Реал Сиудад - Кил (33:27) Вкупно: 67:66

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар? Кој ке победи?

  • Кил

    Гласови: 20 57,1%
  • Реал Суидад

    Гласови: 13 37,1%
  • Нерешено

    Гласови: 2 5,7%

  • Вкупно гласачи
    35
Статус
Затворена за нови мислења.
Добра утакмица. 39-34 победа на Кил. Неизвесно до последните 3 минути. После одбраната на Омејер, публиката на нозе, играчите мотивирани.. напраја добра серија и победа со 5 разлика.

Карабатиќ(ч) чудо од играч. Звер!
 
Финале како што се очекува меѓутоа само во второто полувреме, првото ми беше некако како една обична утакмица во која се одмеруваат силите.
Добра игра и од двата тима. Мислам дека нерешен резултат многу понеизвесна ќе ја направеше следната утакмица или пак резултат со помала разлика.
Последните 10 минути имаше најмалце две исклучувања за Кил, најчесто врз Рутенка а и последната игра со нога на германецот не смееше да помине неказнето иако немаше да влијае којзнае колку на резултатот.
Многу висок критериум за играчите на Реал во однос на фаулирањето за разлика од тие на Кил имаа судиите што и реален е овој епилог од 5 гола разлика, но ништо не се знае се до следното одмерување на силите во Шпанија.
 
Штета јас бев за Сиудад,иако беа посвежи на крајот не знам како дозволија за 5 минути да примат 7 а да дадат само 2 гола,Се надевам дека реваншот ќе биде уште поинтересен и среќата овај пат на страната на Шпанците.
Јиха даде 9 гола.Сега уште колку му фалат даго стигне Кире?
 
Штета јас бев за Сиудад,иако беа посвежи на крајот не знам како дозволија за 5 минути да примат 7 а да дадат само 2 гола,Се надевам дека реваншот ќе биде уште поинтересен и среќата овај пат на страната на Шпанците.
Јиха даде 9 гола.Сега уште колку му фалат даго стигне Кире?
Веќе го надмина,сега има 98 за разлика од Лазаров кој има 93.
За натпреварот што да се каже,многу постигнати голови,игра без одбрана,а и многу направени грешки на крајот од Суидад Реал,па така резултатот од изедначен се претвори во позитива за Кил пред реваншот во Шпанија.Хендикепот од неиграњето на Лаен и Пајовиќ беше евидентен,иако и Рутенка добро си ја заврши работата.Фернандез беше незадржлив кај Реал,а исто и Јиха во екупата на Кил.Голманите немаа свој ден,па немаше реприза од одбраните во минатогодишното финале.Судиите малку потфрлија на крајот,со недосуден пенал за Реал и исклучувања за фаул направен врз Рутенка.Како и да е,не е ништо завршено во овој двомеч,па очекувам неизвесност до крај и секако титула за Суидад.
 
Суидад дојдоа до еден разлика мислев ќе тепаат или барем да задржат но многу слаба реализација во последните 10 минути и дојде да изгубат.Кил играа многу брзо,им даваат гол ја зима Карабатич оди до 11 метри додава на некој и гол цело време така игра.Суидад незнам зошто го одмараа Абало кога го пуштија живнаа..не е многу разлика судејќи по лани финалето кога Суидад дома изгуби 6 па во гости тепаше 7.
 
Има шанси за Суидад никогаш ништо не се знае.
 
МАЛЕР СУМ ....
Неможев да го гледам финалето и многу се нервирам што сум пропуштил, не фати земјотрес нас Струмичаните сите не претреси башка ја сум во зграда на 5 спрат многу паника сите вонка излегоа падат од зграда. ЛЕЛЕ
Искрено многу ми е мака што неможев да го гледам ......

Новото е тоа што Јиха го помина на Лазаров, така да Јиха е најдобриот стрелец оваа година во ЛШ.

Инаку головите за Кил беа следните:
Јиха - 9 гола
Кавтичник - 9 гола
Карабатиќ - 7 гола (едно исклучување)
Анич - 4 гола
Ландстром - 3 гола
Алм - 2 гола (црвен картон)
Ловгрен - 2 гола
Зеиц - 2 гола
Андерсон - 1 гол
Лунд (едно исклучивање без постигнат гол)


Кај Реал вака беа играчите:
Фернандез - 8 гола
Абало - 7 гола (две исклучувања)
Калман - 7 гола (едно исклучување)
Стефансон - 6 гола
Родригес - 2 гола (едно исклучување)
Рутенка - 2 гола (две исклучувања)
Ентрериос - 1 гол
Фонсека - 1 гол



Еве неколку слики од мечот:
 

Attachments

  • 363O2779.jpg
    363O2779.jpg
    62,4 KB · Прегледи: 2
  • 363O2781.jpg
    363O2781.jpg
    56,3 KB · Прегледи: 1
  • 363O2817.jpg
    363O2817.jpg
    60,9 KB · Прегледи: 1
  • 363O2828.jpg
    363O2828.jpg
    49,3 KB · Прегледи: 2
  • 363O2831.jpg
    363O2831.jpg
    68,8 KB · Прегледи: 1
МАЛЕР СУМ ....
Неможев да го гледам финалето и многу се нервирам што сум пропуштил, не фати земјотрес нас Струмичаните сите не претреси башка ја сум во зграда на 5 спрат многу паника сите вонка излегоа падат од зграда. ЛЕЛЕ
Искрено многу ми е мака што неможев да го гледам ......

На Еуроспорт нон-стоп вртат репризи, провери си у програмската шема би требало да начекаш нешто.
 
Да не отвараме нови теми за оваа финале мислам дека најдобро би било тука да продолжеме со дискусии сега за реваншот. Продолжете со дискусија тука но сега обратно дали ке ви се сменат мислењата. Добрата гол разлика на Кил, (можам да кажам и добра) треба да оди ПОлесно отколку Реал кој треба малку по остро да оди на тој дуел за да ја совлади разликата. 5 разлика не е многу во Ракометот можи многу брзо да се надмине, а може и многу тешко да се стигне затоа ништо не се знае. Минатиот натпревар го пропуштив овој неверувам, паничевме поради земјотресите.

Значи:

Реал Сиудад - Кил 31.05.2009 (Реванш) Предходен дуел: 34:39

C_2009_4354_B.jpg
VS
C_2009_2003_B.jpg


ПОЧЕТОК: 18:00
Ке има пренос на А2.


Па кажете ги своите мислења за реваншот.
 
Мислам дека шампион ќе биде Кил затоа што оваа сезона се поквалитетни но кога е во прашање Суидад ништо не се знае знаеме минатата година како изгуби Кил.Се надевам ќе биде одлично финале и ќе решаваат детали,имаат мала предност Суидад поради домашниот терен но ќе видиме.
 
Omfg,wtf.
Kakov kambek na Real....:bravo:
17-7 vo vtoroto poluvreme.Odlicna igra vo odbranata,pa zasluzeno si osvoija titula.
 
Никој не веруваше, скоро сите беа скептици дека Сиудад ќе може да се врати.
Фантастична игра во второ полувреме односно последните 20 минути игра, јунак на натпреварот Арпад Штербиќ. 34 гола за 20 минути или 17-7 серија повеќе од заслужено и достојно си ја одбранија титулата и скоро на ист начин од лани, пораз во првиот натпревар за да во реваншот се вратат многу посилни.
 
Каков пад на играта на Кил не ми се верва. Од добиено финале се посрамотија.
На крајот а1 вкрај ме изнервираја! На сред меч Вести на денот бе. Обама ја однел сопругата во ресторан!
 
Уште во првите 15-20 минути кога Кил имаше предност од 2-3 гола,очекував дека ова е нивно финале.Но,на крајот Сиудад со неверојатната серија заслужено ја одбрани титулата.
 
Во последните 20 минути, Суидад се надминаа самите себеси. Немам видено никогаш таква жестока, борбена, цврста игра. Според мене, заслужен трофеј. :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom