Пушењето - зависност или навика?

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
здраво
Јас пушам од пред 5 год и со сигурност ќе ви казам дека е ЗАРАЗА. Седиш пред компјутер и најдобри другари ти се кафето и цигарето без цигаре џабе ти е кафето и ако излезис ни пиењето не лизга без цигаре а после кекс е најблаго.

:mist: :mist: :mist: :mist: :mist: :mist: :mist: :mist:
 
ac|d напиша:
jas sakam da si pusam i ne se sekiram dali ke mi stvori zavisnost ili nesto sl
:oftopic: Преголем ти е потписот намали го.
 
Абе ај цигари пушите а баш ме интересира дали пушите по малце CANABIS или појма немате за шо ви прам муабет ????

( едитирнао од The`bItCh: Ѕирни троа тука и ќе видиш дека знаеме за што ни правиш муабет. Темава е само за цигарите. Ако си расположен за дискусија во врска со канабисот, информирај ме ќе ја отклучам веќе постоечката тема.:wink: )
 
Недостаток на карактер, зависност, тантара-пантара...мене ми е уживанција. Да му се намочам на кафе или на пиво без цигара.

pearl напиша:
Бисера нема пороци. Тоа што го сметам за порок, го победувам. Со останатото (кое можеби ти ќе го сметаш за порок) мирно живеам.
И јас за себе мислам дека немам пороци, ама другите не мислат така. Сепак, и јас мирно живеам, бидејќи останатите го сметаат за порок, а не јас.

Нова дефиниција за порок: ако самиот не го сметаш за порок, тогаш тоа не е порок? :lud:
 
Мистичен напиша:
Недостаток на карактер, зависност, тантара-пантара...мене ми е уживанција. Да му се намочам на кафе или на пиво без цигара.
E,e,e,e...kazi im...pogotovo utrinsko kafe bez cigara....
ako ne vi se pusi be luge ne pusete, ne ni kazuvajte kolku e stetno....pak ke kazam, strasten pusac sum i pusam zatoa sto uzivam...ako sakam odma ke gi ostavam, ama ne sakam
 
Мистичен напиша:
Недостаток на карактер, зависност, тантара-пантара...мене ми е уживанција. Да му се намочам на кафе или на пиво без цигара.

Мх, мх, мх ... така де!


Абе ај цигари пушите а баш ме интересира дали пушите по малце CANABIS или појма немате за шо ви прам муабет ????

Знаеме што е тоа и сме ептен антипушачи ... а ти пушиш?:ija:
 
Баш така бе Мистичен, браво!
-И само да додам: Пушам цигари и ќе пушам се додека не најдам дека ми пречи. На Водно со трчање до крстот да се качувам не планирам и не би го правел тоа ни кога не би пушел, физичката кондиција ми е сеуште многу подобра одколку на многумина 20-25 годишници кои не пушат. Кафе без цигара или пак водка со мраз и лимонче а исто без цигара никако не оди...да не спомнувам после јадење дека ако не запалам исто како да не сум јадел.
Знаеме што е тоа и сме ептен антипушачи ... а ти пушиш?
Не, он го попушил изгледа:bip:
 
Де де...ова би му дошло онака, како џанкерите, важно они мислат дека дрогичката не е штетна, не е битно што мислат другите. Битно, они си мислат дека немаат порок. Битно, Бисера мисли дека нема пороци, не е важно што мислат другите :-)

Aма сепак, тоа си е твоја филозофија на живеење која те прави среќна. Тоа е најбитно.
 
Jaс на пример, свесен сум дека цигарите се штетни. Дека се штетни, штетни се - факт. Но, не ги сметам за порок. Во глава, имам некоја друга дефиниција за овој термин. Е сега, никогаш не сум се лажел себеси дека не се штетни, бидејќи свесно го прифаќам ризикот од нивното конзумирање, и би било крајно лицемерно и неискрено прво пред самиот себе. Пушењето навистина ми претставува задоволство, секојдневно, од оние малите големи нешта кои ти го прават филингот на животот. Јас не пушам механички, од досада, да утепам време или да се "правам фраер", туку навистина уживам во вкусот на цигарата и нејзината дегустација. Било да е тоа со кафе, со пијачка, со мезе...

За недостатокот на карактер - никогаш не сум рекол дека ќе ги откажувам цигарите. Ме нервираат пушачи кои велат:"Од утре не пушам" и се останува на таа изјава, која редовно се повторува. Ако не си карактер, барем не се зарекувај, бидејќи се глупираш. Но, познавам и луѓе кои успешно се откажале, а биле страстни пушачи. Нивниот успех се должи повторно на силниот карактер, бидејќи ниедни апчиња, мастики или енормно поскапување на цигарите нема да те спречат да запалиш, освен доколку самиот вистински не решиш дека ќе престанеш да пушиш. Ама, ретки се таквите.

Јас на пример, никогаш не сум велел дека ќе престанам, бидејќи не ни сакам да престанам.
 
имав еден другар, многу го сакав и почитував... во една прилика, бев на посета со жена ми кај него и жена му, некој славеше роденден од нив, и имаше полна куќа гости.

После многу муабети, неколку чаши вино (жените та работа), 2-3 пива (поделени со него, слабо пијам алкохол...), сакав да си намотам еден (јоинт) и да излезам да го испушам... намотав, и почнав да се облекувам...

Другар ми, а и жена му, „навалија” да запалам во собата...

- „Не” , беше мојот одговор, „вие имате двегодишно дете, нема шанси јас да пушам џоинт во истата соба кај шо е тој”.

По краток муабет, со другар ми и жена му, сеуште истата ситуација, им го реков отворено моето мислење, дека јас сметам дека е екстремно нездраво да пушат ко турци двата, и тоа цело време, во истата просторија во која се наоѓа и малиот.
„Оправдувањата” ко да беа препишани од тука, ама една реченица падна, шо никогаш нема да ја заборавам...

на моето објаснување за пасивното пушење (најдобронамерно, без тенџериња зборови и слично..:)), тие наместо да бидат БЛАГОДАРНИ шо се трудам дел од знаењето кое сум го собрал попат низ животов да го споделам со нив, „навредено” шо „им се мешам во нивниот живот и им солам памет” ми рекоја: „Es ist mein kind” / „Тоа е мое дете...”

Точно, тое е нивно дете, на кое тие му ја запечатија иднината уште непочната.

Точно, ваш живот, меѓутоа и непушачите го дишат истиот воздух.
--------------------------------------------------------

не знам дали има повеќе смисла да пишувам, само шо ги прочитав коментарите напишани од ко почнав да го пишам текстов...

ме разочаравте многу, не ви чини аршино

глеајте се бе, „пушам, ми се можи, ич кур не ме боли”

ајде бе

кабадајчарски глупав детски муабет
 
Сердарот, јас си кажав дека пушам и дека не сум помислила да ги оставам, но тоа незначи дека не се контролирам (а верувам дека истото го прават и останатите). Кога сме кај пример за деца во иста просторија ... имам две внуки пред кои никогаш не палам и викам по моите ако имаат задимено многу кога се на гости тие. Не штетам барем на мали деца ако свесно на некој начин си го правам тоа себе ... а и сигурно еден ден не би била пример како твоите другари што мислеле дека ако е нивно дете ќе си прават со него што им текне ... гадно е.:ija:
 
The`bItCh напиша:
Достате бе. Пушењето било вакво, пушењето било онакво. Кога ќе умри некој од пушење цигари ќе поверувам дека опасноста од цигарите е толку голема.

во право си перл, ашколсун и аферим за умот :)

од пусти страв и незнаење, ај ќе речиме „достате бе, пушењето не е штетно” и автоматски не ни можи ништо... ех...

не е проблемот шо се лажите самите себеси, проблемот е шо ги лажите (или се обидувате) и другите

пушете бе, удрете, ќе ја спасиме можи така државата, ќе има пари од цигарите :)

пи ес: ќе суди за нивните, и моите, и сечии дела тој шо единствено има право да суди, природата. јас не ги осудувам ниту другар ми ниту жена му, никого... едноставно, тој кажа глупост (и то арогатно...)

јас се обидов да му укажам, тој не сакаше да слуша и умре. не буквално, само во мои очи, мозок, срце...

чиста логика, не можи ад ми е другар некој со такво размислување... јеби га, штета

пи пи ес: „журката” ја напуштивме ко посрани, пошто и родителите на другар ми не гледаја ко од марс паднати...

сме биле глупи, сме вервале се шо ќе слушниме и видиме на телевизија, НЕ МОЖЕЛО пушењето да им смета на тие ДО пушачите, ТУКУ САМО на тие шо пушат...

сакав да ги прашам дали имат филтер на газот, носот, устата или умот, ама преќутев, и ко шо спомнав, ко посран си ојдов (пошо малиот остана во соба од 20/25 метри квадратни, со 5/6 пушачи...


пи пи ес:

да ви нацртам... пушев 15 и поќе години, истите муабети ко вас ги праев, и сум свесен дека тутунот е само начин на кој полека ама сигурно се убиваме, само шо некој сваќа порано, некој покасно.

и можи секс без цигара, и можи кафе без цигара, и пиво, и вино, и ракија. секој кој ќе речи дека не можи, се лажи и самиот и другите.

ме боли миле ако се лажите самите, не ги лажете другите :)

Мистичен напиша:
Де де...ова би му дошло онака, како џанкерите, важно они мислат дека дрогичката не е штетна, не е битно што мислат другите.


си имал прилика да разговараш со наркоман? не со некој шо пуши џоинт или зема апче еднаш во месец на журка, туку прав зависник од хемиски дроги (хероин, кокаин, спид, екстази, итн...)

точно се свесни повеќето од нив дека дрогата ги уништува, друга е причината поради која тие посегнуваат по неа. многу малку се такви наивни деца кои мислат ко твојата реченица. реченицата, ко шо би рекла Бисера треба поќе или помалце вака да биди:

Мистичен напиша:
Де де...ова би му дошло онака, како ПУШАЧИТЕ, важно они мислат дека ЦИГАРАТА не е штетна, не е битно што мислат другите.

така шефе, сеа држи вода :)
 
Е грешка си. Сум имал прилика и тоа често ја имам сеуште. Џанкер со стаж, 7-8 години минимум. Ама, копукот вика: "Абе ајде, шо ти е..."

А за пафкаџиите...тоа се па најтврдоглавите кои не признаваат, ама, ај да не те чепкам, ќе докажеш колку не признавате! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom