igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
„Син ми е обесен во затворот“
Мојот син бил убиен во затворот во Тетово. Со вакво обвинување денеска излезе Шериф, таткото на 24-годишниот Сенат Мифтари за кој беше информирано дека пред два дена се самоубил на приемното одделение на тетовскиот затвор.
Како што ни раскажа таткото, неговиот син веќе неколку години соработувал со тројца полицајци од тетовската полиција, им бил доушник, а во последниот период го делеле и пленот од кражбите и разбојништвата за кои Сенат веќе бил обвинет.
„Тој нон-стоп контактираше со нив, работеше за нив, што работеше не знам, што направија тие не знам, го зедоа син ми и не го вратија. Син ми е убиен во затвор. Со него беа уште двајца затвореници кои биле надвор и слушнале како го тепаат син ми“, рече Шериф Мифтари, татко на починатиот Сенат Мифтари.
„Таму во затворот син ми е обесен. Нема докази дека нешто му фали овде. Има се негово тука, патики, се. Значи убиен е таму во затворот. Прво убиен, а потоа обесен“, додаде Мифтари.
Таткото Шериф вели му биле побарани 20.000 евра за информација кој го убил Сенат
Тој работел за полицијата, со ветување дека од нивна страна нема да му ги процесуираат обвиненијата за кривичните дела. Самоубиството со бесење е монтирано, вели таткото.
Тој синоќа добил анонимен повик. Непознат човек му понудил информации за тоа кој го убил Сенат, ако плати 20.000 евра.
Истрага за овој случај се уште не е покрената. Во тетовското обвинителство ги очекуваат наодите од обдукцијата и извештајот од увидот, по што ќе се знае дали и кои постапки ќе бидат преземени од нивна страна.
Од МВР велат дека доколку семејството има докази за било каква вмешаност на полицајци, треба да ги достават до обвинителството. Нивна е одлуката дали ќе има истрага, која ќе покаже дали во тетовскиот затвор имало самоубиство или осуденикот бил убиен.
Поради пропусти во овој случај, вчера управата на затворот суспендирала четворица чувари.
Сенат Мифтари вчера е погребан на муслиманските гробишта во Тетово. Бил оженет и го очекувал своето прво дете.
Во тетовскиот затвор пред девет месеци почина под засега неразјаснети околности и кичевскиот новинар Владо Танески. Истрагата за овој случај се уште трае.
Лани биле регистрирани 57 жртви на полициско насилство
Вкупно 57 жртви на полициска злоупотреба се евидентирани од октомври 2006 до ноември 2007 година од страна на пет невладини организации во земјава. Најголемиот број од жртвите на полициска злоупотреба се на возраст од 18 до 30 години, но има и малолетни лица. Повеќето се жалат на бруталноста на „алфите“, кои во дури 90 отсто од случаите им нанеле телесни повреди. Ова се резултатите од анализата на Проектот за поддршка на човековите права, која вчера беше презентирана во Скопје. Таа се базира на пријави на граѓани, кои од невладините организации побарале бесплатно правно советување, како жртви на полициска злоупотреба.
Во повеќе од половина од случаите, или 53 отсто, граѓаните се жалат дека полицајците им нанеле телесни повреди и ги малтретирање, а во 26 отсто–полициските службеници се однесувале грубо и недолично. Забeлешките за злоупотреби најмногу се однесуваат на спектакуларните апсења и непочитувањето на пресумпцијата на невиност. „Загрижувачка е тенденцијата на спектакуларни апсења, на случаи на доведување приведени пред истражен судија на главниот влез во судот, на очиглед на јавноста и на новинарите, како и давањето изјави од страна на високи функционери на МВР дека полицијата располага со несоборливи докази“, велат правните аналитичари .
Во анализата се посочува дека голем број од жртвите се обраќаат за правна помош во врска со неправилното однесување на полицијата, но се плашат да иницираат постапка против полицајците. Уште позагрижувачки е и фактот што полицијата често на поднесената пријава од жртвите одговара со контра кривична пријава за напад на службено лице. Шефот на одделот Владеење на правото при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, Доналд Бисон, кој му даде целосна поддршка на проектот, укажа дека полицијата треба да ги почитува човековите права и да се однесува согласно со правилата и законот.
Проектот е финансиски поддржан од набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје и од Институтот Отворено општество Македонија-ФИООМ.
МВР ќе ги засили казните за полициско насилство
Министерството за внатрешни работи потврдува дека има случаи кога полицајци ги прекршуваат правата на граѓаните, но нагласува дека е двојно зголемено санкционирањето на тие случаи и дека е засилена работата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Човековите права во Македонија генерално се почитуваат, но и понатаму се проблем полициски злоупотреби врз осомничени, оцени американскиот Стејт департмент во својот годишен извештај. Извештајот е објективен, свесни сме дека има злоупотреби на службата и прекумерна употреба на сила. Тоа веројатно ќе го има и во иднина. Но, особено значајно за нас е што во извештајот се поздравува зацврстувањето на институционалниот механизам за откривање и санкционирање на ваквите противзаконски дејства - изјави Иво Котевски, помошник-министер во МВР за односи со јавноста. Во 2006 година МВР поднесло 53 кривични пријави против 77 свои вработени, а лани со 95 пријави биле опфатени 187 полицајци. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесол 59 пријави за 106 полицајци, СВР-Скопје 9 пријави за 21 овластено лице, од кои 16 од Единицата за брзо распоредување, а Секторот за организиран криминал пријавил 38 полицајци за 9 кривични дела. МВР лани добило 251 поплака од граѓани за однесувањето на полицијата, Народниот правобранител поднесол 50 поплаки, од кои 14 за прекумерна употреба на сила, а невладини организации доставиле 60. Стејт департментот оценил дека има политички притисок врз МВР и врз другите институции. Котевски тврди дека врз МВР нема никакви притисоци и политички влијанија. Министерството нема против независно тело да ја надгледува работата на полицијата и на Секторот за внатрешна контрола. Тоа е барање на неколку невладини организации за човекови права, а можноста била разгледувана и во проект на ОБСЕ и на МВР.
-Ако биде формирано од Собранието, прашање е колку ќе биде независно и колку ќе може да води ефективна истрага. Никој не бега од можноста да биде формирано, но услов е да биде поефикасно и да гарантира подобри резултати од Секторот за внатрешна контрола - вели Воислав Зафировски помошник-министер во МВР.
Значи случаи за полициско насилство кај нас има многу. Се уште е нормално кај нас приведените да се носат во затворени простории и со тепање да се изнудуваат признанија.
Не треба да се заборави случајот лани каде човекот се удави во кофа со вода за која до ден денес се уште никој не одговарал. Денес испадна и вест дека уште некој друг се "обесил". Сите овие настани се случуваат во затвор. Исто така за убиството на кој беше осомничен првиот сериски убиец во македонија веќе лежеа други луѓе во затвор кој подоцна рекоа дека признаниет го дале под полициска присила.
Мое прашање е што мислите кој е пред се одговорен за овие случувања? Дали е полицијата? Дали е само мал дел од полицијата или пак е општа пракса? Кој треба да превземе мерки за да се запрат овие пред се овие недемократски процедури?