И едните и другите се тотално искомплексирани
1. срамежливите - поради несигурност
2. шмизлите/ важните - поради самобендисаност
Како и да вртиш - да не си имаш работа ни со една ни со друга - на почеток.
Но, доколку се спријателиш со некоја од нив може
1. или да ти се потврди дополнително привиот впечаток - бегај подалеку
2. или да откриеш дека девојката кон тебе станува поотворена, поопуштена - тоа значи дека и се допаѓа твоето друштво (или дека едноставно и се допаѓаш) - тогаш првиот впечаток може и да се прескокне
Позз
Уууууууууууууууу јеботе на кого ма ти искомплексиран?????
1. срамежливите - поради несигурност
- не мора да значи. Јас сработив еден проект, испадна совршен!!!! Честитки фрчеа од највисоко ниво, а јас стоев таму ко инвентар и се руменеев

Тоа значи дека некои се срамат и од премногу внимание од страна на многу луѓе во исто време. Срамежливоста не е лоша работа! Понекогаш е и домашно воспитување, кое сега речи си и не постои. Не викам дека не ми беше убаво, ама премногу внимание ми дојде одеднаш па бев виножито

Сум срамежлива, но не значи дека сум искомплексирана, значи дека не се опуштам т.е. не се лигавам пред луѓе кои не ги ни знам или сум ги видела 2 - 3 пати. Не сакам да се истакнувам, не сакам да се форсирам, не сакам да оставам лош впечаток. Си помислила на впечатокот??? Тој е најважен! Прво што забележуваме кај луѓето се очите, па како се поздравува со раката, па бојата на гласот, па како се облечени... еееех драга моја сето тоа е илузија, шминка, знаеш како може да те прелаже некој со изгледот?! А знаеш кога дознаваме какви се всушност??? Кога ќе поминеме одреден период со нив, кога ќе им дадеме време да се опуштат и да си кажат што имаат да си кажат. Има луѓе кои не зборуваат многу, ама кога ќе кажат нешто тоа е на место, ама има и луѓе кои цело време мелат ама не кажуваат ништо. Во таква ситуација ниту едните, ниту другите се лоши луѓе, туку едноставно се изразуваат на различен начин. Подобро на почетокот да знае дека имам граници отколку после да се расправам што ми смета, како ми смета.
2. шмизлите/ важните - поради самобендисаност
- не сум шмизла, ниту пак важна АМА си го ценам трудот. Понекогаш сум самобендисана, сум премногу самоуверена, сум горделива и знаеш што тоа не ме прави лоша личност. Едноставно си се почитувам себе, ако не се почитувам себе, немој да очекуваш да те почитувам тебе. Како што тебе ти треба внимание, така и мене ми треба внимание. Најубаво е кога сами ќе си седнеме и ќе си направиме едно резиме до каде сме стигнале ние, а каде се другите. Секој во животот сака да напредува и да биде успешен! Си го ценам времето!!! Наместо на глупости можам да го поминам со луѓето кои ги сакам и кои ми значат многу.
Прави разлика од неписмени глупачи кои креваат нос затоа што не знаат што друго да направат во моментот и паметни девојќи кои не сакаат да се истакнуваат. Луѓето се променија на многу лошо, се изгубија во ова време - невреме. Престанавме да си посветуваме внимание. Секој брза некаде, секој има нешто важно да заврши, а најважното го оставиввме на страна, некако како да го заборавивме. Најважен е муабетот, вниманието, па и не мора да зборуваш со некој со кого ти е убаво, убаво е па дури и ако си ќутите. Не се прави разграничување на добри девојќи (воспитани, образовани, амбициозни, девојќи кои се заинтересирани за да научат колку можат повеќе во животот) и лоши девојќи (девојќи кои не се заинтересирани за ништо друго освен за оговарање и шминка, факт е дека мора и такви да има не бива и без нив

). Јас сум многу амбициозна и немам време некого да го пуштам да ми се лигави и да ми го троши времето. Сакам да успеам во животот, а со шмизлење не се успева.
Кога не го познаваш некого, дај му време, не суди пред да го запознаеш, ќе погрешиш. А да знаеш дека од секого во животот можеш да научиш нешто. Никогаш не ги отфрлувај луѓето, тоа е исто како да се обидуваш да го промениш минатото. Никогаш нема да успееш! Затоа мисли на време!
Јас велам дека проблемот се девојќите кои знаат малку, а се преправаат (глумат, лажираат, фолираат како сакаш кажи го исто е) дека знаат многу.
п.с. кај ги наоѓате бе тие лоши девојќи? сте чуле ским си такав си?
п.п.с ако ви смета нешто кај нив повелете кажете им, можеби не приметуваат дека со некоја постпка ве навредуваат или повредуваат, оти ако не им кажете тогаш сте оговарачки и сте бетер од нив, оти тоа го споделувате со многу народ, ова е читан форум!