Две децении од македонското освојување на Монт Еверест

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.247
Поени од реакции
12.452
Алпинистички прослави ќе се одржат денеска по повод дваесет години од искачувањето на Монт Еверест на македонскиот алпинист Димитар Илиевски - Мурато.
Централната манифестација ќе се одржи на Пелистер, со планинарски марш и положување цвеќе пред споменикот на Димитар Илиевски - Мурато.
На маршот, како што јавува Макфакс, се очекува да земат учество неколку стотици планинари од Македонија и странство.
Алпинистичка прослава по повод две децении од македонското освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест денеска ќе се одржи на Матка во кругот на Манастирот Св. Никола (Шишевски Манастир).
Организатор на прославата е Македонската алпинистичка асоцијација, АК ''Матка.
Активностите за време на прославата, како што е соопштено, нема да се одвиваат според официјална програма, бидејки таа е замислена како неформално дружење помеѓу алпинистите од сите генерации.
Во текот на викендот на Матка ќе се одржи и семинар во рамките на алпинистичкото училиште на МАА.


A1
 
Единаесет годишниот Дамјан го освои “Магаро“ во чест на Мурато

По повод 20-годишнината од првото искачување на Македонец на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, од страна на битолскиот алпинист Диме Илиески - Мурато, најмладиот охридски планинар Дамјан Танески, деновиве го искачи највисокиот врв на планината Галичица - „Магаро“ 2245 м.н.в.

Дамјан го освои Магаро со помош на неговиот татко, познатиот охридски планинар, Мишко Танески. По првиот подвиг Дамјан најавува искачување на други, повисоки врвови. Не џабе се рекло, каков татко таков син.

Misko_Magaro.jpg


Инаку првата македонска експедиција на покривот на светот се искачи на 10 мај 1989. За жал успехот беше засенет од големата трагедија што му се случи на Диме Илиески - Мурато кој по освојувањето на Монт Еверест не успеа да се спушти до најблискиот камп и остана во вечен сон на ледените врвови на Хималаите.

Ohridnews
 
Нака почива во мир Димитар Илиевски. Мислам дека треба повеќе да го почитуваме овој човек. Многу малце луѓе знаат за него.
 
Македонија го освои Монт Еверест по трет пат


Д-р Сашко Кедев утринава во 7 часот се искачи на кровот на светот, тој е третиот Mакедонец кој го освои највисокиот врв на земјава
everest508.png
Како што е објавено на веб страница Mounteverest.net утринава помеѓу 7 и 8 часот Сашко Кедев заедно со двајца шерпаси Пасанф Тензинг и Анг Дорџе Шерпа се искачиле на 8848м високиот Монт Еверест.

Kedev250.png
Sasko-Kedev250.png

Д-р Кедев веќе се спуштил до Кампот број 4 и се очекува во текот на денов да се симне во истурениот базен камп.
Покрај имињата на Димитар Илиевски – Мурато и Д-р Глигор Делев, како трет македонец кој успеа да ја освои највисоката планина на светот ќе биде запишано името на Д-р Сашко Кедев.
 
Честито.
 
богами алал да му е .. Честито !
 
Кедев докторот шо се кандидираше за претседател, ииии баш таков способен ни требеше...:vozbud:
 
Секоја чест за Кедев...
Доктор еееееј доктор , ептен позитивно ме изненади...
 
ај да го видам БЦ ова да го направи :vozbud:

:pos2:
 
Со голема почит кон Диме и неговото дело! Погледнете ја 4 минута

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom