Протести за 1 Мај ширум светот
Први мај одбележан со протести
Во многу градови во цел свет имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите откако работниците излегоа на првомајските маршеви и протести.
Многумина ја искористија можноста да ја осудат светската економска криза.
Во Истанбул, полицијата со солзавец и шмркови се судри со демонстрантите кои фрлаа молотов-коктели и ги напаѓаа банките и продавниците.
Германската полиција во Берлин пак уапси десетици луѓе откако демонстрантите запалија автомобили.
Грчката полиција се бореше да ги растури демонстрациите во Атина откако беа нападнати некои банки.
Протестни маршеви имаше и во Франција, Русија, Филипините и Хонг Конг.