На оваа тема предлагам да се пишува за ликот и делото на големиот реформатор Мустафа Ќемал Ататурк, како и за неговите односи со и кон Македонија.
Името на Мустафа Кемал Ататурк, творец на современа Турција, тесно е поврзано со Македонија. Роден е во 1881 година во Солун. Има тврдења дека неговото семејство потекнува од Коџаџик, село во дебарска Жупа. Постои и друга верзија дека неговиот татко е исламизиран Македонец и дека во Солун се доселил од областа Голо Брдо, Албанија.
Д-р Орде Ивановски вели дека додека било во Солун, семејството на Кемал Ататурк за свои први соседи и пријатели ги имал Ачковски доселени од Прилеп. Од заедничкиот живот на двете семејства интересно е тоа што Мустафа Кемал бил доен со млеко од жена на Ачковци, која истовремено се породила со неговата мајка, која немала млеко да го дои. Ататурк нема никогаш да го заборави пријателството со Ачковци и тие биле негови чести гости.
Мустафа Кемал се школувал во Воената гимназија во Битола и во Вишата воена академија во Истанбул. Учествувал во речиси сите војни што ги водела Турција во првите децении на 20 век, во Балканските војни и во Првата светска војна, како и во Националноослободителната војна кога бил врховен командант на турската армијата. Д-р Јусуф Хамзаоуглу вели дека Ататурк бил многу образован, начитан и знаел неколку светски јазици. „Од тие причини во сите места каде што престојуваше имаше свои добри пријатели од сите народи, а секако и другари и пријатели - Македонци, меѓу кои беше и професорот по турски јазик во Солунската гимназија Иван Манолов. Тој на Манолов му ги кажуваше своите идеи и планови за реформите на Османлиската Империја, како и плановите за создавање турска национална држава“, пишува тој.
Според д-р Хамзаоуглу, пред Балканските војни Кемал Ататурк предлагал промена на границите на Османлиската Империја и нејзино повлекување на етничките граници на турскиот народ и формирање турска национална држава. „Ако Османлиската Империја сама ги промени своите граници, тоа ќе го стори во своја полза и во полза на турскиот народ. Ако нив ги променат европските сили и соседните балкански држави, тоа ќе го направат на штета на Османлиската Империја и турскиот народ“, велел Ататурк, нешто што не било прифатено. Истовремено предлагал на териториите што ќе останат надвор од границите, меѓу кои се наоѓале Македонија и Албанија, прво да им се даде автономија, а подоцна целосна независност.
По Балканските војни, во 1913 година Мустафа Кемал бил поставен за воен претставник во Софија на Отоманската Империја. Од тоа време се споменува и една негова голема љубовна романса. Според пишувањето на бугарските весници, тој се вљубил во една убава Бугарка, но таа љубов немала среќен крај, зашто тој брзо морал да се врати во Турција.
(Оваа е информација е помешана со големата љубов помеѓу Ќемал Ататурк и Елени Каринте, која се одвивала во Битола за време на школувањето на Ататурк во Воената Академија )
Мустафа Кемал другарувал и со Јане Сандански, а нивното познанство започнало во времето на Младотурската револуција, кога заедно со Енвер-бег свечено го пречекал во Солун. Според Алтан Делиорман, Ататурк одржувал контакти и со претставници на санданистичкото движење во Софија: „Доаѓањето на Мустафа Кемал Ататурк во Софија во 1913 година среде Македонците создаде голема радост... Македонците се зближија и се спријателија со Мустафа Кемал, кого впрочем го сметаа и за свој сограѓанин, бидејќи тој беше роден во Солун... Од сите емигрантски организации што дејствуваа во Софија, Мустафа Кемал реши да соработува единствено со левицата на ВМРО предводена од Сандански, а која немаше никакви империјалистички претензии кон Османлиската Империја и која мислеше дека ако ги поддржува Турците, во иднина во својата борба ќе може да смета на турска помош и поддршка“, пишува Делиорман и додава дека Ататурк во Софија бил штитен од санданистите и често предупредуван за некои опасности.
Кемал Ататурк бил предлаган и за Нобелова награда за мир, а 1981 година УНЕСКО ја прогласи за Година на Ататурк. Минатата година се навршија 70 години од неговата смрт.
Исто така за големата љубов на Мустафа Ќемал Ататурк и Елени Каринте е снимен и документарен филм кој се емитуваше на неколку локални телевизии.
Во 1896 година младиот Мустафа Кемал од Солун доаѓа да учи во Битола. Едно пладне пред Велигден, шетајќи се по Широк сокак, на балконот од куќата на битолскиот богаташ Ефтим Кринте ја забележува убавата Елени, негова врсничка. Тоа се случува во 1897 година. Таа куќа се уште постои на аголот, веднаш спроти хотелот "Епинал". Таа била фатална љубов на прв поглед. Мустафа, кој бил вљубен до уши во Елени, бега во Солун сакајќи да се жени и да ја напушти Академијата. Кога двајцата отишле во Солун, мајката на Мустафа, која била вдовица ги вратила младите, назад со зборовите: "Немаме пари за егзистенција и мораш да ја завршиш Академијата, а Елени да ги праша родителите дали ќе ја дадат за тебе". Мустафа и Елени се враќаат во Битола живеејќи во колиба во сегашните Лавчанско-бруснички лозја. Избил голем скандал во чаршијата, оти ќерката на Ефтим се сака со турски кадет. Богаташот не можел да го поднесе тоа, па за да го скрие срамот, на својот калфа му дава една торба злато и му купува куќа во Лерин и заедно со Елени ги трга подалеку од погледите и сеќавањата на битолчани, кои до ден-денеска не ја заборавија таа голема љубовна романса.
Подоцна Кемал заминува во Турција станува најголем војсководец и творец на модерната држава по што го добива името "Ататурк татко на нацијата" и умира на 57 години. Елени доживеала длабока старост и умрела на 80 години во Лерин, каде што е погребана. Тие никогаш повеќе не се сретнале.
Кратка Биографија:
Мустафа Кемал Ататурк (
турски:
Mustafa Kemal Atatürk) е основач и прв претседател на
Република Турција од
1923-
1938 година.
Роден е во
Солун на
12 март 1881 година во турско семејство. Татко му бил член на месниот орган за зачувување на општествениот ред и сигурност, секретар на месните доброволни организации и трговец.
Ататурк учи воено училиште во родниот град, а подоцна во
1895 година и воена академија во
Битола. Уште како млад офицер станува голем критичар на
Османлиското царство Во текот на
Првата Светска војна е командир на девизија, која успешно дејствува во
Галиполи против
сојузничките сили од
Австралијанци и
Новозеланѓани. Потоа оди во
Кавказ и
Сирија. Во мај
1919 година ја објавува националната револуција во
Самсун, и организира иницијатива против разделувањето на Турција, а особено обидот на
Грција да ја заземе
Смирна и околината околу неа. Победaта над Грците во септември
1922 година, му дозволува на Мустафа Кемал да го ревидира Севрскиот мирен договор од
1920 г. преку
Лозанскиот договор од
1923 г. и да добие контрола врз
Цариград.
На
23 април 1920 година формира привремено управителство во
Анкара. Неговиот режим официјално ја зазема султанската власт во ноември 1922 година, а единаесет месеци подоцна ја прогласува Турската Република, при што Мустафа Кемал станува прв претседател. Во март
1924 година ја поништува традиционалната
религиозна институција - Халифата, што дозволува Турција да прерасне во светска држава. Во
1935 година го додава презимето Ататурк - „татко на Турците“. Управува како лидер до својата смртта во
1938 г.
Поздрав и ќе ве молам без оф топик коментари:helou: