M
marsovka
Гостин
Каматите на кредитите ќе растат
Народната банка вчера ја зголеми каматната стапка на благајничките записи од седум на девет отсто, а за банките ова е сигнал да ја зголемат каматата на кредитите и на картичките
Каматите на кредитите и на кредитните картички ќе се зголемат бидејќи Народната банка вчера ја зголеми каматната стапка на благајничките записи од седум на девет отсто. За банките ова е сигнал што во нивната деловна политика ќе се одрази со пораст на каматните стапки на денарските кредити за граѓаните и за фирмите. Според гувернерот на Народна банка на Македонија, Петар Гошев, затегањето на монетарната политика се прави за да се одбрани стабилноста на денарот. За таа цел, НБМ во последните шест месеци потроши 343,3 милиони евра, а државните резерви паднаа од 1,7 милијарда на 1,3 милијарда евра. Гошев вели дека ако треба, НБМ ќе плати и поскапа цена за да се одбрани основното сидро на макроекономската стабилност - фиксниот курс на денарот. Каматната стапка на благајничките записи на НБМ е зголемена како последица на понудата на Владата за продажба на краткорочни државни записи со висока камата за да ја пополни буџетската дупка. Владата овој месец издаде три емисии на државни записи од кои прибра над 80 милиони евра. Позајмицата ќе ја враќа за 28 дена со камати од 8 до 9 отсто.Во Комерцијална банка велат дека треба да видиме како зголемената камата на НБМ ќе се одрази во билансите и колкава е можноста да се прифати од клиентите.
- Но, не ја исклучуваме можноста од покачување на каматните стапки - вели Маја Стевкова-Штериева, главен финансов директор на Комерцијална банка.Во Уни банка посочуваат дека нивна политика е да реагираат во согласност со темпото што го наметнува Народната банка и дека Управниот одбор ќе дискутира за идните мерки.За експертите, Народната банка била принудена да ја покачи каматата на благајничките записи за два процентни поена. Тие тврдат дека банките ќе го следат темпото што го наметнува Народната банка и ќе ги поскапат кредитите.
- Тоа е последична реакција на институцијата што е надлежна да ја зачува стабилноста на цените. НБМ е принудена, ако Владата отиде со камата до 8,9 отсто, да го следи тоа. Демагогија е владината декларација дека Народната банка треба да ги симне каматите. Мерката со која се служат НБМ и Владата е иста, но со различни цели. Државата продава државни записи за да собере пари да го пополни буџетскиот дефицит и со тоа повеќе да троши и да ја зголеми потрошувачката. Народната банка продава благајнички записи за да ја зачува стабилноста на денарот - велат тие.Според професорот на Универзитетот за Југоисточна Европа Мирољуб Шукарев,комерцијалните банки ќе го следат темпото на Народната банка и ќе ги покачат каматните стапки за кредитите.
- Јасно беше дека Народната банка ќе мора да го следи диктатот од Министерството за финансии и мораше да ја покачи каматната стапка за да ги привлече парите од банките. Додека секаде во светот во екот на кризата, каматите паѓаат, кај нас каматните стапки се зголемуваат. Ако сакаме да заживее економијата, треба оптимизам и ниски камати. Сега на НБРМ ќе и' треба многу повеќе енергија за да ги стабилизира цените - вели Шукарев.Гувернерот Петар Гошев вчера не исклучи дека ако продолжат да растат каматите на државните обврзници, ќе поскапуваат и записите на НБМ. Тој не сакаше да коментира тоа што Владата преку поскапите државни обврзници го финансира растечкиот буџетски дефицит.
- Неопходно е добро да се координираат мерките на носителите на макроекономската политика. Затоа е битно да се приспособи фискалната политика и да се обезбеди надворешна поддршка на билансот на плаќање - повика вчера Гошев.Тој и вчера тврдеше дека денарот нема да девалвира бидејќи тоа ќе предизвика ценовна нестабилност, нема да го намали трговскиот дефицит, а ќе го поскапи увозот на репроматеријали од кои Македонија е зависна.
Груевски: Нема потреба од итен ребаланс на Буџетот Нема потреба од итен ребаланс на Буџетот, изјави вчера премиерот Никола Груевски.
- Со Буџетот немаме проблеми за какви што деновиве обвинува опозицијата. Се разбира дека има нешто помалку приливи од проектираните поради светската економска криза, но не се во таков износ да претставуваат сериозен проблем за функционирањето на Буџетот и на државните институции - рече Груевски.Според него, најверојатно ребалансот ќе се сведе на вообичаеното донесување во јуни и октомври, евентуално малку порано, во втората половина на мај.
Груевски вели дека за првите три квартали од минатата година порастот на бруто-домашниот производ бил 5,7 отсто и очекува наскоро да го добие резултатот и за четвртиот квартал, кој, како што вели, веројатно ќе биде понизок зашто во октомври настапи светската економска криза и поради нејзиното влијание во Македонија.
Билјана Крстевска, Александра Филиповска
Линк:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FFFAD7C5AE652F45A97F42F01B5C3662
Прашање до кога влада ќе ја уништува економијата?