ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Добро, во едно се сложувам. Ќе има предвремени избори. Зашто? Мислам дека и ти знаеш. Со кого? Ќе видиме, со кој ќе ни кажат.
Абе слушај сега,јас знам зошто и со кого,а НАТО знае дека пред Србија ќе мора да ја протне Македонија во своите редови макар и со ова име кое сега го има.Деновиве зачестија пофалбите за Србија која остана Балканска супер-сила,некако преку ноќ,со помош на разни “Стратфорди“ или други ЦИА агенции.Условот(концензус минус 1) ќе се испроба најпрвин врз Македонија за да се спроведе и кај Србија при што треба да се намали влијанието на ДУИ во Македонија.
Од друга страна во Молдавија веќе започнаа антикомуњарски превирања со што всушност полека но сигурно се заокружува Европскиот блок на НАТО влијание,па одтаму може да се констатира дека помалку “неприродната“ коалиција ДПМНЕ&ДУИ ќе мора да се растури,доколку се сака да се постигне посакуваната цел.А тоа се разбира може само со нови предвремени парламентарни избори најверојатно веќе следнава пролет.

Во овие моменти во Македонија не би ме чудело се да видам, само едно не - предвремени избори! Од старт знаат во ВМРО дека ќе згрешат, бараа 60+ пратеници, народот им даде, време е да покажат што знаат..
Можам верувај се да видам во Македонија сега, војна, востание, револуција, вулкан.. само предвремени избори не! Кога на тоа ќе ја додадеш меѓународната заедница, шансите се 0,001 % ! Да има некои шанси, а тие се следниве.. (не дај боже, не бидејќи сум за ВМРО, туку онака просто од човечки сенс) смртта на Никола би можела да доведе до предвремени избори. А веројатноста за тоа ја напоменав погоре.. така да, да ја оставиме владава да работи..
А ти мислиш дека Никола знае нешто и да покаже во практика,посебно во вакви услови?Па тие пишман се сторија што им победи нивниот независен кандидат за председател,оти ќе мора да ја превземат целата одговорност,нешто што не може да се издржи ни во идеални услови и од многу покомпетентна влада повеќе од една година,па камо ли во вакви какви што сега се.
