Славески: Размислете дали треба да ги зголемите каматите!

  • Креатор на темата Креатор на темата n/a
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум баш многу сигурен во тоа што го кажале тие луѓето во години и со педигре, бидејќи овие воловиве што сега ни ја кројат капата се НИВНИ ТЕЛИЊА.....Во моментов ни треба нова , креативна економска мисла, која знае да ги уочи и искористи можностите кои се нудат..., а условно...класичниот пристап на решавање на заебанцииве...за Македонија е ПРОПАСТ...и тоа ДЕФИНИТИВНА...и би значело само едно....бришење на Македонија од списокот на САМОСТОЈНИ, СУВЕРЕНИ ДРЖАВИ...какви такви, колку ги има...
Големите кризи..секогаш изнедруваат и големи можности...лудо е , но некои наши " параметри " можат и да бидат предност, некои искуства со пари не можат да се платат...., ама нажалост немаме ВИСТИНСКА ВЛАДА за таква една операција сега..., само самобендисаните ОДРАСНАТИ ТЕЛИЊА производ на тоа луѓето во години и со педигре..:)

Затоа и првата реченица ја започнав со Ставрески.Он е нивното омилено теленце,заедно со Бесими и уште две девојки кои работат во НБРМ.Тоа е кадарот на кој се гордеат,луѓе кои многу помогнале во истражувачката дејност во земјава.Интересен феномен,имаш еден став,водиш едногодишни испитувања,докажуваш дека Вардар тече надоле и допираш до фотеља.Седнуваш и викаш дека Вардар тече нагоре:)Тоа ни се случува,за жал секогаш.

Дечкото што ми реплицира дека многу ја сакам ММФ:)
Дали овде би пишувала доколку би имала совршена економија во земјава или приближно продуктивна?Дали јас би побарала некој од страна да ми соли памет ако мојата работа си ја завршам како треба?
Различен пристап имаме,јас тргнувам од својот двор ти плукаш по комшијата.Додека дома не си средам,нема што да викам дека кај комшивката има прашина на телевизорот.Ти плукаш по ММФ,а дома имаш разочарувачка економија,по која логика?:smir:
 
Дечкото што ми реплицира дека многу ја сакам ММФ:)
Дали овде би пишувала доколку би имала совршена економија во земјава или приближно продуктивна?Дали јас би побарала некој од страна да ми соли памет ако мојата работа си ја завршам како треба?
Различен пристап имаме,јас тргнувам од својот двор ти плукаш по комшијата.Додека дома не си средам,нема што да викам дека кај комшивката има прашина на телевизорот.Ти плукаш по ММФ,а дома имаш разочарувачка економија,по која логика?:smir:

Ти си слабо запознаета со историјата (мислам на економските односи) ти предлагам да се запознаеш подобро со тие работи (доколку те интересираат) и кога ќе имаш доволно знаење во себе ќе видиш дека ќе размислуваш исто ко мене.

Секој што слепо ги брани ММФ и Светска банка или е неук или премногу му е испран мозокот.( извинете али јас само сакам да си го кажам мојот став- без навреда)
 
leandra, мислам дека и покрај овие 2 институции, со ваков министер нема шанси да успее ниеден нивни проект. А доколку се постави некој поадекватен за министер со добар тим, тогаш овие институции не се потребни, законитостите во економијата се тие, тоа го можат и нашите... само ако се постави некој посаглам.
Минатото десетлетие имаше доста утки во курсот диригиран од ММФ во нашата земја. Истото се случи и во други земји. Затоа некои од нив полека ги тргнаа од соработка (ја намалија соработката) со СБ.

Јас пишав како идат аранжмани од СБ, едноставно голем дел од парите (кредит, колкава и да е каматна стапка) се враќаат назад во СБ преку трошоци, плати и дневници за експерти на кои во ЦВ ќе им прочиташ дека работеле во Бали или дека знаат е-маил :toe:
Една третина можеби најмалку се двои за тоа, односно парите идат назад во СБ.
А прават неодржливи проекти кои не само во Македонија, нема да успеат ниту во Холандија. Но тоа е тоа, колку да се направи проектот, ќе те уловат, ќе потпишеш, пари за нив, пари за нашите проектни единици (во кои членовите земаат големи пари), мир во куќа. Но самиот проект бледнее, се разводнува. Не знам колку некој проект од СБ успеал кај нас, но во завршните извештаи ќе прочиташ дека сите биле успешни.
БТВ, проектот (со доста големи средства и среднорочен мислам) за земјоделие кој почна 1995 или 1997, ако прашаш резултат....АШ. Ниту нешто останало, ниту пак пари останале. За СБ реков така функционира. За ММФ не сум сигурен но тие рачунај ги како сестрински фирми/институции.

Нивното основно мото е борба против сиромаштија. Дали успеале некаде да ја искоренат сиромаштијата (Ј. Америја, Азија-каде имаше и огромна криза, Африка)? Што знам, не знам дали на дело сте виделе како функционира проект од СБ-ја сум видел и учествувал... не е воопшто розово, а кредити се плаќаат.
 
Ти си слабо запознаета со историјата (мислам на економските односи) ти предлагам да се запознаеш подобро со тие работи (доколку те интересираат) и кога ќе имаш доволно знаење во себе ќе видиш дека ќе размислуваш исто ко мене.

Секој што слепо ги брани ММФ и Светска банка или е неук или премногу му е испран мозокот.( извинете али јас само сакам да си го кажам мојот став- без навреда)

Изгледа пак не се разбираме:)Јас ќе се обидам и овај пат да ти објаснам што ММФ направи за Македонија и само Македонија,а не што ММФ направи за Африка.Слепо само фамилијата си ја бранам,се друго со голема резерва,денес од едното око на другото не верувам под таа парола сум:wink:Ако ММФ беа идеални,ќе немаше сиромаштија во светот и кризи,но не се,но ако зборувам глобално.Сега и овде зборувам конкретно за кај нас,мислам дека сум појасна:smir:
Ајде да те просветлам,а ти види колку не ги познавам економските однсоси кај нас:
Ќе почнам од првиот аранжман на ММФ,се викаше СТФ,31 милион долари,рок на доспевање 10 години,каматна стапка 5%.Се склучи во 1993 година кога Македонија беше под грчко ембарго,а во комшии имаше олуја од војни.Во такви услови,ние имавме инфлација од 1995%,тако звана хипер инфлација.Моите земаа плата од милион денари:).Целта на договорот беше да се сузбие инфлацијата.Од наша страна требаше да ги фрлиме селективните кредити останати од Југословенско време и да ги ограничиме платите,за да го прекратиме спиралното движење цени-наемнини (маЃепсан круг).
Еве ти резултати од аранжманот,инфлација кон крај на 94та 22%,буџетски дефицит од 11,9% на 2,6%повисоки девизни резерви од проектираните,стабилен девизен курс и можност за премин во стратегија на таргетирање на девизен курс.
Вториот аранжман е 13месечен,добро познатиот стенд бај аранжман.Побаран 1995 година.Цели намалување на инфлацијата од 18%,зголемување на девизните резерви на 60 милиони долари и намалување на буџетскиот дефицит на 0,9%.Но во позадина овој аранжман ја има целта преструктуирање на банкарскиот систем.
Се направи линеарната санација,се тргнаа нефункционалните кредити од билансите на банките,Југо банка отиде во заборав.
ЕСАФ аранжманот е оној кој ја им ги одврза рацете на СДСМ да ја украдат државата,потпишан 1996.ММФ понуди два модели на приватизација на стопанството,едниот беше во пакет,другиот беше случај по случај.Парите им ги дадоа како на созреани луѓе и им дозволија избор на модел.И нормално си го избраа најповолниот.Убаво замислен,лошо реализиран.

Да не ги редам сите овие ми се приоритетни за муабетов.ММФ не се богови,тие идат од страна и за десет дена пишуваат проект,не живеат овде за да знаат се.Работат по економски принципи,по веќе позната пракса.Но теоријата и праксата честопати не се поклопуваат.Поентата ми е,дека за нас како држава,многу помогнаа да застанеме на нозе,да изградиме финансиски систем,да научиме како треба да се однесуваме.Кога сами незнаеме,ќе чекаме од страна да ни кажат што да правиме.Ние само знаеме да крадеме,во тоа сме махери како што покажува и овој транзиционен период од 19 години.Денес сме како кучиња одврзани од синџир,трчај,троши,луксуз.Ни треба некој да ни го стегне.
Лутз,не само светска банка,сите работат на истиот принцип,високи дневници за свои лица.И ние така треба,но никој не не бара да му покажеме како да уништиш држава или како да ја украдеш.Додека не не побараат,ќе си плаќаме странци кои од десет дневно седење овде ќе ни ја скоцкаат на писмено,ќе ни ја преџвакаат,а ние ќе си голтнеме.
Затоа ни се потребни истражувачи центри во кои нема да влегуваат врскашите и политичарите,за да формираме кадар кој ќе знае да даде одговор и на кого нема да му се потребни странци.Дотогаш,да си плачеме вака по форуми:smir:
 
ОК во добар дел се согласуваме сепак =) само за мене е глупо на пример да им дадеме 1000 п.е. а ММФ да ни вратат 900 п.е. и плус да ни дадат план како да ги трошиме. Зарем толку сме неспособни сами да си направиме план (ама не ваков каков што имаме сеа со владини реклами и слично оваа влада се нафурала па ја следи маркетинг страдегијата на кока кола)
*она погоре со цифрите го објаснив многу пластично како едноставен пример како функционира аражманот мислам на стенд бај, значи не ме сфаќајте погрешно. А и порано имав напишано дека целта на постоење на ММФ и Светска банка е рамномерен глоболен економски раст а успеа според мене плански и намерно, да го зголемат јазот помеѓу богатите и сиромашните земји.
 
ОК во добар дел се согласуваме сепак =) само за мене е глупо на пример да им дадеме 1000 п.е. а ММФ да ни вратат 900 п.е. и плус да ни дадат план како да ги трошиме. Зарем толку сме неспособни сами да си направиме план (ама не ваков каков што имаме сеа со владини реклами и слично оваа влада се нафурала па ја следи маркетинг страдегијата на кока кола)
*она погоре со цифрите го објаснив многу пластично како едноставен пример како функционира аражманот мислам на стенд бај, значи не ме сфаќајте погрешно. А и порано имав напишано дека целта на постоење на ММФ и Светска банка е рамномерен глоболен економски раст а успеа според мене плански и намерно, да го зголемат јазот помеѓу богатите и сиромашните земји.

СМЕ!!!! и повеќе од колку што можеш и да замислиш :) , но тоа никогаш нема да го сватиме и затоа има да не нема.....во историски кусо време...
 
Drugarot na Concrete:

НБМ и Владата мора да водат координирана политика
Трајко Славевски


Државата обезбеди 32 ипол милиони евра од денешните три аукции на државни записи, пари што директно одат за буџетски трошења.

Каматата на едномесечните хартии од вредност повторно се качи на 8,9%, што е сериозно приближување до камата на записите на Народната банка, преку кои монетарната власт се обидува да го намали притисокот врз курсот на денарот.

„Каматите не се повисоки од оние на НБМ, и воопшто не постои натпревар. Нема никаква причина за натпревар меѓу Народна банка и Министерството за финансии, особено сега кога ние применивме, оној стандарден тип на аукција. Не применивме фиксна каматна стапка па да бараме износи“, вели Трајко Славески, министер за финансии.

Голема навалица банките покажаа за едномесечните државни записи. Моменталото салдо на државните записи изнесува околу околу 160 милиони евра. Славески негира дека Владата на ваков начин ги вбризгува во буџетот парите на банките и на стопанството, бидејќи се работело за краткорочни хартии од вредност.

Министерството за финансии тврди дека засега нема да има кредитни задолжувања од ММФ, посочувајќи дека некогашниот финансиски ментор на Македонија повеќе не е она што бил.

„Она што е ММФ денес, е сосема друга институција од она што беше пред година дена. Не се препознава воопшто. Немавме ситуација, не сме имале ниту по војната. ЕУ, светот, Јапонија, Кина, Русија, да се договорат, да обезбедат 750 милијарди евра, коишто сакаат да ги одвојат за зачувување на стабилноста на светската економија“, изјави Славески.


Во ситуација на криза, експертската јавност посочи дека државата треба да се воздржи од нестопански трошења и дека НБМ и Владата мора да водат координирана политика.

Stvarno, gospod neka ni e na pomos.
 
Не бил толку бе,сега ММФ чинел,се поправил за еден ден и една ноќ.:pos2::pos2::pos2::pos2:

Чекај не го брзај човекот за една недела ќе тресне нешто спротивно,добива прекар вртелешка:)

Иначе сите преговори со ММФ што ова напатена земја ги водела биле тајни,само официјалните договарање испаднаа во јавност.Затоа ние од ММФ земаме кредит на прв состанок:)Кој знае колку му ги тегнеле ушите минативе недели:pos2:
 
Dobro be ima li vo Makedonija nekoja sluzba zadolzena za lov na ludaci koi slobodni ..pravat nevideni steti??? nesto ko sinteri??? ili kako sto nema nisto funkcionalno vo toa vukojebinata ...i ova e samo luda zelba....
PS.... mi kazuvaat denovive.....mail-ovite so koi se isprateni podatoci za CELA PLATA...se vrakaat so poraka : javete se na salter....ova e malku off, ama e vrzano so slavevski...:) i veke legendarnata GLUPAVOST na Makedonskiot narod....:)
 
E,да тука си во право,не била каматата баш 1%,туку еве колку била:

Најниско ниво на каматна стапка од 1,25%
Европската централна банка (ЕЦБ) вчера ја спушти клучната каматна стапка на историско ниско ниво од 1,25 насто.

Информацијава е од Вечер,за да му се стемни на човек.:smir:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E06618CBB2CF8C469EFEFCCFF4972D2D

АБЦ,ММФ исто така и централните банки на државине не дават пари на граганите директно.Централните банки дават пари на месните банки.ММФ може да даде пари на државата.
Кога един ресурс(како парите) станува скап е нормално каматите да одат нагоре.Идеме до прашането како се образуват каматите.Централната банка има некакви камати,месната банка + уште неколко посто(което отразjaва ризка за икономиката) и еве ти каматите до граганите.За последната година ризка за икономиките во източна европа се зголеми около 10 пати.Централната банка и да намали малце каматите си,не е можно да компенсира ризка во пати.
Проблема е тамо,дека много балкански држави водеха политика на максимален буджет за годината,па некои харчеха повеке отколкото имаха.Во един убав ден доjде кризата и трезорите на централните банки беха почти празни,заради буджетите на МАХ.Истите држави сега барат помошт от ММФ,заштото родната валута се срива,централните банки немат резерви да држат старите валутни курсове.Повекето заеми беха во евро и швеjцарски франкове,па от разликата на курсовете заемите се зголемиха,икономиката загуби пазари,приходите во државниjа буджет намалеха,странските инвестиции се замразнаха и еве-требат ти пари и ги бараш како заем от ММФ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom