Benny Hill vs. Mr.Bean

  • Креатор на темата Креатор на темата AceMaus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Возраст
36
споредба на двајцата најдобри комичари на сите времиња според светските критичари, а и според публиката

Benny Hill беше еден од најславните британски комичари во последните 30 години.Неговите настапи се следени од милионска публика, иако критичарите не биле наклонети кон неговиот помалце вулгарен и едноличен хумор, сепак успева да стекне голема популарност во британија, а подоцна и надвор од границите. почиант е 1992 год. од природна смрт...пред неговата смрт Хил смислувал шеги за неговиот проблем со срцето - дека лекарите не му препишале никаков лек освен да биде подалеку од убави жени.

Rowan Sebastian Atkinson - Mr.Bean познат англиски глумец и комичар, познат на пошироката публика како мистер бин во истоимениот филмски серијал, Црна гуја...
Има остварено и неколку забележителни настапи на големиот екран во: Четири венчања и спровод, Бин, Англичанецот Џони и др.
Познат е и како урнебесно смешен stand-up комичар.

мене лично повеќе ми се допаѓа мистер бин, затоа што е напредлидлив исто така многу смеа ми предизвикуваат неговите гримаси:pos2:
Бени Хил ми е некако монотон, но многу ме смее неговата сеирџиска особина и обидите да направи замка за некого, во која секогаш сам упаѓа, за разлика од бин кој сиот хумор го прави на своја сметка.
Секако дека со задоволство ги гелдам и двајцата и секогаш дури и по многу пати гледање ми се смешни.
Можеби нивното потекло, односно развојот во општество како што е британското со висока култура, ги прави да бидат славни, односно британците во нив гледаат единствен начин на момент да избегаат од животот на островот - со високо ниво на култура.

Па да ги чујам вашите размислувања за овие двајца неповторливи великани.
 
Мистер Бин ми е посмешен зашто има поинтересни приказни и хуморот му е поздрав и посимпатичен за разлика од Бени Хил кој има сексуално мотивирани шали.


(Дали знаете дека Бени Хил и покрај претераната употреба на женската сексуалност и вулгарните шали со девојките се ширеле муабети дека е хомосексуалец. Никогаш не се оженил.)
 
Секој си е приказна сама по себе, но Мистер Бин е по фаца и позакон:vozbud:, нема човек кој ќе го замени
 
(Дали знаете дека Бени Хил и покрај претераната употреба на женската сексуалност и вулгарните шали со девојките се ширеле муабети дека е хомосексуалец. Никогаш не се оженил.)

Па што ќе му е да се жени кога има секогаш убави девојки покрај себе:toe:
Можеби и затоа, од завист од машката популација, или од љубомора на бившите парнерки е излезени и овие муабети
 
Мистер Бин ис тхе бест. Сеуште ги гледам серијалите на youtube иако ми се гледани милион пати.
 
Двајцата се легендарни, неповторливи и незаменливи, меѓутоа кога би бирал, би го одбрал Мистер Бин (Роуан Аткинсон), поради најчудните и најсмешните ситуации во кои самиот упаѓа и поради големата иронија во неговите изведби.
 
Monty Python се најјаки :)
 
Бени дабоме, Бин е дебилен мене чак и језив ми е, Бени е фацата, моментите кога ќе го земе на пеналчиња тој другар му кељавиот или кога ќе земе да шљака по гз некоја од чупињата што ги има таму(и по толкави години уште се напалителни :)) немаат цена.
 
хахах мене Мистер Бин ми е по смех ...:pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom