Љубовта се учи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Зарем љубовта не се чувствува, како може било кој да се научи да сака? Не верувам дека има било каков начин за да научиш да сакаш, можеш само да го осетиш тоа. Или сепак не?
Мислам дека баш тоа се подразбира под таа реченица.
Не дека некој навистина те научил да сакаш,во смисол на вистинско учење,туку едноставно,со одредена личност си ја почувствувал љубовта.
Постоењето на таа личност и веројатно нејзината интеракција со тебе,предизвикале во тебе некаква реакција,нешто преубаво,во кое ти уживаш.
И во таков случај,се употребува фразата:Ме научи да сакам.
Во никој случај не треба да се зема ова буквално,туку далеку повеќе е метафорично кажано.
Љубовта никогаш не се учи.
Љубовта се чувствува.
Напишано од devojcence
ljubovta ne se uci.ili znaes da ljubis do koska ili neznaes.
Не постојат љуѓе кои не знаат да сакаат.
Само луѓе кои СЕ и луѓе кои НЕ се доволно храбри за да и дозволат на љубовта да продре во нив.
 
Јас ова го нарекувам “ се учиме заедно“, како луѓе еден со друг.

Си ги адаптираме карактерите за да може да опстои таа љубов и тогаш дури сфаќаме дека неопходно е “инвестирање“ во тој однос.
Ништо не доаѓа и не се средува само од себе, колку даваш толку ти следува.
 
Јас не се согласувам со тоа дека љубовта е нешто што се учи. Ако би рекла така, тогаш би ја споредила љубовта со лектира и ако ја научам таа лектира или ајде да речеме некој прирачник за тоа како да се љуби, ќе дознаам и научам како да љубам.
Мислам дека љубовта кај секое човеково суштество е вродена, сите ја чуваме некаде длабоко во себе, но прашањето е дали индивидуата ќе знае како прво, да ја пронајде љубовта во себе, а дури потоа да ја подари и сподели таа љубов.
 
Па да љубовта се чувстува,но од една страна тоа чувство треба да научиме да го чувстуваме.
Но, има разни случаи каде што одиш со некој и најпрво не го сакаш, само од онака колку да не ти е досадно, а потоа со тек на време се заљубуваш во него.
Или пак кога си некоја несериозна што ја интересира само колку вечерта да и помини и да се појави некој што ќе ја промени...
А пак...помислувам и на тоа дека сите знаеме да сакаме,сите ја имаме таа емоција,ама едноставно неможиме да ја пронајдеме во себе..несакаме да омекниме.
 
Pod "me nauci da sakam" podrazbiram deka nekoj vi pomognal da stanite svesni deka ima uste nekoi custva koi dotogas ne ste gi otkrile deka postojat. Inaku ljubovta ne se uci, taa e nesto na koe ni e programiran mozokot.
 
Малце погрешна претстава имате, не е дека не е секој способен да сака, далеку од тоа.
Ја викам дека да, љубовта се учи. Човек кога стварно има длабоки чувства кон некој, научува дека љубовта е многу повеќе од пепетутки во стомак и занес.

Љубовта е и договор, компримис, доверба, сигурност. Пред се, под учење тука се подразбира дека во љубовта човек учи да прифати друга индивидуа. Веројатно тоа е најтешката лекција во било каква врска, значи и пријателска, да прифатиш некој каков што е, со своите мани и доблести. Љубовта го учи човек и да го потисне малце егото, да научи дека колку дава, толку ќе добие, да научи дека еден рамноправен однос не значи секој да оди по своето...и мн други работи. Voila, и љубовта била сложена работа. :helou:
 
Мислам дека љубовта не се учи. Љубовта ја има секој во себе уште од самото раѓање, само му треба време за да ја пронајде, а потоа ќе се запраша дали знае како да ја изрази таа љубов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom