и јас имам доверба во себе,сигурно би расипал некоја врска,се смеам во принцип несакам да имам ништо со жени кои имат дечковци,заради тоа сум пропуштил 20 прилики,ебате принципот елнињо.............торко еден
Јас од секогаш сум ги сметала реалните шоуа за патетичен начин на ентертејнмент, па логично не би се ни пријавила на некое. Без разлика дали се работи за гладување на пуст остров, живеење затворен у стан 2 месеца или искушување да изневериш.
Концептот на вакво шоу кај што ќе издресираат 30 типки да се мазнат за цицки дур разговараат со „жртвата“ и да му праќаат провокативни ишарети, а он као на крај ќе остане со љубовта му- ми е неверојатно глупав.
Настрана од шоуата, ваквиот тип на тестирање на љубовта ми е крајно дебилен. Ме потсеќа на некој ранотинејџерски филм у главата на некоја каси анхелес следбеничка, кај што она ја замолува другарка и да му се пушта на дечко и за да види овој како ќе реагира, па според тоа дали ја заслужува или не.
Тестинг-шместинг. Вакви игри се за деца. Јас сакам нормална зрела врска во која што нема ни да се прашувам што би било кога би било, а не па практично да се уверам во можноста да ме изневери, и тоа директно на реално шоу пред зиљон луѓе што не ги познавам.
како и секоја Американска работа и позади оваа има убаво сценарио се си иде по тек се со цел да се привлечат што повеќе луѓе да седат пред малите екрани и да ги гледааат и да се ситат и чудат woow што се дешава. Самава поента нема смисла али ок е за гледање има убави девојки нема што али се е РЕЖИРАНО тоа треба да се сфати. Поздав
Лол, каква глупост!
Не е воопшто тешко да се издржи тие 25 дена ако човекот си знае дека сака да победи.
Дури двајцата што ќе учествуваат не мора ни да се у асална врска, само мора да се со силна волја и желба за победа/парите.
Јас колку што го разбрав авторов на темава, не мора сето тоа да оди на телевизија...значи не мора да биди реално шоу, туку финтава е дали би се ставиле во такво искушение, и на таков ризик.
Ако е за на шоу, не иди во предвид.
А иначе...
Јас искрено би се ставил.Чак и би можел малку да го модифицирам ова, да ја пуштам само неа не со 20, туку со 50 атрактивни господа,Јас не мора да одам....ако се случи нешто, не била за мене...
Никогаш не би се пријавила на било какво реално шоу бидејќи самата помисла да си го подредам животот или еве врската во функција на забава на пошироката медиумска публика,ми е малку смешна,глупава и помалку понижувачка.Во овој живот такво нешто да ми се случи I don`t think so...
A,инаку за довербата...имам доверба,ама мислам дека не доволно колку што се бара овде,оти ваквиов концепт ми личи на експеримент од типот "ќе те пренесам преку девет води па ти гледај да не се напиеш ич"... е толку доверба, богами во никој немам,нормално вклучувајќи се и себе.
Јас би рекол дека мојот приватен интимен живот е лично моја работа и не дозволувам некое идиотско ТВ шоу за џабе (нели само еден е победник од 30 луѓе) да ми контролира дел од животот, а остатокот од државата да гледа и навива за мене
Се што не ке измислат за да се задржи публиката пред тв. Можно е да гледаме стриптиз шоу за некоја година.
Има книга слично на ова се вика Game over...исто е со тест средби нешто во стилот на Џери Спрингер ама ова е според вистински настан...прочитајте ја па после размислете за вашите постови :smir:
Многу глупав начин за да ја проверите сигурноста на врската, посебно кога и двајцата сте свесни дека на еден наин полагате тестови на кои треба да ја увидите верноста. Па и маж на 50 години се врти инстиктивно по секси газе на млада девојка, а има и жени кои си зборуваат за своите помлади колеги и пријатели и за нивниот секси изглед.
Ова е еден од најглупавите начини на кои може да се согледа верноста на партнерот.
Што мислите, дека и најјакиот карактер на маж ќе одолее да не се насити (ако не со нешто повеќе) бар со допир на телото на гола девојка која игра врз него?
И мислите дека ниту една девојка која сака озбилна врска никогаш нема да подлегне на секси-телото на друг дечко кој ја заведува на секој можен начин?
Се знае дека луѓето како суштества имаат една многу јасна карактеристика. Сите се подложни на некој вид искушенија. Но нема човек кој може да избега од канџите на искушување со згодна личност од спротивниот пол.
И секако, довербата нема да ја градам врз основа на тоа дали мојата партнерка ќе помисли на некој друг, или ќе посака со некој друг кога упорно гледам дека пред неа се нудат топ-модели.
Но ете, амерканците како народ веруваат дека се може да се стави на тест. Само забораваат дека во љубовта не е се’ до грешната помисла за да се биде со друг/а. Има нешто и повисоко. А тоа нешто е она кое ќе ги натера да сфатат дека се сакаат онолку што нема да им биде потребен никаков тест за взаемна доверба.
Интересно Слушнав за ова од другарка и досега искрено не сум го гледала шоуто.
Инаку на прашањето дали би го испробала тоа искушение со мојот партнер, би одговорила не. Свесна сум дека едниот од нас, колку и да се има таа доверба и искреност, постои можност во моментот да `попушти` И не би го изгубила само за да го тестирам. Тестот е врската всушност. Ако не требало да сме заедно,сигурно би раскинале кога-тогаш. Ако сме еден за друг, дет`с д уан и тоа е тоа
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.