Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ова е многу "паметно" прашање од страна на госпоѓата. Ако децата се прашаат, тие ни во школо не би иделе. Какви гафови се овие, секојдневно се надминуваат себеси.Директорката на Првата детска амбасада „Меѓаши“, Гордана Пирковска-Змијанац, смета дека ако зад хепенингот стојат вероучителите или родителите, може да се зборува за злоупотреба на децата.
- Ако учеството на хепенингот е иницијатива на самите деца и искажување нивна заинтересираност да учат веронаука, ја поздравуваме таа иницијатива. Децата требаше да бидат прашани дали сакаат да учат веронаука пред таа да се воведе во училиштата, но дали навистина тие одлучија или од нивно име тоа го направија родителите - прашува таа.
Финасирањето на веронауката во училиштата ќе беше со пари од буџетот...Друго, барем мене ми е нејасно. Како ќе се финансираше ова школување. Дали од фондот за образование, дали од друга ставка од буџетот или верските организации ќе даваат пари. Практично првите 2 опции (од гледна точка на оние вон било која верска заедница и оние верски заедници кои ради малубројност нема да влезат во програмата за ваква настава) не би биле пожелни. Или пак ќе плаќавме одредена сума ние родителите кои ги имаме децата пријавено за настава.
Ако некој има информации како ова (доколку не беше укинато од Уставен) би функционирало со финансирање не е лошо да ги сподели.
Фала Маркус, со ова сакав да си ја расчистам дилемата за изворот на средства и за правото на сите или неколку верски заедници да учествуваат во овој образовен процес. Гледам дека со ова (иако сум присталица на овој вид учење) се отвораат нови дилеми и нови проблеми, работите може да се замрсат премногу па ни сечење на јазолот нема да помогне-практично домино ефект.Финасирањето на веронауката во училиштата ќе беше со пари од буџетот...
Од 11 верски заедници само 5 имаа право на веронаука во училиштата..оние пак кои се атеисти..немаа никаков избор...ама нивните пари пак ќе одеа за некои повисоки цели..општо добро