delboy
кршач на огледала
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 1.358
- Поени од реакции
- 24
Не би чекал во никој случај, иако знам дека не би можел без нивната помош, и сега ми помагаат, а не пак доколку би бил доле.
Ако си доле повеќе би се потпрел на своите ,одколку на капацитет која самиот го имаш и сега го користиш максимално таму каде што си.
Дали преку врски, дали без, сигурно би барал работа и претпоставувам би работел нешто сосема трето од она што би сакал.
Впрочем ни овде не е многу различно.
Па не би рекол дека ако си доле би работел се и сешто,менталниот склоп ни е многу лош кога сме во Македонија,не прифаќаме секаква работа ,за разлика кога сме надвор
Знаеш, има еден битен елемент, кога си дома и кога знаеш дека секогаш кога ќе се вратиш те чека топол оброк, кога некој ти пере и пегла, е многу лесно да паднеш во заблуда дека во странство ќе ти биде полесно.
Ете баш тоа е битно во огромната разлика помеѓу ЕУ и Македонија,ние секогаш сме со мислите дека ако нешто не успееме ,тогаш има некој да не подбутне.Не можеме да се научиме или навикнеме дека сопствениот успех е она што понатаму ќе не држи во борба за подобар живот,а не грбот на вујче,чичо,тато,мама..........
Треба да се разбере, ти си странец.
Имаш воочлив акцент, не се ориентираш во околината, немаш никого на кого може да сметаш, третиран си како второкласен граѓанин кога станува збор за завршување на било какви административни работи и си идеална прилика за да те измамат.
Грешка брат ,сите закони кои важат за нив важат и за мене,нема сила или закон кој може да ми го скрати од она што државата го нуди.Измамата сеуште вирее само во балканските држави. А за третирањето ,како ќе се поставиш така ќе те третираат.До сега не сум дозволил некој да ми наметне или пак да ми даде до знаење дека сум некаков си граѓанин од втор ред ,било на работа или пак во слободно време на некое дружење.
Да не ја должам , убавината е во тоа што законот е закон и се применува,работата си е работа и ти си заштитен преку синдикални организации,платата си е плата и одреден ден во месецот спрема договорот парите ти се на конто, трудот ти е платен, дури и минутата после 8 часовното раб време ти е платена, сигурноста за раб место е поголема...и стварно многу има да пишувам ,ама ме фати мрза