Крај на верското образование во училиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
Тогаш ќе те молам, дефинирај што е “изборен предмет’’?!

Изборен предмет, факултативен, незадолжителен, доброволен.

Затоа и неможе да станува збор за нарушување на секуларноста.

Кога имаш 2 (или повеќе) изборни предмети, тоа значи дека ти се ставени на избор. Но, еден (или неколку доколку се повеќе изборни) од нив мора да избереш.

Веронауката и Историја на религиите беа 2 изборни предмети и учениците се определуваа за едниот меѓу нив.

На факултет таквите предмети ги нарекувавме “задолжителни изборни“, со оглед на фактот дека од 3 изборни предмети моравме да се одлучиме за 2.

Но со сегашната одлука на Уставниот сид -- кој, патем, игра по гајдата на СДСМ -- се забранува такво нешто, иако тоа изгледа е уставно заштитена категорија:

ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СЕ ПОЧИТУВА ПОЛОВИЧНО

Не учиме за верата, само се запознаваме </SPAN>

Владата не ја почитува целосно одлуката на Уставниот суд за укинување на верското образование во основните училишта, велат експертите по уставно право. Министерството за образование објави дека ќе биде прекината наставата по веронаука, но предметот запознавање со религиите останува како дел од наставата, со тоа што учениците што го одбрале тој предмет ќе имаат една оценка повеќе на крајот од учебната година, за разлика од учениците што досега изучуваа веронаука.

Токму продолжувањето на наставата по предметот запознавање со религиите е спорно за експертите по уставно право, кои тврдат дека одлуката на Уставниот суд не е испочитувана до крај. - Одлуката е објавена во „Службен весник“ и таа треба да се спроведе во целост. Нема тука толкување како мисли Министерството или како мисли некој друг. Судската одлука е јасна и се однесува на сите предмети кои се внесени во програмата со измените на Законот за основно образование. Одредбата се укинува, а со тоа и предметите веронаука и запознавање со религии - вели
Осман Кадриу, професор на Универзитетот ФОН. Таквиот став го делат и другите правни експерти кои ги консултиравме. :kesa: Според нив, ако тој предмет се занимава со историски факти, тогаш не постои проблем, но кога во него, на пример, Исус се опишува како човек со посебна моќ дадена од Бога, а за тоа нема научни докази, тука има религиозна димензија, а токму на тоа и се однесува одлуката на Уставниот суд. - Тоа се верувања кои не се засновани на факти.

Министерството за образование ќе мора да објасни во кој акт, дали во наставни планови, програми, правилник за определување предмети или во Законот за основно образование е предвиден предмет запознавање со религии, односно каде е наведена содржината на тој предмет - вели поранешен судија во Уставниот суд. Непочитувањето на одлуката на Уставниот суд е регулирано во член 377, став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа следуваат и затворски казни за сите што не ја спроведуваат одлуката. Секој граѓанин кој мисли дека оваа одлука не се почитува, може да се обрати до Обвинителство, кое е должно да ги испита наводите. Тоа може да го стори секој граѓанин, па и самиот Уставен суд.

Обвинителството го разгледува случајот и до судот поднесува обвинение против тој што не ја извршил одлуката. Од Министерството за образование велат дека тие ја почитуваат одлуката на Уставниот суд, а во продолжувањето на наставата по предметот запознавање со религиите нема ништо спорно. - Запознавање со религиите не е верско образование туку предметот го предаваат социолози, историчари и филозофи. Оттаму не гледам дека има непочитување на одлуката на судот - вели министерот за образование Перо Стојановски. И директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, тврди дека наставната програма на запознавање со религиите не се третира како веронаука и не е спорна во никој поглед, бидејќи овој предмет го предаваат дипломирани филозофи и социолози. - Тоа нема врска со веронаука бидејќи е од историско-филозофски и социолошки аспект. А, за реализирање на овој предмет, идната година Министерството дополнително ќе информира. Досега никој не реагирал до нас. Доколку има каква било реакција, ние ќе одговориме - вели Хорватовиќ.

Само како дополнување на термините, бидејќи нашите “експерти“ кои коментираат погоре или не прават разлика или се политички мотивирани да даваат такви коментари.

Доколку се определат да ја тужат Владата или Министерството за образование, само ќе ја потврдат заложбата која ја посочив претходно, дека намерата им е да се спротивставуваат на секоја една одлука на Владата, се разбира политички мотивирани.

Затоа после одлуката на Уставниот соодветно се пласираат и следниве коментари од:
Опозицијата укажува -Македонија е неславен рекордер во Европа по оспорени владини проекти пред Уставниот суд
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107479

Значи токму тоа им е целта. Да ги оспоруваат сите владини одлуки.

Од 365 закони и владини одлуки на оваа гарнитура на премиерот Никола Груевски, секој петти е оспорен во Уставниот суд, а секоја трета одлука укината.
Владата и ВМРО ДПМНЕ се декларираат дека ќе го реализираат решението на Уставниот суд за укинување на веронауката, вели министерот за образование Перо Стојановски.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4214333,00.html

И сега бесплатен курс за “експертите“ на опозицијата и А1.

Постојат два видови на образование кое се занимава со верата-религијата како општествен феномен: неконфесионално и конфесионално верско(религиско) образование.

Конфесионалното верско образование е систем кој ги внесува слушателите во суштината на религиозниот систем на кој му припаѓа слушателот. Таму се изучува верата, заветот, светите книги, тајните и се она кое е битно за изградба на еден верник.

Наспроти ова го имаме неконфесионалниот модел на верско образование кој е извор на информации и запознавање со културолошкиот, општествениот и тредиционалниот феномен на религиите во наша близина и насекаде во светот.
Овој тип на верско образование се потпира на поинаков пристап и понакви методи, а како крајна цел има сосема поинакви поенти од конфесионалното религиско образование.
Освен тоа голема е разликата и кој го предава т.е кој може да го предава едниот и другиот тип на верско образование. Конфесионалното е во тесна врска со теолозите, а неконфесионалнот е “занает“ на историчари, социолози, филозофи и теолози.
 
не треба да има избор
пошто луѓево се глупи и ќе одберат веронаука
а ако толку сакаат тоа
што не идат по цркви да учат тоа
а и попоите ако толку сакаат
шо не ги самофинансираат теолозите
него сакат да ги рани државата.
 
Запознавање со религиите не е верско образование туку предметот го предаваат социолози, историчари и филозофи.

Да да сум јас за за изучување на предметов ама ова е од сите вери надвор. Мислам предмет како овој постои во речиси сите држави каде има веронаука, а и во многу каде нема и секаде се смета за верско образование. Тоа кој го предава не го менува тоа.

Исто така како државава се реши те деца да учат еден предмет повеќе. Ова е нешто казна за атеистите идругите религиозни групи кои решиле да не одберат веронаука па сега ќе учат повеќе.
 
Според програмата на предметот запознавање на религиите
треба да го предаваат професори по филозофиа
ама шо има глупи директори и дават да го предават социолози и историчари.
 
не треба да има избор
пошто луѓево се глупи и ќе одберат веронаука

:tapp:

а ако толку сакаат тоа
што не идат по цркви да учат тоа
а и попоите ако толку сакаат
шо не ги самофинансираат теолозите
него сакат да ги рани државата.

Тогаш државата нема да има увид ниту во програмите ниту во реализацијата на наставата.

Им отвараш непречен пат на верските “фундаменталисти“.

Меѓутоа, настрана дебата дали и како треба да се изведува веронауката, поентата на Уставниот суд е сосема друга.

Во 2002 година Уставниот суд ја укина измената на законот за образование поради:

1. Тогаш спорни беа свештениците кои требаше да предаваат.
2. Бидејќи се предвидуваше предметот да биде во трето одделение.

А сега овие две спорни точки се избегнати со вклучувањето на теолози со што избегнува замката за оневозможување на верско дејствување во училиштата, а предметот се предвидува за шесто одделение.

Како факултативен (изборен) предмет.

Кога станува збор за веронаука не се работи за наука за верата, туку за учење на верата, според начелото „Верувам и знам како се прави тоа“ , а не само „Верувам и тоа е доволно“.

Уставниот Суд со оваа одлука само ја укина можноста на веќе определените верници да научат правилно да го манифестираат своето верување, а со тоа извршија и влијание врз верувањето, со индиректно прекршување на Уставот на кој што се повикуваат, а кој на граѓаните им го гарантира правото на вероисповест.

Укинатиот член 26 јасно потенцира два клучни збора “може“ и “изборен“.
 
Сега е плурализам
и не треба да се преферира една идеологија наспроти многуте
ко у социјализмот со марксизмот што беше случај
а ние сме мултиетничко општество
и веронауката ќе создаде поделби на верска основа.
 
не ни требаат повеке поделби...доста е:toe:
 
Сега е плурализам
и не треба да се преферира една идеологија наспроти многуте
ко у социјализмот со марксизмот што беше случај
а ние сме мултиетничко општество
и веронауката ќе создаде поделби на верска основа.

Веќе создаде. Во мојот претходен пост пишив дека веќе ги казнија деџата на атеистите и помалите религии па сега мора да учат еден предмет повќе од другите.
 
Луѓето се веќе поделени верски со оглед на тоа дека се практицираат различни религии.

Правилното манифестирање на верата неможе да претставува верска “поделба“.

Напротив, она што ти го исмеваш константно, а тоа е декларативната верска определба без практицирање кое постепено доведува до зајакнување на атеистичките погледи, ќе биде намалена преку предметот на веронаука.

Зошто атеистите би имале против веќе верски определените граѓани да учат правилно да ја манифестираат верата?

Не се работи за “туркање“ на неверниците во верата, туку за учење на верниците.

Очигледно е пропагирањето на атеизмот како “државна“ религија и подредување на најголемите религиозни групации на ниво на секти.
 
Луѓето се веќе поделени верски со оглед на тоа дека се практицираат различни религии.

Правилното манифестирање на верата неможе да претставува верска “поделба“.

Се додека има вера има верска поделба. Не постои неверска поделба.

Напротив, она што ти го исмеваш константно, а тоа е декларативната верска определба без практицирање кое постепено доведува до зајакнување на атеистичките погледи, ќе биде намалена преку предметот на веронаука.

Веронауката никој не ја забранил и не може да ја забрани. Кој што сака може да учи веронаука вистина е ова или лага?

Зошто атеистите би имале против веќе верски определените граѓани да учат правилно да ја манифестираат верата?

Исто како претходниот дел

Не се работи за “туркање“ на неверниците во верата, туку за учење на верниците.

Значи во македонија ако некој сака може да неучи верско образование? (во верско образование спаѓа се што е од религиски аспект веќе го објаснив ова).

Очигледно е пропагирањето на атеизмот како “државна“ религија и подредување на најголемите религиозни групации на ниво на секти.
Првен научи што се секти па обвинувај.
 
Луѓето се веќе поделени верски со оглед на тоа дека се практицираат различни религии.

Правилното манифестирање на верата неможе да претставува верска “поделба“.

Напротив, она што ти го исмеваш константно, а тоа е декларативната верска определба без практицирање кое постепено доведува до зајакнување на атеистичките погледи, ќе биде намалена преку предметот на веронаука.

Зошто атеистите би имале против веќе верски определените граѓани да учат правилно да ја манифестираат верата?

Не се работи за “туркање“ на неверниците во верата, туку за учење на верниците.

Очигледно е пропагирањето на атеизмот како “државна“ религија и подредување на најголемите религиозни групации на ниво на секти.

Абе во ред е тоа што го збориш,но таа веронаука нека се одвива во верските објекти а не во училиштата, и платена од државата, зошто да се форсира веронаука во јавните училишта??? доволно се моќни финансиски верските институции тоа да го финансираат па нека плаќаат професори итн, и јас колку што сум запознаен 95% од учениците кој посетуваа веронаука беа со многу слаб просек,по другите предмети тоест народски кажано единичарите посетуваа веронаука, и кажими ти како на детено,еден час ке слуша за дарвиновата теорија а следниот час за создавањето на адам и ева, а притоа му вика доколку веруваш дека човекот настанал од мајмун ке гориш во пеколот, и твојата душа ке биде проколната засекогаш, мислам луѓе нема логика религијаљта да се внесува во училиштата, ете им верски објекти па таму кој сака
 
Ок чоек секое второ македонско дете одбра некој таков предмет (тоа ест му одбраа родителите) така да не е можно да биле само единичарите. Само тоа и не е толку битно.
Владата ако сака нека започне и некоја програма и нека плаќа за верското образование, ама нека го држи како изборно во вид на секција па кој сака нека посетува кој не сака дома. Нека биде нефакултативно.
 
И сега кажи ми искрено дали треба да ти реплицирам на импровизираниот одговор?

Патем мојот пост беше наменет за Нихилистата, кој е прокламиран атеиста и истото си го пропагира на форумот.

Знам што се секти и затоа реков дека се двете носечки религии во земјава се ставаат на ниво на секти односно како некои малобројни религиски групации.

Секти според првичното значење се отклонети групации од Црквата, така се гледани Јеховините Сведоци според Католицизмот, а Католицизмот може да биде така гледан од страна на Православието, но тоа не ми беше поентата.

Погледни ги карактеристиките на сектите, кои се херметички затворени од повеќе аспекти пред се' на основа на контакти со луѓето од другите религиозни групи, изолација од погледите на светот, претставува посебна општествена групација која има своја сопствена хиерархија на вредности спротивна на општите норми прифатени во надворешното опкружување итн. итн.

Со ставањето на Христијанството и Исламот на ниво изолираност и покрај нивниот удел во општеството се ограничуваат на дејствување строго во рамките на своите верски институции и како што се претставуваат во моментов од тебе и пар други истомисленици “како загрозување“ за младите се совпаѓа со третирање на секташите.

А во истовреме... се акцентираат атистичките гледишта и се ставаат на ниво на “државна“ религија.
 
Ок чоек секое второ македонско дете одбра некој таков предмет (тоа ест му одбраа родителите) така да не е можно да биле само единичарите. Само тоа и не е толку битно.
Владата ако сака нека започне и некоја програма и нека плаќа за верското образование, ама нека го држи како изборно во вид на секција па кој сака нека посетува кој не сака дома. Нека биде нефакултативно.

dobro sega ova nego zborev na pamet go imam videno i zatoa zboram bar vo ucilisteto vo mojata opstina taka bese, drugo nema izboren predmet okolu religija, kako toa daj da bideme seriozni koj i dava za pravo na bilo koja vlada da trosi moj pari za versko obrazovanie, ;oveku tie pari sto idat za popovi ke pokrijat 600 socjalni slucaevi, a popcinjata koj predavaa veroinauka neka gi plaka crkvata
 
Абе во ред е тоа што го збориш,но таа веронаука нека се одвива во верските објекти а не во училиштата, и платена од државата, зошто да се форсира веронаука во јавните училишта??? доволно се моќни финансиски верските институции тоа да го финансираат па нека плаќаат професори итн, и јас колку што сум запознаен 95% од учениците кој посетуваа веронаука беа со многу слаб просек,по другите предмети тоест народски кажано единичарите посетуваа веронаука, и кажими ти како на детено,еден час ке слуша за дарвиновата теорија а следниот час за создавањето на адам и ева, а притоа му вика доколку веруваш дека човекот настанал од мајмун ке гориш во пеколот, и твојата душа ке биде проколната засекогаш, мислам луѓе нема логика религијаљта да се внесува во училиштата, ете им верски објекти па таму кој сака

Тогаш државата нема да има увид ниту во програмите ниту во реализацијата на наставата.
Тоа овозможува неконтролирано внесување на фундаменталистички елементи во “веронауката“ и изолирање на верските групи едни од други.

Над 65% од учениците одбраа да учат веронаука, според официјални податоци.
Двојно повеќе од оние што избраа Историја на Религиите.

За да се задоволи научниот приод, оној на Дарвин кој што го спомнуваш, сите религии немаат основа за постоење и воопшто не би требало да постојат.

Доколку веруваш дека луѓето еволуирале од мајмуни, запрашај се зошто таа еволуција сопрела на човекот и зошто некои мајмуни не еволуирале во луѓе. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom