Tonchie
BATTERY +
Министерството за животна средина одлучи примероците што ги земаше од каналот преку кој рафинеријата „Окта“ ги испушта отпадните води да не се праќаат во странство. Од Министерството велат дека причина за тоа било што последните примероци што биле земени се покажале како добри. Затоа од таму сега најавуваат дека ќе ја чекаат рафинеријата на грешка и дека константно ќе земаат примероци од каналот.
Фирус Мемет, директор на Државниот инспекторат за животна средина објаснува дека конечните резултати за загадувањето се добиваат така што се пресметуваат добиените податоци од сите супстанции што се мерат и така се формира коефициент. Но нафтените јагленоводороди може да се испитаат само со течен хроматограф, техника со која не располагаат нашите лаборатории, а без тоа не може да се добие целосна слика за степенот на загаденост.
- Со одлуката да не ги праќаме примероците во странство ние им правиме услуга на граѓаните. Убеден дека сега тие би покажале дека штетните материи се во рамките на дозволените граници, а можеби и помалку од тоа. Ако ги испратиме сега, само ќе ја пропуштиме шансата да го решиме проблемот, а може да ги добиеме сосема спротивните резултати од посакуваните. Ние сега ќе ги чекаме на грешка. Од следната недела би требало да имаме состанок со координативното тело и да се договориме околу целата ситуација- кажа Мемет.
Миливое Станковски, претседател на координативното тело на жителите од Миладиновци објасни дека сега откако завршиле изборите месното население имало намера да врши посилен притисок и врз градоначалникот на Илинден Жика Стојановски и врз Министерството за животна средина.
- Граѓаните ни прават притисок на нас, членовите на ова координативно тело. Сите ветуваа дека ќе се преземат мерки по изборите, велеа дека треба да почекаме да заврши тој процес. Еве изборите завршија, а се уште никој ништо не презема. Требаше прво тука да се испитаат примероците, па тоа не успеа, ни рекоа нас самите да си најдеме лабораторија а тие да ги платат, па потоа решија да праќаат во странство, па се премислија... Не знам зошто ги менуваат плановите толку брзо, на секои два дена. Повеќе од потребно е да одржиме еден состанок и да ја разгледаме целата ситуација - вели Станковски.
Градоначалникот Жика Стојановски ветуваше дека уште веднаш ќе се зафати со решавање на овој проблем откако ќе завршат изборите. Миладиновчани се уште го чекаат да си го исполни тоа ветување.
А.М.Д.
Извор: Нова Македонија
За ова болдираново, ќе го сликам каналот да видите какво чудовиште излегува од рафинеријата.
Не знам зошто толку долго се толерираат грчиштана?!