30 (малку застрашувачки) ТАЈНИ мисли...

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
...кои ТАА никогаш нема да ви ги каже.
Го најдов ова во списание, па да го споделам

Ги болдирав оние кои сметам дека се ептен точни.

  1. Колку и да инсистирам да ја поделиме сметката на нашиот прв состанок, моето мислење за тебе ќе биде многу ниско ако ми дозволиш да платам.
  2. Неочекуваниот бакнеж за време на дербито Интер:Милан може да ти донесе многу поени по натпреварот. Кога сме кај бакнувањето: помалку јазик, повеќе бакнежи по целото тело.
  3. Да, сеуште мислам на моите поранешни и ги споредувам со тебе.
  4. Ги чувам сите твои пораки на мојата секретарка, сите СМС пораки, е-мејлови и од време на време им ги читам на моите другарки (особено на почетокот на врската).
  5. Кога нема да се видиме подолго време, очекувам да се појавиш сам, а не со еден куп твои другари.
  6. Знам повеќе за твоите поранешни отколку што мислиш ти.
  7. Мразам кога не ми посветуваш доволно внимание. Караниците најчесто ги започнувам зашто се чувствувам игнорирана и се трудам да ги извлечам твоите емоции.
  8. Можам да се возбудам и само додека гледам во твоите дланки.
  9. Купувањето скапи чевли и нова облека секоја сезона ме прави среќна
  10. Фантазирам за нашата заедничка иднина. Нашата свадба веќе ја имам изпланирано до најситен детал. Точно знам во каква куќа ќе живееме и колку деца ќе имаме.
  11. Сакам кога стануваш по малку љубоморен. Кога пред тебе флертувам со келнерот во ресторанот или с друг маж на забавата, флертувам со тебе, ама преку нив.
  12. Знам за порно списанијата што ги чуваш дома и за разголените фотографии во твојот компјутер. Работите кои те возбудуваат ми се смешни.
  13. Иако секогаш изгледам средена, мојот вистински неред се наоѓа во мојот плакар, во несесерот со шминки и во фајловите на мојот компјутер.
  14. Кога ќе се вљубам во тебе сосема ќе го загубам апетитот.
  15. Ако сакам да ти раскинам, сите мои другарки ќе знаат за тоа најмалку една недела пред тебе.
  16. Кога ќе ти раскинам, сите твои фотографии и други работи кои ме потсетуваат на тебе ќе ги ставам во кутија за чевли и ќе ја сместам во најнедосатпниот агол во мојот плакар...во случај некогаш повторно да бидеме заедно.
  17. Кога не си дома, дури и на еден ден, спијам во твојата омилена стара блуза само зашто мириса на тебе.
  18. Скоро секогаш знам кога погледот ти е во градите на некоја друга жена, колку и да се трудиш да бидеш дискретен.
  19. Иако си најчесто во право, мразам кога ми кажуваш дека имам ПМС.
  20. Мојата другарка знае СЕ:Големината на твојата банковна сметка, ама и големината на мојот омилен ден од твоето тело-и какви се тие во споредба со сите други мажи со кои сум излегувала. Верувал или не, мерката која ја користам за да ги дознаам твоите пропорции е големината на мојата рака. Затоа, ако ја „фатиш„ мојата другарка како скришно „те проверува“ знај дека не халуцинираш, таа навистина го прави тоа.
  21. Да, гледам во твојот задник секогаш кога си ми свртен со грб.
  22. Сакам кога ТИ ја имаш контролата врз се. Теоретски јас сум финансиски независна жена, способна да живеам и без маж покрај мене. Тоа не значи дека не сакам да ме кренеш во раце, да ме однесеш во спалната соба и без прашање да го земеш тоа што го сакаш.
  23. Заради тебе сум плачела повеќе отколку што мислиш, ама и за тоа нема никогаш да дознаеш.
  24. Моето тело не е природно мазно и безвлакнесто како што го гледаш, но никогаш нема да дозволам да забележиш дека за тоа треба да направам безброј депилации, пилинзи, ексфолиации..
  25. Постојано те тестирам. Кога ќе те прашам дали ти се допаѓа некоја жена, единствениот точен одговор е: „Зошто би сакал да спијам со друга жена кога те имам тебе?“
  26. Постојано ми требаат докази дека сакаш да бидам блиску до тебе. Затоа подобро е да ме прашаш: „викендов ќе одам во Охрид. Сакаш да дојдеш со мене?“, наместо „Што планираш да правиш викендов?“
  27. Кога ќе те прашам дали мислиш дека сум здебелена СЕКОГАШ чекувам одречен одговор
  28. Никогаш нема да ти го кажам точниот број на мажи со кои сум спиела, колку и да изгледам искрена кога ќе ти ја кажувам „мојата бројка“.Равенката е следна: бројот што сум ти го кажала, помножи гпо со со три и ќе го добиеш точното решение.
  29. Кога ќе ти кажам дека сум подготвена, ми требаат уште точно 8 минути за да се подготвам. Овој феномен никако не можеш да успееш да го надмудриш: дури и да се појавиш 8 минути подоа, сепак ќе ми требаат екстра 8 минути.
  30. Дури и да се жалам дека не се гледаме доволно заради твоите работни обврски, ништо не ми е посекси од глетката кога рано наутро набрзина го облекуваш костимот и истрчуваш за да стигнеш на време на работа.
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
1. Никогаш. Никако.
2. Никогаш не сум го помислила и натаму...не.
3. Мислам кога се присеќавам на минатото, но не ги споредувам.
4. Да.
5. Yes.
6. Very much yes.
7. Ау леле... Колку само да.
8. Мм..не баш.
9. ДАаааааааааааа ! :лалала:
10. ? хаха не.
11. :а?: Не.
12. Аааааааахахаха :pos2: ДА
13. Да, да, да.
14. Даа.
15. Секако дека да.
16. Хахаха модернизирано е тоа, фотките ми се на цеде, ама да. х)
17. Aww да. :pipi:
18. Оу оу ...seems like it knows me.
19. М..не, сама си кажувам :)
20. .... ???
21. Не.
22. Say what? Не.
23. ...да.
24. Е баш напротив имам толку светли влакна и мазна кожа :baeh: :pos2:
25. Хах. Гуд Лорд, да.
26. Е ! Е ! Дададада.
27. Не. Чекам искреност :smir:
28. Отворена сум секогаш, така да..отпаѓа.
29. Можеби и повеќе од 8.
30. Да.
 
M

marsovka

Гостин
Колку и да инсистирам да ја поделиме сметката на нашиот прв состанок, моето мислење за тебе ќе биде многу ниско ако ми дозволиш да платам.
Поен минус но не значи дека мислењето за него ќе ми биде ставено во категорија ниско
Неочекуваниот бакнеж за време на дербито Интер:Милан може да ти донесе многу поени по натпреварот. Кога сме кај бакнувањето: помалку јазик, повеќе бакнежи по целото тело.
мразам неочекувани бакнежи мрзам лигавење

точно е делот помалце јазик повеќе бакнежи по целотото тело (со што помалце лигавење и плунка)
Да, сеуште мислам на моите поранешни и ги споредувам со тебе.
не мислам на оној начин туку на смешни или трагични случки со нив
Ретко споредувам некој со некого
Ги чувам сите твои пораки на мојата секретарка, сите СМС пораки, е-мејлови и од време на време им ги читам на моите другарки (особено на почетокот на врската).
нажалост јас сум наискусната за такви работи :/ знам дека и да побарам совет за џабе ќе биде .
ретко читам пораки освен ако не станам преемоционална и не можам да видам што е што, тогаш почнувам да прашувам за совет што сакал авторот да каже у тој стил...
Знам повеќе за твоите поранешни отколку што мислиш ти.
зависи у кој контекст е ова ставено
Доколку збориме за распрашување во врска со бившите не се распрашувам бесмислено е се што ќе добиам е еден куп дезинформации .
Ако збориме за емоциите врзани за нив лесно кога машките ако ги прашаш може ќе кажат штуро али погледот и тонот кажуваат многу повеќе него они што мислат :)
Мразам кога не ми посветуваш доволно внимание. Караниците најчесто ги започнувам зашто се чувствувам игнорирана и се трудам да ги извлечам твоите емоции.
точно точно ...или пак некои работи не се по мое едно од нив две
Можам да се возбудам и само додека гледам во твоите дланки.
глупост
добар задник јак парфем и силен стисок :icon_lol:
Купувањето скапи чевли и нова облека секоја сезона ме прави среќна
види после секој шопинг јас иам озарено лице како да сум се пукнала у вена пред 5 минути со хероин

Така ако сака да ме прави среќна на овој начин неам ништо против :pipi:
Фантазирам за нашата заедничка иднина. Нашата свадба веќе ја имам изпланирано до најситен детал. Точно знам во каква куќа ќе живееме и колку деца ќе имаме.
омг :nesvest::nesum::uvo:
Колку само не ....
Сакам кога стануваш по малку љубоморен. Кога пред тебе флертувам со келнерот во ресторанот или с друг маж на забавата, флертувам со тебе, ама преку нив.
точно точно
Знам за порно списанијата што ги чуваш дома и за разголените фотографии во твојот компјутер. Работите кои те возбудуваат ми се смешни.
знам али он ми кажува пошто јас го прашувам што порно гледа
Од таму се гледа отприлика што секс сценарија го палат и не неги сметам за смешни посебно ако се поклопува со мојот вкус за порно :)
Иако секогаш изгледам средена, мојот вистински неред се наоѓа во мојот плакар, во несесерот со шминки и во фајловите на мојот компјутер.
постојан хаос било каде било кога
Кога ќе се вљубам во тебе сосема ќе го загубам апетитот.
да и не зависи шо знам
Ако сакам да ти раскинам, сите мои другарки ќе знаат за тоа најмалку една недела пред тебе.
познаци другарки комшивки ....
не една недела месец дена унапред :)
Кога ќе ти раскинам, сите твои фотографии и други работи кои ме потсетуваат на тебе ќе ги ставам во кутија за чевли и ќе ја сместам во најнедосатпниот агол во мојот плакар...во случај некогаш повторно да бидеме заедно.
не ги ставам у кутија ми се пафтаат лево десно ги користам стојат некад загубени се зависи
Ретко некој предмет да ме потсетува на некој
Кога не си дома, дури и на еден ден, спијам во твојата омилена стара блуза само зашто мириса на тебе.
не сум живеела со некој па за можам да кажам
Скоро секогаш знам кога погледот ти е во градите на некоја друга жена, колку и да се трудиш да бидеш дискретен.
Искрено неам поим кога погледот му е забуљан у нечие деколте
Веројатно зашто мојот е вперен во нечиј стегнат задник
Иако си најчесто во право, мразам кога ми кажуваш дека имам ПМС.
не постои таканрачене период кај мене пмс
Постојат само расположенија така да навикнати се тие околу мене
Мојата другарка знае СЕ:Големината на твојата банковна сметка, ама и големината на мојот омилен ден од твоето тело-и какви се тие во споредба со сите други мажи со кои сум излегувала. Верувал или не, мерката која ја користам за да ги дознаам твоите пропорции е големината на мојата рака. Затоа, ако ја „фатиш„ мојата другарка како скришно „те проверува“ знај дека не халуцинираш, таа навистина го прави тоа.
донекаде точно ... не кажувам колкава е банковната сметка или колкав е оној дел освен ако не е премал (вообичаено се жалам тогаш)
Да, гледам во твојот задник секогаш кога си ми свртен со грб.
аха да ептен гледам додека не помине фазата на заљубеност после веројатно ќе буљам у блузата да видам колку е неиспеглана
Сакам кога ТИ ја имаш контролата врз се. Теоретски јас сум финансиски независна жена, способна да живеам и без маж покрај мене. Тоа не значи дека не сакам да ме кренеш во раце, да ме однесеш во спалната соба и без прашање да го земеш тоа што го сакаш.
за секс чат-пат општо скоро никогаш преферирам да биде по мое :)
Заради тебе сум плачела повеќе отколку што мислиш, ама и за тоа нема никогаш да дознаеш.
а????!!!!о.О
Моето тело не е природно мазно и безвлакнесто како што го гледаш, но никогаш нема да дозволам да забележиш дека за тоа треба да направам безброј депилации, пилинзи, ексфолиации..
добро ко да не го знае он тоа ебате :tapp:
Машкиве пијат нафта па да не знаат
Постојано те тестирам. Кога ќе те прашам дали ти се допаѓа некоја жена, единствениот точен одговор е: „Зошто би сакал да спијам со друга жена кога те имам тебе?“
ич не прашувам, освен ако не фркне некоја луда идеа на памет а тогаш не тој одговор точен :icon_lol:
Постојано ми требаат докази дека сакаш да бидам блиску до тебе. Затоа подобро е да ме прашаш: „викендов ќе одам во Охрид. Сакаш да дојдеш со мене?“, наместо „Што планираш да правиш викендов?“
не постојано само кога ќе осетам дека нешто не е во ред а тоа е ретко многу ретко
Кога ќе те прашам дали мислиш дека сум здебелена СЕКОГАШ чекувам одречен одговор
глупост сакам искреност не лигавење
Никогаш нема да ти го кажам точниот број на мажи со кои сум спиела, колку и да изгледам искрена кога ќе ти ја кажувам „мојата бројка“.Равенката е следна: бројот што сум ти го кажала, помножи гпо со со три и ќе го добиеш точното решение.
не лажам
ако му пречи големината на бројката, знае каде е излезот
Кога ќе ти кажам дека сум подготвена, ми требаат уште точно 8 минути за да се подготвам. Овој феномен никако не можеш да успееш да го надмудриш: дури и да се појавиш 8 минути подоа, сепак ќе ми требаат екстра 8 минути.
5 минути ни помалце ни повеќе и колку ќе речам дека ми треба време толку и навистина ми треба
Дури и да се жалам дека не се гледаме доволно заради твоите работни обврски, ништо не ми е посекси од глетката кога рано наутро набрзина го облекуваш костимот и истрчуваш за да стигнеш на време на работа.
о.О
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Можам само да кажам WOW.Се е точно.
Само ова ке ви го искористат машките,да знаете!
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
29 од 30 веќе ги знам , а и скоро секое второ машко ги знае така да не се тајни :) :smir:
 
T

theTinule

Гостин
Дел од нив се точни, дел од нив немаат врска и дел од нив сите ги знаат!
Ама ипак интересно е :)
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
дали е за олеснување работа,зависи на каква женска ќе налеташ...кај некоја ќе ти помогнат, кај некоја ќе ти одмогнат...најубаво е помалце философирање а повеќе „бивање свој“...па ако се погодите ондак све е мање битно...и 30, па богами и 60 тајни(малку застрашувачки мисли)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Мнооооогу точно.
Иако за мене неточни се оние за дека мора да ми купи гардароба, дека спијам на негова облека ако не е покрај мене, дека не сум искрена за бившите. Другото и повеќе од точно е.

Неочекуваниот бакнеж за време на дербито Интер:Милан може да ти донесе многу поени по натпреварот.
Aх да и ова. Не очекувам бакнеж, ама и он од мене да не очекува :icon_lol: Јас кога гледам фудбал гледам само фудбал, не ме занима ништо друго :pos: Ама затоа има полувреме :back:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.484
Одамна сте дешифрирани вие, не се возбудувајте поради тоа што магде „ги открила“ вашите тајни :)
 
M

marsovka

Гостин
Одамна сте дешифрирани вие, не се возбудувајте поради тоа што магде „ги открила“ вашите тајни :)
Реалноста друго кажува ....
али ај нека ви биде :back:
:)
Хинт :иам бајаги другари, сингл другари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom