:pos2::pos2::pos2:
Да не пукнеш ме пресмеа,да си ми жив и здрав.
Ќе се задржам на оваа изјава иако темава добила политичка позадина и сега секој со секого ќе си го мери.Сепак ова е економија и ве молам запомнете го тоа,бидејќи бате Мистик ќе ги искористи инструментите за постигнување рамнотежа на форумот
Ајде детално да ја прокоментирам изјавава,бидејќи човеков ме вади од такт со пласирање на информации за широки народни маси.
1.Бруто домашниот производ воопшто не е намален!
-Па до каде треба да се намали кога е некаде до 1-2%.Бруто домашниот производ е збир од личната потрошувачка + јавната потрошувачка + инвестиции+ (извоз - увоз).Кога ова би го знаеле,фино лепо ќе видите зошто сеуште е во позитива,бидејќи јавната потрошувачка е зголемена во земјава,личната е намалена,инвестициите се на нула,а извоз и увоз речиси нула во моментов.Значи само јавната е зголемена,удри бригу на весељу.
Иначе БДП ја мери големината на економијата,а вие пресметајте колку голема економија сме
2.Трговскиот дефицит не е воопшто зголемен!
-2008 година ја завршивме со 2,87 милијарди долари трговски дефицит,до каде треба да се зголеми?Малку да не е?Се вбројуваме во земји со најголем трговски дефицит (покриеност на увозот со извоз) веќе 19 години.
3.Платен биланс
-Заборавил министеров да го спомне

Збир од тековната сметка (која е во минус како резултат на дефицитот во размената) и капиталната сметка (која е во минус како резултат на задолжувањето на државата)
Еве вака разглобено навистина сме во 6те водечки во Европа во периодов на кризава.Благодарение на вакви изјави,населениево е во бунило,во економски процут,блаженство.
За овој народ или мотика или политика!!!