СПУКМ најновиот им акроним нема ама баш никаква допирна точка со она што се вели студенстко здружение. Повеќе е боемско, џаболебојадарско здружени. Ајде од претходната година нешто им ги покренаа ингеренциите, ама сега, криминалот кој го правеа други структури, сега го прават тие. Сега веќе нема земање на место во студентски дом ако знаеш некоја битна фаца во организацијата, сега треба само да знаеш битни фаци од сојузот и точка.
И плус имаат уште една задача, да организираат забави во дискотеката во Гоце.
Може овдека и да ги начекаме. Секој петок, овој Малчевски и цела дружина се овдека.
Жално е. Ептен.