Видое Подгорец

  • Креатор на темата Креатор на темата b0nus!
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Видое Подгорец е голем писател и засужува за една посебна тема за него.Мегувреме на денешен ден тој починал.Давајте ваши мислења за него,за неговите дела итн.
 
Видое Подгорец е еден од најголемите македонски писатели за деца иако пишувал и за возрасни. Класичен претставник на писателите по Втората светска војна, со особен стил препознатлив за ова време со кое многу млади растеа и ја формираа својата мисла во тогашна Југославија. “Виновен“ за формирање на голем број млади луѓе во личности со специфичен карактер и поглед на свет, особено преку неговото најпознато дело “Белото циганче“, а потоа и “Развигорче“, “Тихо Доаѓаат соништата“, “Ајдучка Чешма“, “Весела азбука“, а подоцна по формирањето на самостојна Македонија ги издава “Баба Благината срна“, “Маграињата на Олимп“ и други...
 
Колку што знам, во последните денови од својот живот пишувал и хаику. :)
 
Видое Подгорец (Колешино, Струмица, 8 јуни 1934 - Скопје, 14 април 1997), е еден од најплодните македонски автори, поет, раскажувач и романсиер за деца и возрасни, патописец. Објавил голем број збирки поезија, раскази и романи.
Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како просветен советник, потоа како уредник на „Другарче“ и „Наш свет“ во „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“. Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК „Наша книга“. Починал на 14 април 1997 година во Скопје. Член на ДПМ од 1958 година.
Една од најчитаните негови творби е романот Белото циганче. Неговите дела се преведувани на многу јазици, и има освоено многу награди.
Се надевам дека ке помогнам некому...:wink:
 
Има еден негов роман со наслов Македонска голгота ( не е роман за деца )...го имам читано пред скоро 15 години и прилично ми се бендиса...во романот е опишан животот и делото на Јане Сандански од неговото раѓање па се до смртта...незнам зошто скоро никогаш не се спомнува тој роман кога се зборува/пишува за Видое Подгорец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom