3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Интересно ќе биде и во трета лига - Центар. Стандардно, Превалец одново ќе се обиде да дојде до втората лига. Засега, главен конкурент им е Росоман. Росоман во моментов е прв со 23 бода по 7 кола, со тоа што еден пораз со Обршани, службено го претворија во победа. Веќе се одигра директниот дуел во Росоман и Превалец успеа да извади 1-1. Превалец има само бод помалку, со едно нерешено и пораз против Ново Црнилиште од 6-1. Има и неколку прилепски екипи кои можат да скинат доста бодови, а тука е и Вардар Неготино, кој стартуваше добро, но во последните 3 кола освоија само бод и после 9 кола имаат само 16 бодови. Мој тип е дека Превалец ќе биде прв, иако се надевам дека Росоман ќе се врати во втората лига :D
Превалец и Росоман предничат со квалитет. Вардар Неготино нема екипа, ни пари.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
иначе, прваците на Север, Запад и Југозапад нема да одат директно Втора лига туку ќе играат бараж во група секој со секого и најдобрите два ќе влезат. тоа е затоа што се кратат вторите и наредна секоја група ќе има по 8.

друго, знае некој шо станува со Цементарница? после тепачката со Илинден утакмица немаат одиграно. изглеа се имаат откажано.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Скоро секаде се гледа која екипа ќе заврши како прва на крајот.

Фортуна денес во 90-та минута го добие директниот дуел со Маџари и тоа во Маџари. Така што, тука е решена работата, откако Маџари претходно изгуби дома и од Братство од Коњаре, а ремизираше и кај Локомотива.
@Harry Potter гледам дека кај вас стои Локомотива-Фортуна 0-4, а всушност натпреварот се играше во Синѓелиќ.
Фортуна избега на +8 и овде приказната е веќе решена, се гледа дека имаат и паричка за фрлање.

Велешта исто имале бајаги пара за фрлање, па немаат ни конкуренција за југозападниот регион. Мислев Црно Буки имаат амбиции, ама во разговор со нивен играч, ми рекоа дека немале шанси покрај толку пари што фрлале Велешта и се откажале уште на стартот. Значи, шампион на југозапад ќе биде Велешта.

На исток ќе имаме интересна битка. Минатото коло, Слога во Виница го доби Овче Поле со 2-0. На полусезона, Слога има перфектни 10 од 10, а Овче Поле 9 од 10. Слога имаат повеќе пари, веројатно ќе завршат како први, но ќе има интересна борба која веројатно ќе се решава со меѓусебните дуели.

Во централниот регион, исто така има интересна битка меѓу Превалец и Росоман. Превалец заврши на +2 од Росоман на полусезона, откако овие денес кикснале во Крушеани. Со оглед на тоа што директниот дуел во пролет ќе се игра во Велес, Превалец е поголем фаворит за првото место.

Веројатно, најголема битка ќе има во западниот регион.
Вчера, во големото дерби меѓу двата единствени кандидати, Беса на домашен терен во Добридол (екс Чаклани) го победи Тетекс со 2-1. Претходно, Тетекс одигра нерешено во Голема Речица со истоимената екипа, а Беса минатото коло изгуби кај Трабзонспор. Тука е јасно дека албанските екипи играт за Беса, а другиве за Тетекс. Напредок не успеа да и скине бодови на Беса, ама овие треба да гостуваат кај Љуботен во првото коло од наредна полусезона, а во наредно коло гостуваат кај Пролетер во Тумчевиште и можеби нема ни да го завршат есенскиот дел пред Тетекс. Во моментов, Беса е на +2 од Тетекс и во наредна полусезона, меѓусебниот дуел ќе се игра во Тетово.
од друга страна, Тетекс зема бод кај Речица, ама ќе има претежок дуел кај Зајас во пролет, што многу веројатно може и да го загубат. Долга битка за првото место ќе има.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Пола од овие лиги се направени за да лапнат пари. Се сомневам дека воопшто се играат натпревариве.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
Пола од овие лиги се направени за да лапнат пари. Се сомневам дека воопшто се играат натпревариве.
не баш ради пари туку затоа што АМС почна да ги бриши неактивните ОФС. иначе прошарај по клубовите по фб, има и слики од натпревари.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
не баш ради пари туку затоа што АМС почна да ги бриши неактивните ОФС. иначе прошарај по клубовите по фб, има и слики од натпревари.
За Неготино и Гевгелија тешко ми е да поверувам :D
И во Кисела Вода се играа натпреварите, ама ќе одиграа по 20 минути и ќе пишеа готов резултат. Пола натпревари се играа, ама само на хартија.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
само не знам за каков натпревар се работи. ако е бараж, тогаш годината што ја пишале (1993) е грешна пошо Мурговец тогаш е стандарден регионаш, а овие Ласта се општинска. иначе, Мурговец е денешен Врапчиште, а Ласта е од Фалише, тетовско, денес мислам не постои.

 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
само не знам за каков натпревар се работи. ако е бараж, тогаш годината што ја пишале (1993) е грешна пошо Мурговец тогаш е стандарден регионаш, а овие Ласта се општинска. иначе, Мурговец е денешен Врапчиште, а Ласта е од Фалише, тетовско, денес мислам не постои.

Ако не е бараж шо друго би можело да биде?
Со песнава мислиш титула освојуваат :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom