TpH_Bo_OkO
Трноризец
Љубе е заслужен за независноста на Македонија колку што Хитлер е заслужен за нобелова награда.Triumf za nezavisna MAKEDONIJA!!!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Љубе е заслужен за независноста на Македонија колку што Хитлер е заслужен за нобелова награда.Triumf za nezavisna MAKEDONIJA!!!
Љубчо дојде од МААК
и доволно си го покажа своето своето вистинско лице, а некој уште на почеток се покајал заради тоа што го предложил за водач на партијата
а Грујо на пример ја поврати партијата од пропаста до која ја донесе Љубо за време на неговото владеење, и не само тоа туку и премногу ја зголеми со што ја направи најголема партија во земјава и им ги нанесе најголемите порази на сдс со што ја направи сдс мала партија од рангот на ЛДП, ЛП и слично
и за потсетување Љубчо од почеток си ја покажа Бугарштината, Грујо македонштината
На почеток беше еден од ретките кои немаа срам јавно да кажат дека се за независна Македонија, дека се за суверена држава, војска, полиција, пари, економија и сл. На почетокот беше тврд националист, борец против едноумието и тоталитаризмот.
Околу Груевски, не го преценувај многу, тоа е почетна еуфорија која брзо ќе спласне. Народот во него гледа водач, исто како што беше ситуацијата со Љубчо се до 2003. Меѓутоа, да те потсетам на една изјава на Путин: Од најголемите надежи се раѓаат најголемите разочарувања.
Така да, прерано е да се збори за "историската" улога на Груевски, времето ќе покаже кој бил, што бил, за што се залагал, дали ги исполнил или не очекувањата на македонскиот народ, пред се.
јас никого не преценувам
само изнесувам факти и правам споредби
така да не би се радувал како ти што би се радувал ако Грујо во иднина испадне како Љубчо, затоа што на Македонија и треба некој со Македонски став, а не втор Љубчо (бугар)
Не се радувам јас на тоа, меѓутоа сигурно нема ни да плачам. Груевски успешно го елиминира Љубчо од историјата на ВМРО-ДПМНЕ (на официјалната страница нема ни еден податок кој бил претходен претседател, негова слика, говор, плакат или сл.). Власта е негова, го има мнозинството, народот е со него (поголемиот дел), има одлични предуслови за владеење и спроведување на неговата политика. Прашање е дали добро ќе ги искористи тие услови и дали кај народот ќе биде запамтен како Никола Реформаторот или Никола Предавникот.
Да се надеваме дека второво нема да биде.
па Љубчо освен тоа како најголемо зло во партијата поинаку и не заслужува да се спомне
Значи историјата почнува со новиот претседател, Груевски? Честито демократија. На почетокот беше Никола и словото беше во Никола и Никола беше словото. Наредниот што ќе биде ќе го избрише и неговото име и се така до недоглед. Која е поентата на сето ова?
па историјата и не почна само со Љубчо
други ја почнаа а тој беше само млад студент кој беше ставен за водач на партијата од причина што беше невозможно некој друг да биде
инаку што да се спомне за него? - тоа дека е бугар?
а поентата е кучињата си лаат, а карванот си врви
Не почна со него, ниту заврши со него. Едноставно нели, неоспорен факт е неговиот придонес за независна Македонија колку сакајте оспорувајте го тоа. Љубчо застана на вистинско место во вистинско време.
Дека е Бугар јавно барем досега не кажал. Дека во сите говори зборува за македонскиот народ и македонската држава (наспроти модерниот израз: граѓаните на Македонија (Македонци, Албанци, Турци, Власи и др.)) и тоа е неоспорно.
Најголемата негова грешка не е земањето на пасошот, туку потпишувањето на Срамковниот. И самиот јавно кажа за ова. Бидејќи, пасошот како пасош е лична, приватна работа, а со потписот на Срамковниот одлучуваше за судбината на "поствоена Македонија".
Едно резиме, Љубчо е контроверзна личност, да. Нешто слично на многумина македонски идеолози од времето на историското ВМРО. Ако историчарите го рехабилитираа Тодор Александров, не гледам пречка истото (во едно идно време) да се случи и со Љубчо. Бидејќи, сепак треба да се има некоја објективност во гледањето на работите. Да се изнесат и позитивните и негативните работи.
џабе ти објаснувам
ни сам не веруваш во она што го пишуваш
па Љубчо е еден од првите кој го прифаќа прелогот на Нимиц а што значи тоа распрашај се или информирај се имаш неколку теми на форумов
Кој е идеалниот претседател на Вмро Дпмне?
Премиерот Груевски кој го воскресна ВМРО во последните 4 години,или
Љубе кој упорно сака да му наштети на Вмро Дпмне
Имаше неколку идеални...завршија како диктатори.Не постои нешто како идеален претседател....претседателите се луѓе, не се идеали а и далеку се од идеални.
За Северна Македонија?
Колку што знам не прифатил (ниту пак тој има некаква моќ да прифати) промена на идентитет, јазик, култура, ако алудираш на идентитетот.
Tebe ti se sluci ban poradi spam na poveke temi so edno isto.Туку, со Аларова што се случи?