leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Ајде малку да зборуваме за економија,а не за политика
За да зборуваш за економија,податоците мора да ги изнесеш на маса.Лично мое мислење,настрана неговата политичка партија,е дека овој човек што ја напишал колумната е најдобриот министер за финансии кој сме го имале.Честопати знам да кажам и најскржавиот министер.Резултатите кој му се препишуваат нему,не може да се споредат ниту со еден друг министер.Човекот си ја знаеше работата.Во тој период 2003-2006 Македонија беше макроекономски најастабилна.И при тоа да напоменам дека треба малку да поработиш,па да добиеш резултати.Оние економски показатели од 2006 се на негова сметка,да не ги мешаме работите со политички дим.Само ќе ви приоложам некои податоци,а вие споредети го денешните:годишен извештај на НБРМ за 2005)
-просечна годишна стапка на инфлација од 0,5%.
-реален пораст на БДП од 4%
-намалување на дефицитот во тековната сметка од 7,7% на 1,3% од БДП), дисциплинирана фискална политика (0,2% суфицит во консолидираниот државен буџет)
-до вишок нето-откуп на девизи од девизниот пазар и соодветно зголемување на бруто девизни резерви.
И она за што говорам,стабилна макроекономска води кон пораст на стопанство.Само текот на каматната стапка на благајнчки записи погледнете го од 10% на 8,4% 2005,за во 2006 6,4% до 6,1%.Како паѓаат овие камати,паѓаат и за граѓаните.2006 година е најсупешната година на Р.Македонија во економски план,да беа сите такви сега на пари ќе спиевме,ама пак некаде се погреши.
Сакав да напоменам дека девизните резерви никогаш не беа пополни од тоа време,ниту некогаш ќе бидат.
Е сега прашањето е зошто со вакви показатели ние останавме со 30% невработеност.Зошто ние како граѓани,не осетивме ништо од тој економски бум,освен што се задолживме во банките.Зошто некој крадел.Каде се парите,кои проекти ги направија неговите соработници,Илинка дома не се прибра 4 години,прашајте ја каде и студираат синовите,за останатите да не зборам ич,бетер се.
Ич немаме среќа значи,или некој знае да работи,па не краде при здрави очи или некој врска нема од економија па пропаѓаме.И во двата случаеви ние губиме.Е до кога така ќе одиме,јас гласам засекогаш,бидејќи толку сме овци како нација и секогаш гласаме за партија,а не за човек.Ако ни е!
Еве состојба денес,макроекономска,за споредба само:
-Советот на НБРМ беше информиран за најновите макроекономски движења во првите два месеца од 2009 година. Годишната стапка на инфлација, согласно со очекувањата, во јануари 2009 година бележи натамошно забавување и изнесува 1,7%, при висока споредбена основа од претходната година. Со состојба на 31.01.2009 година, бруто девизните резерви изнесуваат 1.441,8 милиони евра и во однос на крајот на 2008 година се пониски за 53,2 милиони евра. Во јануари, НБРМ интервенира на девизниот пазар со нето-продажба на девизи, во првата половина од февруари интервенциите беа помали, додека во досегашниот период од втората половина на февруари нема интервенции. Со оглед на применуваната монетарна стратегија, НБРМ ќе продолжи да интервенира на девизниот пазар доколку тоа биде потребно. Во февруари започна спроведувањето на аукциите на девизни депозити кај НБРМ, како нов инструмент преку кој банките имаат можност да ги пласираат девизните средства кај НБРМ наместо во странство, со што се намалува нивната изложеност на кредитен ризик. Во јануари 2009 година, во споредба со јануари 2008 година, вкупните депозити на банките се повисоки за 10,3%, при истовремен пораст на вкупните кредити на банките кај приватниот сектор од 32,1%. Ваквите движења укажуваат на продолжување на трендот на постепено забавување на монетарниот и кредитниот раст од претходната година. Согласно со последната Анкета на НБРМ за кредитната активност на банките, банките очекуваат намалена побарувачка за кредити во првиот квартал од 2009 година, а воедно упатуваат и на натамошно заострување на кредитните услови. НБРМ продолжува во континуитет да ги следи макроекономските движења и останува подготвена за преземање мерки, доколку е тоа неопходно, во функција на остварување на целите на монетарната политика.
За дефицитот зборев на друга тема (како македонија да застане на нозе) од таму можете да земете податоци.
Пријатни празници:back: