Цветко

  • Креатор на темата Креатор на темата Маск
  • Време на започнување Време на започнување
Во селска црква свештеникот држи проповед и прашува:
- Што се случува со вас, луѓе мои? Пред некој ден одам по патот и во грмушките ги забележав неа и него, малку понатаму ги здогледав неа и неа, а уште понатаму ги видов него и него! Па што е ова, луѓе мои?
Цветко му шепнал на соседот:
- Да идеше уште малу потаму ќе ме сретнеше мене и мене!
 
Цветко направил забава дома и во текот на забавата фрлил око на едно девојче. Ја однел во купатило, ја соблекол и ја свртел накај лавабото. Одеднаш влегува мајка му на Цветко во купатилото, ги гледа голи децава и се фаќа за глава:
-Лелеее, Цветко мајкино, па нели ти реков, немој бос по тие ладни плочки!
 
Цветко возел кола и го сопрело полиција и полицаецот го прашува:
- Имате ли нешто пиено?
- Зошто? Пак ли имам некоја грда девојка на сувозачко?
 
Се шета Цветко во парк и здогледува убава девојка. Однемува здив и трга накај неа да се запознае:
- Здраво Цветко ми е јас сум чест!
 
Го прашале Цветко:
- Што значи тоа ако во едниот џеп имате 100 евра, а во другиот 200 евра?
- Тоа значи дека тоа не се моите панталони!
 
Наставничката ги прашува учениците што сакаат да бидат кога ќе пораснат.
Митко: Јас сакам да бидам пилот.
Игор: Јас сакам да бидам лекар.
Ивана: Јас сакам да бидам мајка.
Цветко: Јас ќе и помогнам на Ивана да стане мајка.
 
Цветко ја прашува аптекарката:
- Имате ли прашок за болви?
- Имате куче или маче?
- Имам болви…
 
Цветко влегол во ресторант и си нарачал плескавица. Кога му ја донеле, целата полна со влакна. Цветко се обратил на келнерот. Келнерот му кажал дека куварот бил инвалид, без една рака, па плескавиците ги плескал на гради. Цветко воздивнал и рекол:
- Добро што не си порачав полнети пиперки.
 
Отишол Цветко на гатачка, тропнува на врата, а таа вели:
- Koj e?
На тоа Цветко:
- Ебатe видовитата.
 
Го прашуваат Цветко :
- Кои девојки повеќе ти се допаѓаат, оние што зборуваат многу или оние другите?
- Кои други бе?
 
Одат Трпе и Цветко во војска и командирот го прашува Трпе:
- Трпе што е татковината?
- Не знам!
- Ти си глуп! Цветко што е татковината?
- Татковината е моја мајка!
- Точно! Трпе што е таковината?
- Татковината е на Цветко мајка му.
- Ти идиоте! Тактовината е и твоја мајка исто така. Разбра?
- Разбрав!
- Што разбра?
- Јас сум на Цветко брат!
 
Докторот му вика на Цветко:
"Мора да ви земам крв, да провериме столица, урина и примерок од сперма"
А Цветко му вика: "Еве докторе гаќите тука има се" :)
 
Цветко оди на плажа и го прашува спасителот на плажата:
- Се извинувам, има ли овде медузи, ракови или морски ежови?
- Не грижете се господине, сите ги изеде ајкулата.
 
Стои Цветко на бензиска пумпа повеќе од 10 часа. На пумпаџијата му се здодеало да го гледа, па му пришол и го прашал:
- Човеку, зошто стоиш тука цел ден?
- Остави ме бре, се одвикнувам од пушење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom