- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.574
Поздрав Кајганџии, започнувам бизнис во една сеуште не доволно развиена гранка кај нас во МК, 3д принтањето. Повеќе од 6 години сум во инжинерската сфера и веќе година ипол сум фриленсер што значи работам од дома... уште некое време. Мојата позадина е индустрискиот дизајн, дизајнот на производи, кад дизајнот и од пред 8 месеци 3д принтањето. Интересот за 3д принтање датира уште од пред 2-3 години и со тек на време се интересирав и научив многу за 3д принтерите, константно ги пратам новите технологии така да за во иднина планирам да инвестирам на ова поле уште повеќе. Мислам дека многу луѓе се заинтересирани за ваков тип на услуги кои овде сеуште не се доволно застапени, знам една фирма од Карпош постои но никогаш не сум бил да ја проверам и не знам дали сеуште работат, и по огласиве еден дечко од Битола но огласот му е од пред 2 години и тоа е тоа. Генерално на ова поле на ниво на цела држава сме многу назад во споредба со нашите соседи а камоли со развиените земји, но јас сум тој кој што инвестира и го развива овој бизнис за почеток овде на МК пазар а на подолг период преку инвестирање и развој на иновации ке се прошириме и на западните пазари.
Мојата цел е да ја заинтересирам помладата популација со оваа технологија и да ја научам што се може да се постигне со неа, да ги поттикнам луѓето да бидат креативни затоа што сега нивните креации на листи или во компјутер можат да ги произведат, небото е граница. Одам на помлада популација пошто стариве само за пензија и политика бистрат. Исто така сакам да соработувам и со фирмите кои работат со дизајн на производи и кои имаат потреба од брзо прототипување како на пример играчки, гаџети за смартфон,за компјутер,за во кола, накит, макети, амбалажи, механички делови, протетика, украси за прослави и сл.
Јас како Индустриски Дизајнер можам да развијам производ од обичен рачен цртеж на бел лист хартија до краен прототип и производ спремен за производство со целата пропратна техничка документација како 2д технички цртежи, 3д модели, стрес/флоу анализи и фотореалистични 3д рендери и кратки walk thru анимации на производи.
Моментално работам на неколку дизајни на 3д принтани лептир машни кои на запад се актуелни исто како и дрвените но овие се со многу посложени форми. Лептир машните ги продавам од 500 до 800 по парче, во зависност од сложеноста, и не се само овие на сликите, ако има некој заинтересиран имам повеќе дизајни на располагање.
Работам со повеќе материјали кои ги имам во неколку бои, црна, бела, црвена, жолта, сина и транспарентна. Најчесто принатам со ПЛА пластика која е био разградлива, но исто така користам и АБС која е една од најупотребуваните пластики во светот,како и ПЕТГ и најлон за флексибилни и издржливи од удар производи. Се наоѓам во Маџари - Скопје, работам секој ден од 08.00 до 20.00 освен недела секој заинтересиран може да ме исконтактира на 072207577 или на kostevski_darko@hotmail.com
Би сакал да развиеме една дискусија да ги прочитам вашите мислења, идеи и критики во врска со овој тип на бизнис, отворен сум за соработка со било кој што се бави со дизајн или 3д принтање без разлика дали тоа му е хоби или заработува од тоа.

Attachments
-
104,2 KB Прегледи: 38
-
138,8 KB Прегледи: 36
-
126,3 KB Прегледи: 35
-
48,3 KB Прегледи: 36
-
119,6 KB Прегледи: 36
-
69,5 KB Прегледи: 36
-
53,7 KB Прегледи: 35
-
69,3 KB Прегледи: 35
-
60,3 KB Прегледи: 35
-
81,3 KB Прегледи: 35
-
35 KB Прегледи: 36