Се имате ли онесвестено?

  • Креатор на темата Креатор на темата Alley
  • Време на започнување Време на започнување
Го имам пробано методов али нешо не делува, дали треба појака снага :raz:

Можда. Јас сакам пак да го пробам после 15 години ама сега ко страв да ме фајча...
 
Јас еднаш се имам онесвестено на работа ама не беше нешто сериозно пошто брзо се вратив во живот.

Немав спиено цела ноќ претходно и бев преморен ама морав да идам на работа утредента, и при крај почнав цел да се потам ненорамлно (како шок кога имаш) и да губам слика, се бело ми беше пред очи и осеќам ко да ми врие крвта, и после некое време почнав да се враќам во свест ама у друга соба (ме однеле на страна) и почнав да се стабилизирам... Беше језиво ама брзо се вратив во нормала за среќа. Нормално одма ме однесоа на преглед ама не беше нешто сериозно така да само дома ме однесоа и право во кревет, после спиев скоро 20 саати ЛОЛ
 
За среќа досега не!
Е па вака тогаш: викни другар/ка и кажи му/и откако забрзано ќе вдишеш и издишеш 15-20 пати силно да те стегне со двете раце за вратот, како да те дави и за неколку секунди си даун после што со благо шамарење се враќаш ап и се прашуваш како си се нашол тука - најјакото чувство на свет! Мојата најомилена игра од детството...
Брат ми долго време ме убедуваше да го испроба ова на мене за да видам како е ама никогаш не му дозволив :nenene:
 
Е па вака тогаш: викни другар/ка и кажи му/и откако забрзано ќе вдишеш и издишеш 15-20 пати силно да те стегне со двете раце за вратот, како да те дави и за неколку секунди си даун после што со благо шамарење се враќаш ап и се прашуваш како си се нашол тука - најјакото чувство на свет! Мојата најомилена игра од детството...

Сега ќе пробам.

Инкау он: 3 пати до сега:Еднаш на водици кај Вардар,еднаш на Велигден во црква и еднаш на екскурзија во куќата на Кочо Рацин во Велес.
 
Фала Богу никогаш, а патам од низок притисок од кога знам за себе, имало денови кога ме прателе тешки вртоглавици и таква секогаш сум била во движење и не ми се случило да се онесвестам.

Се прашувам како е тоа можно.
 
Јас се имам еднаш онесвестено од не јадење 3 дена, и најтрагично беше тоа што се онесвестив пред скалите и така си се струполив доле и си добив гратис потрес на мозокот....
 
Фала му на Бога, никогаш до сега...
 
Па и не беше баш онесвестување. Пред месец дена кога ја скршив ногава. Ја скршив вечерта во 3 саатот по полноќ и се инаетев дека само сум ја свиткала и дека не ми е ништо иако не можев да стапнам. Кога станав сабајлето ногата буквално ми беше потечена. Пробав да стапнам и од болка ми се слоши ми се стемна и паднав на креветот. Некоја минутка ми беше се темно пред очи и ми се вртеше. Лошо лошо...
 
Сличен случај само јас се онесвестив кога ги скинав лигаментите на скочниот зглоб, а иначе класично онесвестување до сега фала му на господ не ми се десило!
 
Е па вака тогаш: викни другар/ка и кажи му/и откако забрзано ќе вдишеш и издишеш 15-20 пати силно да те стегне со двете раце за вратот, како да те дави и за неколку секунди си даун после што со благо шамарење се враќаш ап и се прашуваш како си се нашол тука - најјакото чувство на свет! Мојата најомилена игра од детството...

ова го имаме правено преку 20 пати и многууууу е закон , значи ... финтата е будењето.. тоа чувство не се опишува мора да го почувствуваш! Онака полека се будиш, почнуваш да стануваш свесен, да слушаш и наеднаш се присетуваш дека нешто се десило и ти текнува дека усфари на тебе ти се десило и дека си онесвестен и имаш илузија ко да поминало голем временски интервал. Оргазми е чувството :)
САМО

не знам какви последици може да има од ова и дали е здраво односно нездраво, и дали е безбедно? на нет барав ама не најдов... ако некој има информации нека пише.

исто така се имам онесвестено пред многу години едно сабајле се будам дека имав труење нејадев не пиев, ништо се будам одам докај мајками во спална и трус на земја.. со муцката на подот. После проодев малце почна да ми се темни седнав и добро беше ме однесе таткоми во болница, и на шалтер како што чекавме јас стоев.. дека имаше гужва и туп нишо не се сеќавам и наеднаш се будам, околу мене доктори мајками таткоми плачат, ме легнуваат, ми мерат притисок ау.. 7 дена окапав у болница -.-
 
Како студентка во Скопје - во јуни месец во автобус 19. Ужасно чувство - грозно!!! На еден чекор пред слегување - автобусот намалува брзина и едноставно оп троп - јас паднав во автобус. Нема Чувство ни на гадење, ни лошење - најверојатно бев преморена 2-3 дена пред тоа, па сонцето, па воздух ....и се случи да си носам спомен на главата долго време :nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom