#3 - Најдобрите македонски ФОЛК албуми - ГЛАСАЊЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.992
Поени од реакции
39.840
Локација
Скопје
ГЛАСАМЕ ТУКА

Заврши предложувањето и за третиот жанр албуми од кои некои ќе се најдат на листата ТОП 100 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ која ја спремаме. Беа предложени вкупно 55 албуми од кои бараме претпоставувам околу 15-20 кои ќе влезат на крајната листа. Секако бројката може да варира во зависност од бројот на гласови и останатите жанрови кои ќе следуваат по овој.

Може да гласате за МАКСИМУМ 25, за секој албум по еден глас, исто како кога би имало анкета во темава (анкета не можев да направам зашто ограничено е на максимум 50 одговори)

Гласаме најдоцна до недела, 24.08.2025, 19:00 часот.

Не заборавајте - ги бираме најзначајните македонски албуми, значи оние кои оставиле трага или од музички или било кој друг аспект се важни за македонската музика. Затоа обидете се колку можете повеќе да бидете објективни при гласањето.

За да се спречат малверзации, може да гласа секој член на Кајгана форум со минимум 100 мислења.

Ова се сите предложени албуми. На линковите на насловите може да пристапите до албумите и да ги преслушате доколку сакате:

1. Васка Илиева - Дојди либе до вечер (1971, Југотон) - не сум 100% сигурен, но ова е можеби воопшто првиот целосен албум на македонски јазик објавен
2. Александар Сариевски - Александар Сариевски (1974, PGP RTB)
3. Васка Илиева - Васка (1974, PGP RTB)
4. Дует Селимова Желчески - Дует Селимова Желчески (1974, PGP RTB)
5. Пепи Бафтировски - Заветна (1991, РТС)
6. Наум Петрески - Жал за Деспина (1993, МРТ) - вториот албум на Наум, сите хитови!
7. Блага Петреска - Песната може се (1994, МРТ)
8. Гоце Николовски - Големи хитови Бисер балкански (1994, МРТ)
9. Вања Лазарова - Macedonian Traditional Love Songs (1999, Трето уво)
10. Сузана Спасовска – Терирем (Православни црковни песнопеења) (2023, SS Nacionale)
11. Орце Стефковски - Од каде дојдовте да не дојдевте (2000, Сенатор Рекордс)
12. Оркестар Пеце Атанасовски - Оркестар Пеце Атанасовски (2002, Amanet Music)
13. Војо Стојаноски - Нема друга Македонија (1993, Сенатор Рекордс)
14. Никола Бадев - Тешка беше нашата разделба (1987, Југотон)
15. Петранка Костадинова – Болка Мајчинска (1994, МРТ)
16. Кисми - Валентина (1998, Сенатор Рекордс)
17. Кирил Манчевски - Ајде сонце зајде (1975, PGP RTB)
18. Добри Ставревски - Мајко жени ме (1991, РТС)
19. Петранка Костадинова - Македонски народни песни (1996, Мистер Компани)
20. Влатко Миладиновски - Велат не нема (2019, Сенатор Рекордс)
21. Благица Павловска - The Best (2004, Сенатор Рекордс)
22. Сузана Спасовска - Бомба (2001, Сенатор Рекордс)
23. Јонче Христовски - Македонски народни песни (2011, VII)
24. Сузана Гавазова - Македонка (2017, Сенатор Рекордс) (не може да се најде за преслушување)
25. Кате и Нели ти реков- The Best Of (2012, самостојно издание) (не може да се најде за преслушување)
26. Гоце Арнаудов - Хитови (компилација, 2009, Мистер Компани)
27. Виолета Томовска - Нејчам да ме гледаш (1985, Југотон)
28. Зоран Ванев - Запеј Песна... Староградски Напеви (1998, DC)
29. Ефто Пупиновски - 15 хит песни (???, самостојно издание)
30. Ефто Пупиновски- Вишен галебе (1987, ZKP RTVL)
31. Есма и Ансамбл Теодосиевски - Зошто си ме мајко родила (1974, Југотон)
32. Билјан Стојаноски - Македонски изворни песни (1997, Мистер Компани)
33. Мирко Митревски - Седнав да вечерам (1991, РТС)
34. Виданка Ѓорѓиевска - Војник ти заминуваш (1978, PGP RTB)
35. Виданка Ѓорѓиевска - Многу мерак имам (1999, Мистер Компани)
36. Женска вокална група Бапчорки - Женска вокална група Бапчорки (1988, РТС) - тука се сместени најголемите македонски народни песни од Егејска Македонија (поточно од Костурско). Ова е албум без кој листава не би имала смисла.
37. Октет Македонија - Македонски народни песни со Октетот Македонија (1976, PGP RTB)
38. Ѓоко Дончев - Доме мој (1987, ???) (не може да се најде за преслушување)
39. Сузана Спасовска - Судбо моја (2023, самостојно издание)
40. Музички проект „Македонијо во срце те носиме“ - Македонијо во срце те носиме (2023, Скендеровски Продукција)
41. VA - Фолк фест Валандово 25 години (1985-2009) (2009, Сенатор Рекордс)
42. Опус - Две солзи ми капнаа (1993, Везилка) - легендарниот албум со „Три кила банани“, веројатно еден од првите турбо фолк албуми на македонски
43. Есма Реџепова - Чекај животе (2006, Мистер Компани)
44. Ансамбл Билјана - Ансамбл Билјана (1974, Југотон)
45. Васка Илиева - Земјо Македонска (1977, Југотон)
46. Гоце Арнаудов - Во тебе сум заљубен (1999, МРТ)
47. Гоце Арнаудов - Гоце Арнаудов (компилација, 1999, Сенатор)
48. Наум Петрески - Оди ѕвездо (2010, Award Promotion)
49. Блага Петреска - Памти ме насмеана (1991, МРТ)
50. Александар Сариевски - Сокол пие вода на Вардарот (1980, PGP RTB)
51. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975, Diskos)
52. Александар Сариевски со Народниот оркестар на МРТ - Александар Сариевски (1991, МРТ)
53. Блага Петреска - Што да таксам на Господа (1999, МРТ)
54. Наум Петрески - Има ли песна (1991, МРТ)
55. Горан Тодоровски - Се враќам (2002, Сенатор Рекордс)

Уште еднаш:

ЛИНК ЗА ГЛАСАЊЕ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom