Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Се ближи Први Мај-традиционалниот празник кој се прославува во природа. Знаеме и дека на тој празник за време на прославата се јаде и пие. А знаеме и дека по завршувањето на прославата зад себе оставаме еден куп ѓубре расфрлано на секаде и така излетничките места ги претвораме во депонии, за кои можеме слободно да кажеме дека всушност со текот на годините излетничките места се вистински депонии на кои ние излегуваме за Први Мај.
Би сакал да поставам прашања:
Дали оваа година кај вас ќе преовладува стравот од новиот закон со кој фрлањето на отпадоци се казнува со 50 евра или нема да ви биде страв и неодговорно ќе се однесувате?
Дали вие и до сега одговорно се однесувате и отпадокот го собирате и го фрлате во канти или ако нема канти го собирате и го носите дома?
Дали некому ќе делувате превентивно до колку видите дека тој се однесува неодговорно, фрлајќи отпад?
Јас никогаш не сум се однесувал неодговорно и секогаш отпадокот, кој јас и друштвото со кое сум на излет сме го правеле, сме го собирале и сме го враќале дома, така што местото каде што сме биле на излет сме го оставале и го оставаме чисто. Се случувало да собереме и дел од отпадокот и на други кои го оставиле зад себе.
Какви сте вие?