- Член од
- 25 септември 2008
- Мислења
- 8.785
- Поени од реакции
- 1.556
- Возраст
- 30
На финалниот натпревар во купот на Македонија во фудбал на 24-ти Мај на „Градски“ ќе се сретнат ФК Работнички и ФК Македонија Ѓорче Петров.
И покрај минималните порази во полуфиналните втори натпревари, двете екипи беа подобри од противниците во севкупниот резултат и со тоа се пласираа во финалето на купот.
Уште една сличност меѓу овие две екипи е и тоа што и двете ќе се борат за својот втор трофеј во најмасовното натпреварување во Македонија.
Македонија Ѓорче Петров ќе го напаѓа, Работнички ќе го брани тронот во нашиот фудбалски куп. Скопските ривали ја одбранија предноста во реваншите од полуфиналето. Како одлучувачка за финалистите се покажа предноста од првите полуфинални мечеви. Во реванш полуфиналните мечеви одиграни денеска Работнички загуби од Шкендија со 1:0, но поради триумфот од 3:1 на "Градски" во Скопје од пред четири недели ќе има шанса да ја брани титулата освоена минатата година. Шкендија поведе уште во 5та минута со голот на Ертан Хасан, но не успеа да постигне уште еден гол со кој ќе го елиминираше Работнички.
Милано во Куманово успеа да ја совлада Македонија ЃП со 1:0, но не и да ја анулира предноста на Ѓорчепетровци од 2:0 по првиот полуфинален дуел. Тоа значи дека "лавовите" се на добар пат да ја освојат и двојната круна сезонава, со оглед на фактот дека на 4 кола до крајот на националниот шампионат имаат 8 бода предност во однос на второпласираната Ренова, а 10 во однос на Милано кој е третопласиран на табелата. Гешовски во 54та минута беше стрелец на единствениот гол на натпреварот.
Работнички со пласманот во финалето најверојатно ќе обезбеди и учество во Европа, бидејќи се поизвесно е дека Македонија Ѓорче Петров ќе биде новиот шампион на Македонија кој ќе земе учество во квалификациите од Лигата на Шампионите.
Резултати, полуфинале, Куп на Македонија:
Шкендија - Работнички 1:0
Гешовски 54' (1-3 резултат од првиот полуфинален меч)
Милано - Македонија ЃП 1:0
Хасан 4' (0-2 резултат од првиот полуфинален меч).