Работнички Скопје-Македонија Ѓорче Петров 24 Мај

  • Креатор на темата Креатор на темата Marjan-MiKi
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе тепа?

  • Работнички

    Гласови: 22 38,6%
  • Македонија

    Гласови: 26 45,6%
  • Нерешено

    Гласови: 9 15,8%

  • Вкупно гласачи
    57
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе батали го само да изеде бурек ништо др. :)
 
(16.30 Ч.) СЕ ИГРА ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Лавовите сакаат две круни

Фудбалерите на Македонија ЃП, по триумфот во првенството, ќе се обидат да го освојат и пехарот на ФФМ, но и во Работнички посакуваат да одбранат барем еден од трофеите од минатата сезона

BD971DB0432C0940B3CDBFC7EF498965.jpg
Реприза на минатогодинешниот успех на Работнички или двојна круна на новиот шампион Македонија ЃП? Утрешното финале од Куп на Македонија на Градскиот стадион во Скопје (16.30ч), ќе даде одговор на ова прашањето. Досега и двете екипи по еднаш го имаат освојувано драгоцениот пехар на ФФМ, но триумфот би бил мелем за душата на "романичарите", кои не ја одбранија титулата, додека "лавовите" комплетно ќе ја крунисаат својата доминација во мак - фудбалот.
Пред натпреварот претставниците на двата табора потврдија дека нијансите ќе го одлучат годинашниот победник и додадоа дека борбеноста е најважен фактот во ваквите дуели помеѓу противниците кои добро се познаваат.
- Ја пишуваме историјата на овој клуб. Искрено, јас очекувам да ја освоиме двојната круна. Можам да потврдам дека сите фудбалери се во комбинација за овој финален натпревар. Знам дека ќе одговорат на предизвикот. Се надевам дека ова ќе биде последно финале што се игра во овој термин, без рефлектори. Многу е тешко да се игра на вакво време, изјави Илчо Ѓоргиоски, тренерот на Македонија ЃП.
Неговиот колега од спротивната страна, Гордан Здравков, смета дека само со триумф може да се спаси сезоната на Работнички.
- Сакаме да освоиме една титула. Само со истата можеме да ја спасиме оваа сезона. Постои голема разлика помеѓу првенствените и куп натпреварите. Тука победува тој што ќе направи помалку грешки. Еден индивидуален потег ќе го реши победникот. Сите фудбалери ми се на располагање. Нека биде вистински празник на фудбалот, изјави тренерот на Работнички.
"Лавовите" сезонава ги красеше колективниот дух и постојаноство формата.
- Имавме најмалку осцилации во играта. Двојната круна би била награда за играта во првенството, истакна Бобан Милевски, капитенот на Македонија ЃП.
За капитенот на "романтичари", Раденко Бојовиќ во финалето не е битна тактиката, тука решавачки се борбеноста и желбата за победада.
- Да ги оправдаме очекувањата на нашите верни навивачи. Сите сакаме да славиме во неделното финале. Ова е доказ дека овие два клуба се најквалитетните во Македонија. Ќе играат најдобрите и најподготвените. Очекувам максимално борбеност и тоа може да го реши победникот, изјави српскиот интернационалец.
Досегашни пбедници
1993: Вардар
1994: Силекс
1995: Вардар
1996: Слога
1997: Силекс
1998: Вардар
1999: Вардар
2000: Слога Ј.
2001: Пелистер
2002: Победа
2003: Цементарница
2004: Слога Ј.
2005: Башкими
2006: Македонија ЃП
2007: Вардар
2008: Работнички К.
2009: ?
 
Ај идам на стадион,ќе дискутираме после

Со среќа на двете екипи:smir:
 
Типував на нерешено ..
 
Честито куп титула Работнички! Иако ова финале беше убедливо најслабото до сега, сепак Работнички заслужено победи. Имаа 3 шанси искористија една, а Џорче 100% учинок, 1 шанса 1 гол :)

За навивањето на двете навивачки групи НОУ КОМЕНТ, сепак подобро ќе беше финалево да не се игра на Градски, да не може да се соберат по 200 души на финале на куп навистина е жално и срамно...
 
Ако Македонија ја обезбеди титулата во првенството (можда е и веќе обезбедена) тогаш повеќе од сигурно ке победи Работнички.

Оууу јеа! Гледате дека погодив. Македонска работа :tapp:
 
Честито куп титула Работнички! Иако ова финале беше убедливо најслабото до сега, сепак Работнички заслужено победи. Имаа 3 шанси искористија една, а Џорче 100% учинок, 1 шанса 1 гол :)

За навивањето на двете навивачки групи НОУ КОМЕНТ, сепак подобро ќе беше финалево да не се игра на Градски, да не може да се соберат по 200 души на финале на куп навистина е жално и срамно...
Види тоа беше и за очекување, друже
 
Ех, им се врати сега како бумеранг 2006-та на Македонија Ѓорче Петров. Тогаш дадоа гол последната минута и го освоија купот против Шкендија, сега примија гол во последните минути, а толку блиску им беше купот. А атмосферата надвор од теренот тапа, во споредба со тоа 2006 та кога само од Тетово имаше 5000+ навивачи.(убедливо најголемо гостување во Македонија досега)
 
Цел исток и север:icon_lol:
 
Што ви е вас проблемот на сите не знам????
Навиваењето тапа..........да да алал нека ви е,тапа беше.Вие ако сте поарни нешто од нас,не знам..........Од наша страна се навиваа сите 120 минути и пеналите.........со срце навивавме дури и кога врнеше истураше и пак не се откажавме,и кај Легија беше така,освен некои дечки што им избегаа одма под стреа да не наврнат....ај доста ви беше сонувајте само дека сте најдобри.Ке се пронајдете сами во ова последново..:helou::baeh:
 
Што ви е вас проблемот на сите не знам????
Навиваењето тапа..........да да алал нека ви е,тапа беше.Вие ако сте поарни нешто од нас,не знам..........Од наша страна се навиваа сите 120 минути и пеналите.........со срце навивавме дури и кога врнеше истураше и пак не се откажавме,и кај Легија беше така,освен некои дечки што им избегаа одма под стреа да не наврнат....ај доста ви беше сонувајте само дека сте најдобри.Ке се пронајдете сами во ова последново..:helou::baeh:
Секоја чест за тебе и другарите кои што навивале и во дожд, па и на дузината од Легија 5, ама бива ли финале на купот на една држава а толку малку публика???
Колку и да навиваат 300 души ништо не се слуша (особено кога има дожд:toe:, Или пак можеби од ТВ преносот да било да немало доволно озвучување на трибините)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom