Ќар за банките, повисоки камати за граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Големите банки веќе ги поскапуваат кредити, ги зголемуваат каматите. Промените што ги направија банките се движат до 2%, доволно за да се набилдаат давачките на задолжените граѓани.
Од денеска нови поскапи кредити, најави Стопанска банка. Еве како изгледаат новите каматни стапки. Од 11,9 на 13,9% се зголемуваат каматите за станбен кредит, обезбеден со хипотека.
Зголемување на каматата од 9,9% на 11,9% за станбен кредит обезбеден со залог на обврзници. Граѓаните кои имаат потрошувачки кредит до 300 илјади денари, а кои досега имаа камата од 15%, следната рата за кредит ќе ја отплаќаат со камата од 16,75%.
Се покачија каматите и кај сите кои поседуваат кредитни и дебитни картички.Овде покачувањето достигнува и до 3%.
И останатите две големи банки, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка, најавија поскапување на кредитите.
Од Комерцијална велат дека новите, повисоки камати ќе стасаат од 01 мај. Покачување на каматите ќе има кај сите видови кредити и тоа ќе изнесува најмногу до 2%. И НЛБ Тутунска банка најавува поскапување на кредитите до 1,5%.
Ова зголемување на каматите кај деловните банки, беше очекувано, откако НБМ ги покачи каматите на благајничките записи, со образложение дека така го брани курсот на денарот. Потег што следуваше откако министерството за финансии и конкурираше на НБМ со повисоки камати за државните записи.

nekoj na druga tema gi branese bankarite c c c c ...ova ako ne e legalen kriminal ja ne znam sto e togas

i dodeka sekade vo svetot gi namaluvaat kamatite kaj nas gi zgolemija

gospodi mili boze sto e ova ?????
 
Пишав и на друго место, како мислат со големи камати на сите кредити да има развојна компонента бизнисот и нови работувања.
абц убаво негде кажа за нашиве банки-тешки лихвари ,според мене едни од директните виновници за стагнацијата на економијата кај нас.
 
nekoj na druga tema gi branese bankarite c c c c ...ova ako ne e legalen kriminal ja ne znam sto e togas

i dodeka sekade vo svetot gi namaluvaat kamatite kaj nas gi zgolemija

gospodi mili boze sto e ova ?????

Човеку што ти е?Зарем сами одредуваат дали да се намалат или зголемат.Обрати се прво кај надлежните,па после викај по банките.И плус има ваква тема,дај на секоја изјава во весник да не отвараме нова тема.
 
Човеку што ти е?Зарем сами одредуваат дали да се намалат или зголемат.Обрати се прво кај надлежните,па после викај по банките.И плус има ваква тема,дај на секоја изјава во весник да не отвараме нова тема.

Ова зголемување на каматите кај деловните банки, беше очекувано, откако НБМ ги покачи каматите на благајничките записи, со образложение дека така го брани курсот на денарот. Потег што следуваше откако министерството за финансии и конкурираше на НБМ со повисоки камати за државните записи.

tuka ubavo si pisuva od kade e dojdeno ova :smir:
 
Да ми дојде душава на место:)
 
А нашата влада глуми во филмот или сама си се уфилмала дека е светска влада?Туку го нема Трајче да пушти уште некоја емисија со 20-30% па да видиш како странски банки ќе се испотепаат да ги купат благајничките записи,ако им остават домашниве озаконети лихвари.:tapp:
 
Не ми е јасно кој ја плаќа каматата, банката или државата? Како можи ако финансии даваат подобра каматна стапка, да поскапат кредитите? Нели банките добиваат повеќе со тоа?

Не ми е јасно ако можете да ми објасните.
 
Банки во светот пропаѓаат, кај нас со фантастични профити
00C43B49AD2DE94F877F4B2004E72FC9.jpg

Се должат ли високите добивки на ефикасно работење или на монополизирана позиција на пазарот?
Соња Маџовска

Фантастични милионски профити за минатата година покажаа трите најголеми домашни банки. Се должат ли тие на нивното максимално ефикасно работење или, пак, на високите камати и на нивната монополизирана позиција на финансискиот пазар?

Излегува дека, и покрај финансиската криза и опасноста што ја донесоа глобалните потреси во банкарскиот сектор, домашните банки лани останаа стабилни и заштитени, а и добро се офајдија.

Се покажа дека барем во минатата година банките добро заработувале, дури и во услови кога фирмите молат за свеж капитал и лошо работат.

Банкарите велат - работиме добро, а експертите, пак, причините ги лоцираат во недостигот од конкуренција.

Најголемите банки и натаму работат најпрофитабилно. Комерцијална банка е првата голема банка која неодамна го одржа акционерското собрание и објави бруто-добивка од рекордни 25,2 милиона евра за 2008 година, што е за 45 отсто поголема добивка во споредба со остварената во 2007 година, кога изнесуваше 16,5 милиони евра. Станува збор за најголема бруто-добивка во досегашното работење на Комерцијална банка.

По пресметувањето на данокот од добивка од 173 милиони денари, нето-добивката на банката изнесува 1.377 милиони денари или 22,39 милиони евра. Банката ќе подели и дивиденда во износ од 1.377 милиони денари, која за приоритетните акции изнесува 99,5 денари, а за една обична акција изнесува 190 денари. Поради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите на банката, акционерите одлучиле дел од добивката во износ од 996 милиони денари да се издвои во резерви.

И Стопанска банка објави слична добивка пред оданочување од 24,3 милиони евра, или како нераспределена добивка останува сума од 21,6 милиони евра. Како ќе се распределува оваа добивка - ќе се реши на седницата на Собрание на акционери на Стопанска банка, што е закажана за крајот на овој месец. За разлика од 2007 година, кога банката оствари добивка од 18 милиони евра, минатата година излегува дека банката работела уште поуспешно.

Инаку, според финансискиот извештај на банката, минатата година ја завршила со вкупната актива од речиси 1 милијарда евра. Според учеството на поодделни категории во вкупната актива, 70 отсто или 680 милиони евра отпаѓаат на кредитите одобрени на комитентите. Во пасивата, пак, со 79 проценти, односно 768 милиони евра, учествуваат депозитите. Според структурата на вкупните приходи, излегува дека банката најголемата заработка ја има од каматите, дури 74,6 отсто, а од провизии 17,27 отсто. Само 4,26 отсто од слободните средства на банката се врзани за благајнички и други записи.

Тутунска банка за 24 април го закажа Годишното собрание на акционери. Првиот човек на банката, Ѓорѓи Јанчевски, неодамна соопшти дека добивката за минатата година ќе изнесува околу 11 милиони евра. На веб-страницата на Тутунска стои дека износот на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 786 денари за сите акции од првите 13 емисии, додека за акциите од 14. емисија бруто-дивидендата е 82 денара за акција.

За разлика од големите банки, дел од средните и малите банки, според првичните информации за работењето во минатата година, покажуваат загуби.

Очигледно, и покрај лошите вести за пропаѓањето на светските банкарски брендови кои почнаа да пристигнуваат во почетокот на октомври, се покажува дека домашните банки, барем лани, останале недопрени од кризата.

Но, иако финансиската криза не ги погоди директно, поради тоа што удри силно врз реалниот сектор во земјава, допрва може да се очекува и нашиот банкарски сектор да ги почувствува последиците од светското финансиско цунами. Сепак, и кај нас е присутен трендот на повлекување на штедните влогови, нивно претворање во странска валута, затегнување на условите, а со тоа и намалено кредитирање, а банките-мајки се воздржуваат од зајмувања и пласирање средства, со што воопшто и на банкарскиот сектор во земјава му е отежнат пристапот до капитал.

Експертите сметаат дека во банкарството во Македонија кризата е уште далеку. Тие велат дека домашниот банкарски систем е монополизиран. „И покрај тоа што има голем број банки, сепак, побарувачката за кредитни производи е многу поголема отколку што е понудата. Се' уште е скапо банкарството кај нас, а таа скапотија ја подгреваат овие движења на државните и благајничките записи. На домашниот пазар дојдоа познати светски банки, но тие едноставно ја прифатија позицијата на другите банки да имаат т.н. каматно лидерство, на што тие се приспособија“, истакна неодамна во интервју за „Утрински“ професорот на Универзитетот ЈИЕ, Мирољуб Шукаров. Според професорот, не е случајно тоа што нашите банки масовно имаат високи профити, а фирмите, односно реалната економија од која тие живеат, драматично се погодени од кризата.
utrinski
 
Не ми е јасно кој ја плаќа каматата, банката или државата? Како можи ако финансии даваат подобра каматна стапка, да поскапат кредитите? Нели банките добиваат повеќе со тоа?

Не ми е јасно ако можете да ми објасните.

Министерство за финансии издава записи со висока каматна стапка.Нашите банки ги купуваат (ја финансираат државата) и за тоа државата им плаќа награда со таква камата.И бидејќи банките ќе земат високи камати од државата и ќе се здобијат со вишок средства Народна Банка им ги зема тие средства (ако ги остави ќе дојде инфлација) и им плаќа камата во вид на благајнички записи.Онаа камата која им ја дава НБРМ на банките е стартна или реферетна стапка по која банките ги одредуваат своите каматни стапки.Ако таа расте,ратсе и каматата наша,ако таа се намалува се намалува и нашата.За да им исплати таква луксузна камата,НБРМ зема од девизните резерви и тие се топат како снег.Кога ќе се стопат,Македонија ќе прогласи банкрот.И тогаш владата не им ги плаќа записите и каматите,нема пари,ММФ не ги сакаат,надвор криза никој не дава.
И испаѓа дека банките трчаат од финансии до НБРМ по камати.Бидејќи не им се исплаќа на вошкари да даваат кредити,кои може и да не им ги вратат сите пари ги даваат во финансии и си заработуваат.
Трчајќи од кол на кол еден ден ќе се наденат.
 
Големите банки веќе ги поскапуваат кредити, ги зголемуваат каматите. Промените што ги направија банките се движат до 2%, доволно за да се набилдаат давачките на задолжените граѓани.
Од денеска нови поскапи кредити, најави Стопанска банка. Еве како изгледаат новите каматни стапки. Од 11,9 на 13,9% се зголемуваат каматите за станбен кредит, обезбеден со хипотека.
Зголемување на каматата од 9,9% на 11,9% за станбен кредит обезбеден со залог на обврзници. Граѓаните кои имаат потрошувачки кредит до 300 илјади денари, а кои досега имаа камата од 15%, следната рата за кредит ќе ја отплаќаат со камата од 16,75%.
Се покачија каматите и кај сите кои поседуваат кредитни и дебитни картички.Овде покачувањето достигнува и до 3%.
И останатите две големи банки, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка, најавија поскапување на кредитите.
Од Комерцијална велат дека новите, повисоки камати ќе стасаат од 01 мај. Покачување на каматите ќе има кај сите видови кредити и тоа ќе изнесува најмногу до 2%. И НЛБ Тутунска банка најавува поскапување на кредитите до 1,5%.
Ова зголемување на каматите кај деловните банки, беше очекувано, откако НБМ ги покачи каматите на благајничките записи, со образложение дека така го брани курсот на денарот. Потег што следуваше откако министерството за финансии и конкурираше на НБМ со повисоки камати за државните записи.

nekoj na druga tema gi branese bankarite c c c c ...ova ako ne e legalen kriminal ja ne znam sto e togas

i dodeka sekade vo svetot gi namaluvaat kamatite kaj nas gi zgolemija

gospodi mili boze sto e ova ?????

AMAN....ne gi branev...ja branev vistinata.

ete gledas segde gi namaluvaat i bankite pomagaat:vozbud:

a kaj nas politicarite i masterot slaveski bezvezata se odgovorni pa duri i im veli ne gi pokacuvajte ko bozem ovie ke go slusaat...sakaat profit i toa e toa.

pozdrav.
 
Министерство за финансии издава записи со висока каматна стапка.Нашите банки ги купуваат (ја финансираат државата) и за тоа државата им плаќа награда со таква камата.И бидејќи банките ќе земат високи камати од државата и ќе се здобијат со вишок средства Народна Банка им ги зема тие средства (ако ги остави ќе дојде инфлација) и им плаќа камата во вид на благајнички записи.Онаа камата која им ја дава НБРМ на банките е стартна или реферетна стапка по која банките ги одредуваат своите каматни стапки.Ако таа расте,ратсе и каматата наша,ако таа се намалува се намалува и нашата.За да им исплати таква луксузна камата,НБРМ зема од девизните резерви и тие се топат како снег.Кога ќе се стопат,Македонија ќе прогласи банкрот.И тогаш владата не им ги плаќа записите и каматите,нема пари,ММФ не ги сакаат,надвор криза никој не дава.
И испаѓа дека банките трчаат од финансии до НБРМ по камати.Бидејќи не им се исплаќа на вошкари да даваат кредити,кои може и да не им ги вратат сите пари ги даваат во финансии и си заработуваат.
Трчајќи од кол на кол еден ден ќе се наденат.

Фала што така фино ми објасни, ама уште повеќе се збунив. Значи, банките за „да заработат“ повеќе се лакомат на државните записи, но тоа не им е чист профит, па НБРМ ги зема тие пари и вика „полека, оти инфлација ќе не фати“ и им ги одзема, и за возврат им дава некои си ливчиња, со камата (кој ја зема сега таа камата, банките или НБРМ?).

Значи испаѓа пак банкарите се ќар, а ние (народот задолжен со кредити) го даваме ќарот?

Во овај случај владата и тоа како е крива. Дали е ова економскиот бум за кој зборуваа, да се земаат пари од народот на секое поле (даноци, давачки, итн) па да се удри и на каматите на задолжените (можда си мислат малце е станот кој го плаќаме на кредит и живееме 3 генерации под тој покрив, па ај и тој да им го земеме) за да градиме цркви на плоштади?

Хм, не гледам зошто не би било така. Ако ги имаш банкарите, имаш се.
 
Фала што така фино ми објасни, ама уште повеќе се збунив. Значи, банките за „да заработат“ повеќе се лакомат на државните записи, но тоа не им е чист профит, па НБРМ ги зема тие пари и вика „полека, оти инфлација ќе не фати“ и им ги одзема, и за возврат им дава некои си ливчиња, со камата (кој ја зема сега таа камата, банките или НБРМ?).

Значи испаѓа пак банкарите се ќар, а ние (народот задолжен со кредити) го даваме ќарот?

Значи банките за да заработат повеќе се лакомат по државните записи.И кога ќе ги купат државните записи,добиваат висока камата од државата.Тој профит што ќе го остварат потоа ќе сакаат да го вложат во кредити за стопанството или населението (за да заработат ушт повеќе).Кога ќе ни дадат кредити ние ќе имаме повеќе пари во нас како граѓани.И ќе купуваме повеќе по продавниците.Кога ќе купуваме повеќе производите ќе поскапат,како резултат на таа побарувачка.Кога ќе поскапат,еднаш,два пати,три пати,ќе дојде инфлацијата и цело време до бесконечност ќе поскапуваат.
За да не се случи тој ланец,НБРМ им дава парче хартија со камата,која камата им кажува на банките што да прават понатаму.Каматата ја земаат банките.Колку е повисока,толку несмеат да даваат кредити на граѓаните.Значи тој ќар што они го земаат во овој случај,не оди кај граѓаните.
Понатаму каде одат тие пари,не ти објаснувам да не те избунам скроз:)Важно,на овој начин заработуваат банките,граѓаните и државата како институција колабираат.Но ова е меч со две острици.Како ние стануваме посиромашни,така не им ги враќаме кредитите.Колку помалце пари имаме,толку повеќе загуби има банката.На крајот резултатот е нерешен,тој профит е магла,а сите заедно губиме.
 
Картичките не заглавија до гуша

Банките за да привлечат клиенти даваа дозволен минус најчесто од две плати и сите заглавија, но, сега, едноцифрените каматни стапки рипнаа до 20 отсто

Имам дебитна картичка од помала банка, на која имав дозволен минус од две плати околу 60.000 денари, кој го потрошив. Неодамна ја изгубив работата и ми стигна известување од банката дека треба да го вратам целиот дозволен лимит за десет дена. Во спротивно ќе ми пресметува законска затезна камата од 20 отсто годишно или ќе ме тужат, иако според договорот каматната стапка беше половина од таа. Вака раскажува загрижен скопјанец за лоштото искуство со банките. Тој не знае каде ќе најде пари да ја исплати банката кога е невработен.

- Се шокирав. Не можам да добијам кредит од друга банка, а немам цела сума да ја платам. Толку висока камата, двојно поголема од моментот кога си се договорил, е грабеж. Лихварите на улица даваат пари со помали камати и помали трошоци - вели тој.Со ваква судбина се соочуваат околу 20.000 вработени во земјава, кои како резултат на кризата се претпоставува дека ги загубиле работните места и немаат прилив на картичките. Банките за да привлечат клиенти на сите им даваа дозволен минус најчесто од две плати. Од едноцифрени каматни стапки сега рипнаа двојно повисоко и достигнуваат и до 20 отсто.Според граѓаните, проблемот не е во банките, туку во државата, која треба некако да воведе ред со високите каматни стапки на банките.

- Не може да потпишам договор со 10 отсто камата, а таа камата секој месец да расте. За шест месеци добивам известување од банката дека каматата на годишно ниво е двојно поголема. Знам дека кога сум го потпишала договорот стоело оти банката во согласност со политиката ќе ја менува каматната стапка, но тоа може да е два-три отсто горе долу, а не десет - вели вработена во администрација.Таа е револтирана бидејќи наместо бескаматно плаќање со чековите на рати сега има дозволен минус на дебитната картичка, односно за плаќање на рати и се пресметува многу висока камата.

- Ова е класична злоупотреба од банките со амин на државата. Првата година имавме дозволен минус на дебитните картички и не ни се наплаќаше членарина. Откако сите потрошивме повеќе и се надевавме дека тоа ќе го плаќаме на рати, банките ни удрија камата. Нема човек кој не е минус по две палти и добар дел од платата оди на камати - велат вработените.Според нив, се прекршува дефиницијата за дебитна картичка, што подразбира да трошиш колку што имаш.

Проблем имаат и пензионерите. Банките за да привлечат клиенти на сите им даваа дозволен минус. Но, поради староста се случува дел од нив да починат и дозволениот минус на картичките за нив да го плаќаат нивните блиски роднини. Од банките велат дека во согласност со нивната политика ако нема прилив на дебитната картичка праќаат известување до клиентот дека го укинуваат дозволениот лимит и бараат во одреден рок да го плати.

- Должникот ако нема прилив на пари, а внесува по 10.000 денари месечно, на таа сума се пресметува 19,5 камата на годишно ниво. Ако не плаќа, поднесуваме тужба за да го наплатиме долгот - велат во една помала банка.Од таму се децидни дека тие не се единствен фактор што ги диктира каматните стапки и дека големо влијание има политиката на Владата и на Народната банка.

Додека во цела европа каматите паѓаат како неминовен процес поради зголемувањето на невработеноста ,кај нас се е обратно...

Има ли уште за продавање на хартии од вредност по повисоки камати ?
 
Има ли уште за продавање на хартии од вредност по повисоки камати ?

Има.Само што изјавија дека сега на странски банки ќе продавале,зошто нашиве не биле интересни.
 
Има.Само што изјавија дека сега на странски банки ќе продавале,зошто нашиве не биле интересни.

Хепа чорба Македонијо! Ама криво ми е што пак ќе си најдат кривец за покачувањето на каматите,а народот како и обично ќе им поверува и се така у круг додека не се издиши балонот до крај!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom