УАПСЕН НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА СВЕДМИЛК

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
УАПСЕН НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА СВЕДМИЛК

Според неофицијални информации Моше Баум, новиот сопственик на млекарницата Сведмилк, е приведен при обид да премине македонско - албанската граница.
B8DFC9D3DF619D479332735FDA43FF30.jpg

Не е познато дали причината е затоа што сакал да мине со рент а кар возило или по кривичната пријава поднесена од струмичкиот бизнисмен Горан Митров.

МВР поднесе кривична пријава против Баум.

http://sitel.com.mk/?ItemID=DCE1749E45770242BC09CC197F52C811
 
на А1 и Сител известија за ова
сепак е уапсен ради рент а карот не ради млекарата
 
Уапсен е поради рент а кар возилото, но уште не ми е јасно како никој не одговара и не е гонет за направениот криминал овој кој со 1 евро ја купи свед милк и направи 700 000 евра, како и претходните сопственици кои лапнаа 30 милиони евра и му ја киднаја во Шведска, и никој од двата сопственици не им исплати ниту денар на млекарите. Но по се изгледа некои прашања не заслужуваат одговор:tapp:
 
Сопственикот на млекарницата Сведмилк Баум е приведен на граничниот премин Ќафасан под сомнение дека извршил измама, издавање на чек без покритие и злоупотреба на кредитна картичка.

Баум бил уапсен во средата вечер, а според соопштението од СВР Скопје, против сопственикот на Сведмилк одделението за економски криминал до надлежното Јавно Обвинителство поднело кривична пријава.

Со неа осомничениот се товари дека во периодот од јануари до март го довел и држел во заблуда со лажно прикажување на факти одговорното лице на Рент-а-кар агенција НИ-МАР ДООЕЛ Скопје, земајќи под наем патнички возила за што како гаранција за исплата на услугата оставил слип чек од платежна картичка, иако знаел дека на истата нема доволно средства за исплата, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 295.368,00 денари.

Во соопштението се наведува дека во истиот период Баум склучил неколку договори за наем на возила, но не ги вратил навремено возилата ниту пак го подмирил долгот.

Јавното обвинителство од пред неколку дена интензивно работи на откривање на можен криминал во млекарницата Сведмилк.
 
Уапсен е поради рент а кар возилото, но уште не ми е јасно како никој не одговара и не е гонет за направениот криминал овој кој со 1 евро ја купи свед милк и направи 700 000 евра, како и претходните сопственици кои лапнаа 30 милиони евра и му ја киднаја во Шведска, и никој од двата сопственици не им исплати ниту денар на млекарите. Но по се изгледа некои прашања не заслужуваат одговор:tapp:

малку си грешка. ја кидна едниот сопственик, а вториот остана овде без пари оти и тој беше ебана странка како млекарите.
 
Предвидливо беше....
 
малку си грешка. ја кидна едниот сопственик, а вториот остана овде без пари оти и тој беше ебана странка како млекарите.

Или тоа, или пак беше поврзан со претходниот газда, ја купи фирмата за едно евро, ги распродаде огромните залихи на млеко и проба да ја кидне. Барем јас ја слушнав таа верзија на настаните. Можеби сум грешка, не знам, не сум експерт. :)
 
Политичариве крадат на големо овај сега сто зел рентакар кола и неплатил и одма взатвор ајде тоа е.
 
на А1 и Сител известија за ова
сепак е уапсен ради рент а карот не ради млекарата

Па... дури и Алкапоне ..своевремено бил уапсен за „ситен„ даночен долг..а не и за криминал од невидени размери..оти власта во Америка немала евидентни докази за тоа..
:pipi:
 
Па... дури и Алкапоне ..своевремено бил уапсен за „ситен„ даночен долг..а не и за криминал од невидени размери..оти власта во Америка немала евидентни докази за тоа..
:pipi:

Јавното обвинителство од пред неколку дена интензивно работи на откривање на можен криминал во млекарницата Сведмилк.

ај белким ќе го средат и за млекарата ... се надевам
 
Па... дури и Алкапоне ..своевремено бил уапсен за „ситен„ даночен долг..а не и за криминал од невидени размери..оти власта во Америка немала евидентни докази за тоа..
:pipi:

Во Америка власта немала евидентни докази за вмешаност на Капоне во друг криминал,ама во Македонија власта е вмешана во овој евидентен криминал штом не ги затвори оние кој проневерија 39 милиони евра меѓу кој имаше и пари од народот.:toe:
 
Најнови вести. Не е одредена мерка притвор и е пуштен на слобода. Толку од правдата. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom