Во ЕУ „македонски“ нема да се користи!?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ерик Мејер, побара од Европската комисија да потврди дали општоприфатените термини „Македонци“ и „македонски“ и кодот на земјата „МК“, неодамна се заменети со назнака дека „ќе бидат дефинирани“, што води кон нов спор околу името на овој народ и неговиот јазик.
Мејер притоа се прашува дали ЕК води сметка дека со креирањето на ваква неизвесна ситуација спорот се шири во нови области, кои се многу почувствителни, бидејќи навлегуваат во националниот идентитет и стануваат невозможни за решавање, пренесува „Дојче веле“ на македонски јазик.
„Бев информиран дека во официјалната терминологија на Европската Унија зборот ‘македонски’ нема веќе да биде користен, како што се практикуваше до 2008 година. Тоа беше причината поради која побарав официјално објаснување од Европската Комисија. Одговорот на Комисијата е дека нема промена, се наоѓаме во луда ситуација која нема да има последици за Европската Унија, но која и прави задоволство на Грција“, објаснува Ерик Мејер.
Имено, во одговорот што го доби од ЕК, нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо, потврдува дека е точно оти до скоро се употребувале стандардните имиња, а од летото 2008 година била донесена одлука тоа да се смени. Така, во меѓуинституционалниот водич, контролиран од Бирото за официјални публикации на Европската Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Зградата на Европската комисија заедница, терминот „македонски“ и меѓународниот код „МК“ е заменет со „да се дефинираат“. Комисијата притоа тврди дека сите референци во документите и публикациите биле во стриктна согласност со резолуцијата 817/93 на Советот за безбедност на ООН.
Според Мејер, Комисијата даде симболичен подарок за да се задоволи Грција, која го оспорува користењето на зборот „македонски“ за јазикот и народот. „Не постои ниту „фиромски“ народ, ни „фиромски“ јазик, тој ќе биде само „македонски“, категоричен е холандскиот европратеник.
Мејер е загрижен и поради одложувањето на датумот за почеток на преговорите за членството на Република Македонија во ЕУ, ова и покрај препораките на Европскиот парламент. Тој оценува дека грчкото противење може да потрае со години.
„Јас сум многу песимист, бидејќи проширувањето сега не е приоритет. Јавното мислење е против и владите на државите членки на ЕУ се среќни што располагаат со повеќе време за да донесат одлука. За Европскиот совет проширувањето не е приоритет. Од друга страна, грчкото противење за почеток на преговори со Македонија, може да потрае повеќе години. Иако мнозинството во Европскиот парламент го следеше мојот предлог, реалноста ќе биде многу поинаква“, заклучува холандскиот европратеник.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106628
 
Браво бе. Ние тоа шо го имавме го изгубивме, а не нешто напред да појдеме. :uvo:
 

Според некои “оратори“ темата не треба да се спојува,па нели јазикот беше различен проблем од името,уствари не беше ни проблем по нивно мислење.:uvo:
 
Овој проект беше спремен ден после Букурешт.
Имаше логистика од внатре од Македонија.
Инатот на еден “фашист“ кој не сакаше по секоја цена некаде.
Малку од малку ни даде време да подразмислиме, за не ни се повтори она, БЈРМ за 3 месеци а северномакедонци цел живот.
 
Нема Македонци , МАкедонско МАкедонија . Нема проблем бе . Не ни требаат чим не не сакаат . И пак Фрчко нека не убедува дека треба да влеземе во ЕУ или Нато по секоја цена . Никој не ни требааааааа . Сме опстоиле до сега , ќе опстоиме за навек . А ако Фрчко сака по секоја цена да влезе во ЕУ , слободен е , нека иде да живее кај јужниве соседи наши , пасош нека си земе како човек со високо заслужени државни интереси надвор од границата на нивната карпеста никаква земја и крај . Слободни се нека одат и СДСМ и сите како нив , нека си земаат пасош и слободни нека се , нека ја остават Македонија на Македонците .
 
Немаше некој демант ,дека дошло до недоразбирање за изјавава на Мејер ?:toe:
 
Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ерик Мејер, побара од Европската комисија да потврди дали општоприфатените термини „Македонци“ и „македонски“ и кодот на земјата „МК“, неодамна се заменети со назнака дека „ќе бидат дефинирани“, што води кон нов спор околу името на овој народ и неговиот јазик.
Мејер притоа се прашува дали ЕК води сметка дека со креирањето на ваква неизвесна ситуација спорот се шири во нови области, кои се многу почувствителни, бидејќи навлегуваат во националниот идентитет и стануваат невозможни за решавање, пренесува „Дојче веле“ на македонски јазик.
„Бев информиран дека во официјалната терминологија на Европската Унија зборот ‘македонски’ нема веќе да биде користен, како што се практикуваше до 2008 година. Тоа беше причината поради која побарав официјално објаснување од Европската Комисија. Одговорот на Комисијата е дека нема промена, се наоѓаме во луда ситуација која нема да има последици за Европската Унија, но која и прави задоволство на Грција“, објаснува Ерик Мејер.
Имено, во одговорот што го доби од ЕК, нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо, потврдува дека е точно оти до скоро се употребувале стандардните имиња, а од летото 2008 година била донесена одлука тоа да се смени. Така, во меѓуинституционалниот водич, контролиран од Бирото за официјални публикации на Европската Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Зградата на Европската комисија заедница, терминот „македонски“ и меѓународниот код „МК“ е заменет со „да се дефинираат“. Комисијата притоа тврди дека сите референци во документите и публикациите биле во стриктна согласност со резолуцијата 817/93 на Советот за безбедност на ООН.
Според Мејер, Комисијата даде симболичен подарок за да се задоволи Грција, која го оспорува користењето на зборот „македонски“ за јазикот и народот. „Не постои ниту „фиромски“ народ, ни „фиромски“ јазик, тој ќе биде само „македонски“, категоричен е холандскиот европратеник.
Мејер е загрижен и поради одложувањето на датумот за почеток на преговорите за членството на Република Македонија во ЕУ, ова и покрај препораките на Европскиот парламент. Тој оценува дека грчкото противење може да потрае со години.
„Јас сум многу песимист, бидејќи проширувањето сега не е приоритет. Јавното мислење е против и владите на државите членки на ЕУ се среќни што располагаат со повеќе време за да донесат одлука. За Европскиот совет проширувањето не е приоритет. Од друга страна, грчкото противење за почеток на преговори со Македонија, може да потрае повеќе години. Иако мнозинството во Европскиот парламент го следеше мојот предлог, реалноста ќе биде многу поинаква“, заклучува холандскиот европратеник.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106628

За ваков фашизам, Европската Комисија треба да ја тужиме, како и за непочитување на основните човекови права. НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ТИ НИ ЈА ОСПОРУВА НАЦИОНАЛНОСТА И ЈАЗИКОТ, тоа е основно човеково право. Додека молчиме, кретените од ЕУ Комисија ќе не зезаат.
 
Денес беше оваа тема на БЕЛ/ЦРН Бумбар...
Се јавува еден пациент и дава „бел бумбар„ за тоа што Европската Комисија ни го сменила името...
Објаснувањето му беше, Владата ова, Владата она, Треба да молиме, треба да се покоруваме, и тн и тн...

До кога не ми е јасно???
 
Тужба до ЕУ и ЕК... Многу добро звучи.
Се надевам дека ќе имаме сили тоа да го направиме. Навистина ќе вреди таков потег да се повлече.
После овој потег на ЕК сметам дека кој и да промовира влез во ЕУ треба да се смета за антимакедонец.
 
Сепак, макдонските реакции вродија мал плод.


Европската Комисија НЕ СМЕЕ да ДЕФИНИРА идентитет и јазик, оти тое би било кршење на основните човекови права, па по нашите реакции во новите Interistitutional Style Guide-ови имаат направено некој компромис. За кандидатите за ЕУ, кај е Македонија, немаат ставено име на националноста, а за јазикот само како домицилно се нарекува истиот (македонски,хрватски).
http://publications.europa.eu/code/pdf/370000en.htm#fn1-2

Да реагиравме побурно, ќе беше се` исправено како што треба да е, освен името ФИРОМ кој ни го кладе СДС & Киро.
 
Денес беше оваа тема на БЕЛ/ЦРН Бумбар...
Се јавува еден пациент и дава „бел бумбар„ за тоа што Европската Комисија ни го сменила името...
Објаснувањето му беше, Владата ова, Владата она, Треба да молиме, треба да се покоруваме, и тн и тн...

До кога не ми е јасно???

Верувај ми ќе се изненадиш непријатно колку монгу мазохисти постојат во државава ни мила.

Да треба да се даде на судЕК за негирање на правото за самоопределување со тоа што го негира името на јазикот на еден етникум.
И таа тужба терба да се прзентира како потег кој треба да и помогне на ЕУ у ЕК да се развие во институција која ќе ги почитува човековите права безкомпромисно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom