Дали локалниве ќе предизвикаат нови предвремени парламентарни избори?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Мислам дека на повидок се нови предвремени парламентарни избори предизвикани од неминовниот распад на коалицијата ДПМНЕ&ДУИ.Тој факт е очигледен најмногу од довербата која се сруши како кула од карти со победата на ДПА во Гостивар и Тетово,како и со најверојатната победа на Демокрација во Арачиново.Што мислите вие за ова мое согледување,за кое како и секогаш имам предчувство?:toe:
 
Па не е предчувство тоа, јасно е ко бел ден :) и не се изборите причина. Причината е нови 4 години владеење. Со нови ветувања. Нови кампањи, и нови пари за истите.
 
Тешко. ДУИ немаше излезеност на вториот круг претседателски. Затоа, немаат право да кењаат.
 
Не ме заебавајте бе, паааакк лииии јбт благи римски папа!!!!!!!!!
 
Па не е предчувство тоа, јасно е ко бел ден :) и не се изборите причина. Причината е нови 4 години владеење. Со нови ветувања. Нови кампањи, и нови пари за истите.

Не би рекол,пред се на повидок е нова помека коалиција со ДПА и Демокрација во состав на ДПМНЕ барем се додека има сеуште подобар рејтинг пред кризава која веќе се наговестува со државниве емисии на обврзници со големи камати,која неминовно ќе следи.:toe:
 
Тешко дека ќе има предвремени парламентарни избори,ДПМНЕ имаат 63 пратеници во парламент.
 
abe ne zaebavaj ...izbori sekoja godina :pos: pa narodot ke zbudali ..izlezenosta ke bide 30 % :vozbud:
 
Тешко. ДУИ немаше излезеност на вториот круг претседателски. Затоа, немаат право да кењаат.

Никој не спомна дека ДУИ кењаат па ќе направат нови избори. Просто им се може. Убав залак се изборите. Кај не си успеал, пробај пак викаат.

Не би рекол,пред се на повидок е нова помека коалиција со ДПА и Демокрација во состав на ДПМНЕ барем се додека има сеуште подобар рејтинг пред кризава која веќе се наговестува со државниве емисии на обврзници со големи камати,која неминовно ќе следи.:toe:

Не знам кој би бил новиот коалиционен партнер на ВМРО, не ме ни интересира да ти кажам искрено. Но, грешиш (барем според мене) дека НД и ДПА би седнале заедно, откако едните им ги "украдоа" пратениците на другите. Или па....можеби си во право, па ќе испаднат вистините гласините дека НД е само шминка, и ребрендирање во ДПА со ново име, со цел да се излаже народот, демек нова опција.
 
Тешко дека ќе има предвремени парламентарни избори,ДПМНЕ имаат 63 пратеници во парламент.

Па и за минатите предвремени парламентарни избори имаа сличен број на пратеници.:toe:
 
Мислиш на парламентарните избори 2006 година?
Ако збориме за тие избори ДПМНЕ тогаш имаа 44 пратеници,а коалицираа со ДПА,НСДП и ДОМ.
 
Им здосади на народот само да гласа. Плус никој не е глуп дека од предвреме некој си планира мандат ако иде нешто лошо.
 
Мислам дека на повидок се нови предвремени парламентарни избори предизвикани од неминовниот распад на коалицијата ДПМНЕ&ДУИ.Тој факт е очигледен најмногу од довербата која се сруши како кула од карти со победата на ДПА во Гостивар и Тетово,како и со најверојатната победа на Демокрација во Арачиново.Што мислите вие за ова мое согледување,за кое како и секогаш имам предчувство?:toe:
дпа не победи во гостивар,победи независен кандидат.
нема што да се буни дуи,албанците ги бојкотираа претседателските избори.
 
Никој не спомна дека ДУИ кењаат па ќе направат нови избори. Просто им се може. Убав залак се изборите. Кај не си успеал, пробај пак викаат.

Не знам кој би бил новиот коалиционен партнер на ВМРО, не ме ни интересира да ти кажам искрено. Но, грешиш (барем според мене) дека НД и ДПА би седнале заедно, откако едните им ги "украдоа" пратениците на другите. Или па....можеби си во право, па ќе испаднат вистините гласините дека НД е само шминка, и ребрендирање во ДПА со ново име, со цел да се излаже народот, демек нова опција.

Верувај бе rymz,тоа беше само шминка пред рајата,за да се растерети малку баластот од Красничи и тајфата кај ДПА,за брзо време ќе имаме нова политичка малку пософтицирана Албанска опција која најверојатно ќе се вика НДПА,па со новите избори ќе има “непишано право“ да коалицира со ДПМНЕ,пред ДУИ кој ќе го загуби тоа “непишано право“ со помалку пратеници на новите предвремени парламентарни избори што всушност за тоа и ќе станат неопходни.Тоа е впрочем шемата за влез во НАТО со реконструкцијата која наскоро ќе следи и кај нив(концензус минус 1).:toe:
 
:):):)

Добро, во едно се сложувам. Ќе има предвремени избори. Зашто? Мислам дека и ти знаеш. Со кого? Ќе видиме, со кој ќе ни кажат.
 
Во овие моменти во Македонија не би ме чудело се да видам, само едно не - предвремени избори! Од старт знаат во ВМРО дека ќе згрешат, бараа 60+ пратеници, народот им даде, време е да покажат што знаат..
Можам верувај се да видам во Македонија сега, војна, востание, револуција, вулкан.. само предвремени избори не! Кога на тоа ќе ја додадеш меѓународната заедница, шансите се 0,001 % ! Да има некои шанси, а тие се следниве.. (не дај боже, не бидејќи сум за ВМРО, туку онака просто од човечки сенс) смртта на Никола би можела да доведе до предвремени избори. А веројатноста за тоа ја напоменав погоре.. така да, да ја оставиме владава да работи..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom