Вреди ли за еден да се изгубат сите?

  • Креатор на темата Креатор на темата ITK
  • Време на започнување Време на започнување
Иако моето мислење е не, сепак оние личности кои вредат да ги имаш во животот нема да ги изгубиш за ништо на светов.
 
Неточно! И пријателите минат кога ти е најтешко. Само родителите и блискиот круг на роднини се секогаш тука за тебе.
Сепак зависи , моите пријатели никогаш не минеле и не би минеле кога ми е најтешко. „Пријателите се роднините што ги избираш ти„.
 
Никој не е вреден за да ги изгубиш сите околу тебе.
Кој ке ти гарантира дека таа личност поради кој си ги загубила другите ке биде секогаш покрај тебе?Тотално никој.
Ма кој и да е-не вреди.
Ако те сака нема да ти го дозволи тоа да го сториш.
Еднаш за малку ке ја сторев таа грешка но сфатив дека не е вредно.
 
Зависи од тоа кој е во право. Тој едниот или тие останатите. И зависи од конкретна ситуација, нијанси преовладуваат. Постојат случаи кога како и да постапиш ќе погрешиш. Што да послушаш срцето или разумот? Јас велам и двете!
 
Фала богу дека не.:pipi:
 
Тогаш кога си заљубен можиш да ги запоставиш семејството и другарите, иако не смееш многу.
Кога љубовта завршува, сфаќаш дека си направил грешка и тоа голема.
Кој можи да ти биди поважен од родителите и воопшто семејството кое ти дало се во животот, ти овозможило се што можело. Некои работи не смеат да се заборават.
Не можи човек кој за кратко време влегол во твојот живот да ги засени сите други.

Се разбира секое правило има исклучоци. Има и некои родители кои се спротивставуваат на некоја врска поради X причини, тука треба убаво да се размисли дали тие навистина се во право или не ( иако мислат родителите дека се секогаш во право), па потоа да се носи одлука.

Два пати мери, еднаш сечи :)
 
Прво, треба да се направи сериозна анализа кој/а е едниот/а а кои се сите. По анализата, одговорот сам си доаѓа...
 
моментално сум у таква каша! ако личноста за која ги губите сите, ви обрнува внимание, односно знае да врати со иста мера љубов колку што и подарувате тогаш вреди. Али мислам дека не е вредно се да изгубиш, за кого и да станува збор.

Види , ти можеш да изгубиш пријатели кои мислиш дека се пријатели но вистинскиот пријател секад ке остане таму за тебе без разлика колку ретко се гледаш со него или колку и да му сметаа таа он сепак ке ти биде најдобар пријател , фамилијата ако не ја сака девојката и не ја прифаќа тогаш се тие криви а не ти , истото и за девојките. Ако ти враќа со иста мера тогаш е многу добро. Сепак види , никогаш нема да доеш до таа точка да изгубиш се ради нејзе , ќе ја имаш неа , нејзината љубов ке ти помогне додека твоите да ја оправдаат (ако не ја оправдуваат) воедно ова е мое мислење немора нишо да значи Поздрав:salut:
 
верувам дека на оваа денешница не постојат луге во правата смисла на зборот. Се некако ме наведува да помислувам дека постои голема зафист, користољбие љубомора...можеби само јас сум оопкружен со такви личности, или се лажам...? али не верувам.Епа не вреди кога се гради една куќа ако немаме прозорци да и ставиме и да ја срушиме....така и со останатите без разлика дали е семејаство пријатели и слично, ако сметаме дека таа личност не постапува правилно и настојува околу себе да ги замрсува конците не вреди да се должи понатаму се знае дека местото ке си го најде сама онаму кај одпадокот, и за таа некоја особа да ги загубам сите не доага во предвид само ке скршнам од патот кај што сме се движеле и ке заборавам дека постоела.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom