е Надал, кој го освојува веќе 4 години по ред, од кои последните три во финале со Федерер кој пак ги размрда заспаните фанови на Надал и даде до знаење дека се враќа на старите патеки и оди на 14 гренд слем во кариерата со што ќе се израмни со Пит Сампрас. Да не го заборавиме и српскиот тенисер Новак Џокович кој несомнено е сериозна закана за Федерер и Надал. Доказ за ова е 4-часовното полуфинале со Надал во Мадрид каде може да се каже и дека заслужи да победи.

Кој ќе го освои Роланд Гарос? Дали ќе гледаме монотонија, или конечно ќе се прекини низата на победи на Надал?

Типувам на Федерер. :helou:
 
Не се сомневам во квалитетот на Надал. Сепак мило ми е што Федерер се враќа во форма, барем ќе има повторно квалитетен тенис и одвај го чекам финалето. Сепак речиси сум сигурна дека Надал ќе си го потврди својот квалитет на глина.
 
Ќе биде интересно секако.Тешко да се повтори убедливата победа на Надал против Федерер од лани.Искрено до пред овој турнир во Мадрид,не мислев дека Федерер има некакви шанси,но го променив мислењето.Од друга страна Џокович ќе бара одмазда за трите порази по ред со Надал и поразите од Федерер на последните 2 Гренд слема.Тука е и Мареј,кој има одлична сезона,но не очекувам премногу од него.Јас типувам на Џокович.

Според обложувалниците вака се движат коефициентите за победник:
Надал 1,35
Федерер 7
Џокович 7
Мареј 20
 
Јас искрено се надевам ова е вистинскиот момент за камбег на Федерер. сигурно сега е повеќе мотивиран по последниот триумф над Надал.
Во секој случај ќе биде возбудливо.
Напред Роже:olee:
 
Интересен турнир очекувам,а нормално меѓу Надал и Федерер..Типувам на Рафа(иако не сакам тој да победи),но никогаш не се знае..Очекувам да заработам некоја пара на турниров и то..:pipi:

П.С Би требало у анкетата да ставиш Некој друг како опција..:helou:
 
Доста интересно ќе биде, по мое Надал уште еднаш ќе докаже дека е најдобар.
 
А за жените каде ќе коментираме ?
Или нова тема ќе отворате ? :smir:
 
А за жените каде ќе коментираме ?
Или нова тема ќе отворате ? :smir:

Не знам за тебе, ама јас преферирам мажи :pos:

Мислев дека е поатрактивно машкото натпреварување, и затоа отворив тема за тоа.
 
Не знам за тебе, ама јас преферирам мажи :pos:

Мислев дека е поатрактивно машкото натпреварување, и затоа отворив тема за тоа.
и јас:pipi:
инаку за заинтересираните еве ги двојките од првата рунда
 
Иако повеќе сум наклонет кон Федерер сепак мислам дека Надал ке ја освои Франција. Терените со црвеникавата земја се неговиот коњак и тотално е непобедлив на нив веќе со години. Се надевам дека Могли ке биде доволно предизвикан од Роже, па зашто не и победа на Швајцарецот.
 
Не знам за тебе, ама јас преферирам мажи :pos:

Мислев дека е поатрактивно машкото натпреварување, и затоа отворив тема за тоа.

Вкусови.. :pos:

Ждрепката помина.Надал е од истиот дел на ждребот со Мареј,а евентуално тежок меч го очекува во 1/4 финале со Вердаско.
Џокович и Федерер се во истиот дел.Потежок меч за Џокович до 1/2 финале би можел да биде 1/4 со Цонга или Дел Потро,а за Федерер 1/4 финале со Монфис или Блејк.
 
Ако се оди океј, полуфинале Федерер - Џоковиќ, Надал - Мареј, бидејќи на гренд - слемовите играат 1 со 3, 2 со 4.
 
Ако запне Џоковиќ, биде максимално сконцентриран до крај и не почувствува никаков замор тешко и на Федерер и на Надал.
 
Иако навивам за Џоковиќ, според мене Надал без проблем ќе си тепа на Ролан Гарос, а Федерер ќе почека уште малку за тој трофеј што му фали.
 
Ако ви се дискутира на темава, дискутирајте, ако не, гласајте и толку. Ќе ставам сега и „некој друг“ опција на темава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom