Цветко

  • Креатор на темата Креатор на темата Маск
  • Време на започнување Време на започнување
читав во темава од почеток и гледам секој виц што е пишан се повторува по 100 пати.
модератори дај средете малку:nenene:
 
Купил Цветко најнов Кавасаки и вози 250 на сат по некоја улица и се дере: Има некој ваков мотор? Луѓето: нееее никој. Во другата улица: Има некој ваков мотор?
Ист одговор. Во третата: има некој ваков мотор? Излегол некој: да бе имам шо сакаш? Цветко: абе дај жити се како да го исклучам ова чудово?! :pos2:
 
-Цветко, што би правел ти кога би ти рекле дека утре е крај на светот?? -Би се сексал со се што мрда околу мене. А ти? Што би правел ти? -Јас би се трудел да не се мрдам многу.
 
Имал Цветко папагал и секо утро кога комшијата Гиго одел на работа викал на цел глас:
- Гиго, педер!
Гиго отишол кај Цветко и му рекол дека уште еднаш ако го нарече папагалот педер, ќе му ја запали куќата. Така Цветко му рекол на папагалот никогаш повеќе да не му вика така на Гиго. Следното утро папагалот пак го гледа комшијата и му вика:
- Гигоооо!!!
- Што е?- вика тој.
- Си знајш, си знајш.
 
Цветко направил беља и го однесле на суд. Судијата го прашува Цветко:
- Што ве донесе навака?
- Двајца полицајци со Крајслер. :pos:
 
Отишол Цветко да се слика за возачка. Чекал, чекал, чекал, дошол на ред, и го сликале. После 1 час ги зема Цветко сликите и :
- Лелееее, па видете каков сум излегол, катастрофа!
- Добро, сликиве за возачка да не ви се?
- Да!
- Е, па што сакате, баш таков ќе изгледате кога ќе ве запре полиција!
 
Си седи Цветко сам дома, вечерно време, си гледа ТВ кога одеднаш некој чука на вратата ! Цветко приоѓа и прашува:
-Кој е?
-Полиција!
-Што сакате?
-Да поразговараме!
-Колку души сте?
-Двајца...
-Па поразговарајте!!
 
Цветко се буди наутро и гледа многу грда жена до него во креветот.
- Која си ти?
- Не паметиш? Сношти се милувавме...
- Колку години си?
- Ти колку ќе ми дадеш?
Цветко се загледал во неа и рекол:
- Не, не, луѓето не можат да живеат до толку.
 
Се вратил Цветко од скијање и другарите го прашуваат:
- Како пројде на скијање?
- Како гром, секојпат во ново дрво


Цветко оди во кафана и нарачува пиво. Шанкерот му вика: - 5 денари. - 5 денари пиво!? Па добро колку е тогаш шарска? - 10 денари! - 10 денари!? Ќе сакаш да ми кажеш каде е газдата на кафанава? Шанкерот гледа накај скалите и му вика: - Горе, со жена ми! - Па добро, што прави газдата со вашата жена? - Исто што правам и јас со неговата кафана.
 
Во Скопје гужва, сите коли стојат. На Цветко му чука некој на прозор. Овој отвора и прашува:
- Друже шо е работава?
- Абе остај терористи го заземале Собранието и бараат 10.000.000 евра или ќе ги полијат со бензин и ќе ги запалат сите што се внатре, па собираме прилози.
- ОК, ќе дадам не е проблем! А колку се дава отприлика..
- Па кој колку може... литар-два...
 
Цветко оди кај Трпе на гости и му носи чоколадо. Трпе му вика:
- Фала, фала, не си требал.
- Нема везе, и онака му е истечен рокот.
 
Цветко работел во продавница за погребални сандаци и шефот му рекол да биде љубезен со муштериите.
Доаѓа првиот муштерија,
Цветко му продал сандак и на крајот му вика:
- Фала господине, дојдете ни пак!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom