Економска криза или неспособност?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно не ти се јасни неколку работи околу Поповски....или евентуално партиската припадност не ти дозволува да кажеш нешто поразлично.

Имено во време на минестерувањето на Поповски, буџетот не се пумпаше со цедење на последниот денар од џебот на граѓаните со разноразни казни, даноци, инспекции, непотребни партиски вработувања во администрацијата ......., туку со штедење и трошење државни пари само таму каде што е потребно.
Наспроти тоа во последниве три години, беспредметно или бесцелно по моја лична проценка се потрошени над 600 милиони евра.

Минестерувањето на Поповски беше лош период за неговата партија, бидејќи многу партиски вработувања и проекти не беа реализирани токму по негова заслуга, но сето тоа одеше во прилог на државниот буџет и трошењето народни пари.


Сеа може и ќе ти текне зошто одамна не го играат во СДСМ.


Што беше ?

Славјански, има нешто неточно во неговата колумна ?

Ај те молам посочи ми.

Како бе лична процена 600 милиони евра ?
Еве по моја лична процена СДСМ испумпа од Македонија со приватизацијата 35 милијарди евра. Точно е ?

Парите се собираат со зголемена наплата на даноците, сузбивање на трговијата на црно итн..

Инаку ако мене нешто ми го погаѓа буџетот тоа се општинските и градските давачки кои се качија за 150% а за возврат го добивме истото безобразие.

Погледај им го бекграундот на овие во врвот на ДПМНЕ што се за економија.
Цело СДСМ да го собереш со се фамилиите нивни на правниот и економски факултет нема да имаат CV, како на пример Зоран Ставревски.
 
некогаш и не чини премногу да штедиш џабе лежи мртва пара....се кочи развојот, треба да знаеш кај да штедиш а кај да даваш, е овој тоа не го знаеше па така пропаднаа многу фондови и донации за проекти.
воне океј е тоа ама види што се случува

Имам впечаток дека влдава мисли дека сево ова е некоја симулациска игра и дека можат да прават што сакаат и дека утре нема да има последици
 
па ако не со моите врсници си фурам муабет ;)
a кога сме до равенките и тука ќе те заебам верувам дека поопасен сум во решавање и нема непознати за мене равенки ама за тебе има
терај си така само фала богу што малку се тие што размиуслуваат ко тебе и рубинчо во државава
Јас ке ги замолам админите да реагираат на вакви офтопици, бидејќи нивото на дискусија на секоја тема паѓа токму од вакви како овој. И после ќе се чудите зошто газда мистик сака да го затвори подфорумот политика.
 
воне океј е тоа ама види што се случува

Имам впечаток дека влдава мисли дека сево ова е некоја симулациска игра и дека можат да прават што сакаат и дека утре нема да има последици

Гледам што се случува и не гледам некоја разлика освен во нијансите.....:toe:
 
Најверојатно не ти се јасни неколку работи околу Поповски....или евентуално партиската припадност не ти дозволува да кажеш нешто поразлично.

Имено во време на минестерувањето на Поповски, буџетот не се пумпаше со цедење на последниот денар од џебот на граѓаните со разноразни казни, даноци, инспекции, непотребни партиски вработувања во администрацијата ......., туку со штедење и трошење државни пари само таму каде што е потребно.
Наспроти тоа во последниве три години, беспредметно или бесцелно по моја лична проценка се потрошени над 600 милиони евра.

Минестерувањето на Поповски беше лош период за неговата партија, бидејќи многу партиски вработувања и проекти не беа реализирани токму по негова заслуга, но сето тоа одеше во прилог на државниот буџет и трошењето народни пари.

Сеа може и ќе ти текне зошто одамна не го играат во СДСМ.
Сакаш да кажеш дека Поповски бил душичка во поглед на граѓаните и буџетот го полнел со доброволен прилог. Мислам дека Поповски беше еден од најнеискусните министри, затоа што неговата стручност пред тоа никогаш не ја надоградил и усовршил преку работа, туку во министерската фотеља влета по партиски клуч и политичка одлука, ако не се лажам кога тој беше член на ЦК на СДСМ.
А тоа што одамна не го играат во СДСМ не е сигурно заради квалитетот, туку заради лоби групите што ги има во партиите. Ете сега има шанса со враќањето на Бранко, па пак да се врати.
 
Јас ке ги замолам админите да реагираат на вакви офтопици, бидејќи нивото на дискусија на секоја тема паѓа токму од вакви како овој. И после ќе се чудите зошто газда мистик сака да го затвори подфорумот политика.

а ти демек не претеруваш со оф топици по темиве?
или ко ќе немаш што да вратиш ..
 
Како бе лична процена 600 милиони евра ?
Како па ти подолу 35 милијарди евра. Еве јас веднаш ќе ти кажам дека за три години само за партиското рекламирање се има потрошено над 150 милиони евра.
Еве по моја лична процена СДСМ испумпа од Македонија со приватизацијата 35 милијарди евра. Точно е ?
Имаш претстава колку тежи денешната економија ? Чисто ради споредба.
Парите се собираат со зголемена наплата на даноците, сузбивање на трговијата на црно итн..
Зголемена наплата на даноци.....казни, партиски вработувања, инспекции и џандари на процент......
Погледај им го бекграундот на овие во врвот на ДПМНЕ што се за економија.
Цело СДСМ да го собереш со се фамилиите нивни на правниот и економски факултет нема да имаат CV, како на пример Зоран Ставревски.
Коа ќе го погледнам бекграундот на оној што ја води државава ми се плаче, па затоа и не продолжувам да гледам понатаму.
а ти демек не претеруваш со оф топици по темиве?
или ко ќе немаш што да вратиш ..
Keep walking.......
 
еве еден преедлог за да малце да тргне на дебатата како што треба

cv на сегашниов министер за економија славевски и поповски за споредба
пошто гледам дека сте се фатиле за тоа барем сите информации да ни бидат на маса
 
Ајде бреее вој најде да кажува за економија пропаднатиов, не паметам нешто да направи додека беше министер.
Во светот илјадници работници остануваат без работа, најде да крека ваму што многу не се сети кризата.
 
еве еден преедлог за да малце да тргне на дебатата како што треба

cv на сегашниов министер за економија славевски и поповски за споредба
пошто гледам дека сте се фатиле за тоа барем сите информации да ни бидат на маса

Веројатно ти ќе мораш да се потрудиш околу СВ-ата како поставувач на темава.
 
Веројатно ти ќе мораш да се потрудиш околу СВ-ата како поставувач на темава.
ме мрзи
плус не сум на платен список на ниедна партија
не верував дека кога ја ставив темава дека ќе се фатат за тоа кој е полош министер славевски или поповски
 
ме мрзи
плус не сум на платен список на ниедна партија
не верував дека кога ја ставив темава дека ќе се фатат за тоа кој е полош министер славевски или поповски

Па зошто ја отвори темата за што треба да се фатат?:smir::helou:
 
Na narodot mu e TOLKU MNOGU preku takvoto od sds shto samiot niven (barem mojot de :) mozok ednostavno ne gi ni registrira nivnite izjavi,komentri...
Nitu gi gledam,nitu gi chitam lugje veruvajte!
sds nemaat kredibilitet lugje! NIKAKOV!!
Namesto da se srekjni shto narodov Makedonski ne gi izbesi po banderite ushte vo 90-tite, oni ushte solat pamet eeeej!!!
I ovde nekoi nafatirani kopiljaci,prodadeni dushi na platen spisok ili nekoja druga bagra ke soli pamet!
abe begaj da ne ti stanam! :pishtoldz
 
Па зошто ја отвори темата за што треба да се фатат?:smir::helou:
да си ја чукнат главата малце и да почнат да гледаат колку лош економски тим има оваа влада и ако може да се отвори петиција со јавно барање славески да биде крвна жртва
 
ме мрзи
плус не сум на платен список на ниедна партија
не верував дека кога ја ставив темава дека ќе се фатат за тоа кој е полош министер славевски или поповски
Дескридитирањето на Поповски е единствениот аргумент кои го имаат моите соговорници на темава.

Они би за се, само за она кое тој го напишал не.

Што е најжалосно јас мислам дека 95% од оние кои оставиле коментар на темава, го немат ни прочитано текстот.

Ај еден рипит на колумната, и ги замолувам следните дискутанти да го издвојат делот со кој не се согласуваат, па да продискутираме аргументирано :smir:

Кризата и Владата
Светската криза нема никаква врска со промашеното управување со процесите околу „Сведмилк“ и други такви случаи. Каква е релацијата меѓу светската криза и масовното колење на добитокот во Македонија?Никаква. Тој процес е во рамките на релацијата меѓу Владата, нејзината погрешна и еуфорична политика и сточарите во земјава

Кога светската економија и побарувачката во светот се движат по нагорна линија тоа влијае и на македонската економија, па нашата влада прави прес-конференции на кои си ги присвојува резултатите само за себе. Кога нашата економија оди надолу, Владата бега од прес-конференции и вината ја префрла само на светската криза. Еднаш ги крие, другпат ги потенцира влијанијата на светската економија врз македонската. Тоа засега успешно функционира. Мнозинството граѓани на земјава навистина мислат дека позитивните движења во економијата се резултат на владината политика, а негативните на светската криза. Како нашава влада да е безгрешна. А таа е грешна до гуша. Пред пет месеци сите предупредуваа дека владината економска политика за 2009 година е неиздржана, но Владата си тераше по свое и ги усвои мерките, а на Собранието му поттури буџет кој е неодржлив и штетен за економијата на земјава. Денес тоа се потврдува. Сега Владата, иако со задоцнување, почнува да ретерира. Каква врска со ваквата грешка има светската криза, освен што владата при очи се правеше слепа? Никаква.

Дефицитот на општиот буџет за 2009 година е погрешно планиран на близу 3 отсто од годишниот БДП на земјата и тоа ја турка Владата во постојани, дури и месечни задолжувања, за да си ги обезбеди парите за финансирање на дефицитот на буџетот. Таа грешка го доведе Министерството за финансии во состојба да мора да ги зголеми каматите на трезорските записи за да ги привлече проектираните средства од банките, населението и претпријатијата. Тоа што на сите им беше јасно е дека тоа ќе ги зголеми и каматите на благајничките записи на НБМ, но и каматите на банкарските кредити за населението и корпоративниот сектор. Реакцијата на пазарот беше молскавична. Тоа се случи во рок од четири недели. Единствено власта го сфати тоа предоцна, откако каматите отидоа до небо. Последиците по населението и економијата се веќе големи. Но затоа Владата сега најавува корекција на сопствената грешка со поголема грешка. За финансирање на дефицитот ќе се задолжува во странство иако таа не мораше воопшто да се случи. Каква врска со оваа кусогледост на Владата има светската криза? Никаква. Таа единствено има врска со погрешната економска политика.

Во времето на евидентниот раст на светската економија, на огромните финансиските вишоци на пазарите и инвестицискиот бум во светот од 2006 до 2008 година Владата ги отфрли сите понуди за инвестиции во енергетскиот сектор од страна на реномирани странски компании. Немаше храброст (или нешто друго немаше?) да влезе во барем еден голем и вистински проект. Освен ако за големи не се сметаат проектите за изградба на некој музеј, некоја фискултурна сала или изработка на еееј... бронзана скулптура. Сега веќе е доцна. Сега нема заинтересирани инвеститори, што би се рекло „и со боринче да ги бараш“. Ако некој немаше добра процена, тоа е само Владата и никој друг. Тоа нема никаква врска со светската криза. На крајот од краиштата, оваа Влада без сериозно образложение ги поништи и вредните инвестициски преддоговори со странски компании што ги наследи од претходната власт.Поради погрешната надворешна политика на Владата, која сопствената непромислена агресија ја насочи на погрешна страна, земјава веќе губи околу 60 милиони евра поволни кредити од Европската банка за обнова и развој за изградба на патишта во земјава. Како тука влијаела светската криза? Никако. Влијаела само лошата владина политика.

Кога Владата на Македонија во 2007 година непромислено се засили во однос на процената за сопствената моќ, прво го истера ММФ од земјава и се' до пред една недела ја исмеваше оваа институција нарекувајќи ја со погрдни зборови, испраќајќи ја во историјата и во вечните ловишта. Сега конечно почна да ја преиспитува таа своја грешка, но нема сила самата да ја признае, па јавно повикува професори и стопански комори да и' укажат на сопствените грешки, за подоцна таа да соопшти дека ги прифаќа нивните сугестии, а не дека таа згрешила и се премислила. Ниту со ваквата грешка, светската криза нема ама баш никаква врска, како што нема ниту со промашеното управување со процесите околу „Сведмилк“ и други такви случаи. Каква е релацијата меѓу светската криза и масовното колење на добитокот, особено кравите, во Македонија? Никаква. Тој процес е во рамките на релацијата меѓу Владата, нејзината погрешна и еуфорична, но непромислена политика и сточарите во земјава.

Какво влијание има светската криза со неспособноста на здравствените власти во земјава да реализираат јавна набавка на здравствена опрема за 40 милиони евра, која со прес-конференција на целата Влада ја најави премиерот пред повеќе од две години, а потоа неколку пати ја одложуваа од само ним познати причини? Деновиве по кој знае којпат повторно се распишува јавен повик за истата таа опрема и истите тие пари.Какво е влијанието на светската криза врз компјутерите за училиштата што одамна се набавени и оттогаш се оставани да скапуваат по училишните подруми (заедно со парите потрошени за нив) и бесполезно да стојат по училниците со единствена задача да им ја намалат корисната површина на училишните клупи? Многу вакви прашања може да се постават што немаат никаква врска со светската криза, а кои Владата ги маскира со божемните светски случувања. Тоа веќе долго трае, но веројатно не може предолго да трае. Еден ден проблемите што власта, а не светот, сама ги создаде ќе испливаат на површината, а со нив и виновниците за тоа.
Никола Поповски

Па зошто ја отвори темата за што треба да се фатат?:smir::helou:
За Даб....овај за Крале Марко :)

Или евентуално за тектот погоре :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom