Bratot
Стоик и Машкртник!
Можеби не забележавте, но на избориве речиси 60.000 гласачи решија својот глас да го дадат за една од безмалку стоте листи на групи избирачи, а двете партии што се отцепија до НСДП лани (ПОДЕМ и СДУ), добија вкупно речиси ист број гласови како и партијата на Тито Петковски. Се разбира, најголемо изненадување на локално ниво, е подемот на националистичката коалиција на ВМРО-ДП и ТМОРО-ВЕП за која низ целата држава, вкупно гласот го дадоа за нејзините советнички листи над петнаесет илјади луѓе, што е пораст од 100% во однос на нивните гласови на парламентарните избори!
Диверзија: една верзија низ која може да се толкуваат изборните случувања и резултати е – диверзијата. Диверзија во суштина значи да се направи нешто што ќе го одвлече вниманието од нешто друго (кое е многу поважно) со цел луѓето да не забележат што навистина се случува.
Диверзија е воен термин кој се користи за да се опише ситуација кога се врши мал, но бучен напад на некоја непријателска позиција, со цел непријателот да помисли дека токму таму се случува главниот напад, и кога неговите сили ќе заминат да ја бранат нападнатата позиција, на сосема друго место од фронтот да биде почнат вистинскиот напад, со голема војска која лесно треба да ја порази одбраната оти таа е претходно ослабната со испраќањето на воени сили за одбрана на местото нападнато преку диверзијата.
На овие избори имаше една голема диверзија, или барем обид за диверзија, при што со поклопувањето на датумот на претседателските и локалните избори, владата се надеваше дека нејзините кандидати за градоначалници и советници ќе поминат по автоматизам со гласањето на гласачите и за претседателскиот кандидат и за партијата која го промовираше.
Тоа не помина како што беше планирано, оти иако целиот фокус во медиумите беше концентриран врз името, идентитетот, НАТО, ЕУ и сличните диверзантски трикови, вниманието на гласачите, на обичните луѓе кои требаше да решаваат за тоа кој ќе ги води нивните општини во наредните четири години – не беше свртено.
Доказ за тоа е што на пример, Ѓорѓе Иванов доби многу повеќе гласови одошто советничките листи на партијата која го предложи за претседателски кандидат, а пак интересно, градоначалничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ добија збирно уште повеќе гласови отколку претседателскиот кандидат.
Со други зборови, обидот за протнување на советниците низ вратата што подршката за претседателскиот кандидат требаше да ја отвори во умот на гласачите, пропадна. Диверзијата не успеа (иако сепак владаечката партија нема баш причина да се жали, оти лапна многу градоначалнички места и мнозинство во огромен број општински совети) и се покажа, можеби за прв пат во нашата плуралистичка историја – дека гласачите не се глупави и дека партиите не треба да ја потценуваат нивната интелигенција. Тоа, несомнено, е добар знак.
Аверзија: друга верзија која што може да ги расветли впечатоците од изборите е аверзијата (одбивност) која некои партии и лидери за прв пат ја почуствуваа од страна на својот народ.
Да почнеме со ветеранот на македонската политичка сцена, стариот лисец и докажан макијавелист, легендарниот Стојан Андов. Пред десет години, кога овој човек беше кандидат за претседател на државата, тој доби над 100.000 гласови. Пред четири дена, тој, како носител на советничката листа на Либералната Партија за советот на град Скопје успеа да добие само 1.710 гласови, што како политичка сила го изедначи со партијата на докторот Оровчанец (верувале или не, неговата Нова Алтернатива доби цели 1.700 гласа за својата советничка листа за град Скопје) и многу послаба од партијата на младиот Еленовски Лазар (2.605 гласа за советничката листа на СДУ за Скопје). За да биде срамот уште поголем, Сојузот на Титови Леви Сили има добиено неверојатни 5.286 гласа за советот на Скопје или три пати повеќе до ветеранот Андов.
Заклучок: гласачите конечно му покажаа на Андов дека имаат аверзија кон политичкиот курварлук што со децении го практикуваше тој.
Но, не виде само либералот Андов аверзија од гласачите. Уште покатастрофално помина стариот макијавелист и талентиран византиски играч Мендух Тачи. Неговиот „ученик“ Имер Селмани, не само што како претседателски кандидат во албанските средини (не ги сметаме Македонците што гласаа за него) грабна три пати повеќе гласови одошто кандидатката на Тачи, туку, во советот на главниот град Нова Демократија влезе со подршка од 14.092 гласачи, што во споредба со гласовите што ги доби ДПА за истата институција (2.682) е пет пати повеќе! И на ниво на целата држава, збирно НД ја доби подршката од нешто повеќе од 40.000 Албанци, а ДПА само на 30ина илјади.
Се чини дека пораката е јасна – гласачите Албанци јасно покажаа дека имаат силна аверзија кон стилот на политичко делување на Мендух Тачи.
Но, што да се каже за Тито Петковски, уште еден стар волк (или стар лисец) од македонската политичка сцена. Неговата партија НСДП доби за својата советничка листа за Скопје едвај 3.347 гласа, што во споредба со збирот на гласовите што ги добија партиите што произлегоа од неговата (ПОДЕМ и СДУ) е речиси исто, или поточно (1.576+2.605=4.181) нешто помалку. Интересно, истиот однос на добиени гласови за овие три партии низ целата држава вкупно е задржан. Онаму каде што настапи НСДП самостојно (без коалициони гласови) има добиено околу 25.000 гласови, а ПОДЕМ и СДУ збирно имаат во сите општини за своите советнички листи добиено околу 25.000 гласа.
Можеби партиите на Еленовски и Јанкуловски треба да размислат за обединување. И така и така немаат разлики во иделогијата (бидејќи и немаат идеологија, туку ги водат чисто кариеристички мотиви) а тука може да го викнат и Оровчанец, кој ќе им донесе околу 5.000 гласови на државно ниво, што неговата партија ги доби за своите советнички листи во неколку општини. Со багаж од 30ина илјадарки, кој знае колкав ќар може да извадат од пазарењето со Груевски!
Инверзија: а вистинска сензација и по таа основа инверзија (пресврт) на локалните избори направија ЛДП и ВМРО-НП. Партиите кои своето потекло го влечат од водачите на опозицијата од самиот почеток на македонската повеќепартиска демократија (Гошев е основачот на ДП, од која настана ЛДП, а Љубчо е основачот на ВМРО-НП) пред само неколку месеци беа сметани од секој релевантен политички аналитичар за мртви, а тие – со 25.000 самостојно (без коалиционите гласови од Велес и Ресен) за ЛДП и речиси 40.000 гласа за ВМРО-НП ги изненадија сите. Додуша, не и мене, оти јас во една колумна го најавив воскреснувањето на ЛДП.
Но за партијата на Љубчо Бугаринот, кој тоа можеше и да го шпекулира, а камоли пак сериозно да го предвиди? Колку многу гласови добија, тоа е неверојатно, ако се земе во предвид дека пред една година не ни учествуваа на парламентарните избори, а и на овие избори во половина од општините не се појавија оти немаа кадри таму, толкав беше нивниот пад.
Гази Баба (2.983 гласа или речиси 10% од гласовите во таа општина), Охрид (2.570 гласа т.е. 8%) и Прилеп (2.571 глас или околу 6,5%) се нивните најголеми упоришта, но тие се ништо во однос на Македонска Каменица каде што ВМРО-НП зграби феноменални 34% од бројот на важечките гласови за советничките листи. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ (47% од гласовите за советничката листа) тие ја прават Македонска Каменица најдесничарската општина во Македонија каде што СДСМ држи едвај 20% од електоратот.
За да не се случи враќање на СДСМ на власт на изборите за три години, Груевски и неговата дружина треба внимателно да ја анализираат социо-политичката и економската состојба во М.Каменица и да утврдат точно кој е рецептот за пикање на левицата во глувчја дупка и тотална доминација на десницата на политичкиот спектар.
Ако тоа не го направат, Македонија лесно може да заличи на Дебарца, каде што левите партии ја прегазија сета десничарска понуда. СДСМ таму доби 45% од гласовите, НСДП грабна 7% а исто толку лапна и СДУ. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП останаа збирно со едвај 40ина проценти во рацете.
Контраверзија: а контраверзии или „спротивни толкувања“ на изборните резултати имате колку сакате, па дури и повеќе отколку што сакате, после овие избори.
Од сите страни, практично секој политички фактор прогласи победа. Од таборот на Груевски се среќни што остварија доминација во 55 општински совети и што еден куп градоначалници добија во првиот круг избрани, а уште толку очекуваат и во вториот заедно со јаготката на шлагот – Коце Трајановски за градоначалник на Скопје.
Момците и девојките од СДСМ во изборната ноќ бурно ракоплескаа на спектакуларната победа во Струмица и Куманово, не знаејќи веројатно дека токму победата на Зоран Заев е семето на расколот кој наскоро ќе настане во СДСМ, како што впрочем најавив пред неколку месеци јас во една колумна.
Ако и Аце Коцевски и Стевчо Јакимовски станат градоначалници (што е многу реално), а знаејќи ги лошите односи што старо – новиот кумановски градоначалник ги имаше во изминативе години со раководството на СДСМ, нема да биде чудно ако поради безперспективноста на СДСМ, четирите главни опозициони градоначалници (струмичкиот, кумановскиот, карпошовскиот и велешкиот) се одметнат од своите партии и формираат некоја нова, трета опција, опозиција предводена од популарни локални лидери, докажани и наградени на избори од своите гласачи?
Токму тоа може да биде најголемата закана и за Груевски и за Црвенковски, но многу повеќе за лидерот на СДСМ оти тој нема со што да се пофали пред гласачите, а шефот на ВМРО-ДПМНЕ има барем време во наредните три години конечно да почне нешто да остварува од својата дебела програма полна со ветувања. Ако Грујо „забрља“ во тој процес, во Прилеп има еден ултрапопуларен градоначалник кој многу лесно може да се најде во фокусот на интересирање на македонските десничари.
Сега засега ова што го кажав во претходните неколку пасуси е многу контраверзна шпекулација која воопшто не е поткрепена со реални и конкретни факти, но – тоа е најубавото кај контраверзите, што понекогаш контраверзијата знае да стане токму официјлна верзија. Ќе видиме што ќе испадне од сето тоа...
продолжува..